Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: antonio@arsenal on 29.04.2010, Thursday, 14:51:13
-
Сега сум 2ра година и се ближи времето кога треба да избериме изборни предмети за понатаму е сега јас по се изгледа дека ке одам на технички факултет во Битола и ако има некој кој бил на мое место нека пиши што избрал како најлесна варијанта и се запишал на овој факултет
-
што предмети имаш на избор ?
5 би требало да се неколку стручни физика и математика колку што знам
е сега треба да видиш и другите што ќе изберат пошто група од 1 човек не се прави :D
пр. кај нас во класот сите се на пракса и пола одат физика пола одат математика ;D
-
Јас имам избрано математика и програмирање C.
-
математика+пракса ;)
-
јас така избрав :D
-
Таа математиката мноогу лошо ми оди а иначе јас би избрал Физика и нешто друго ама што ???
-
Јас имам избрано пракса и физика,иначе јас на почеток имав пракса и ел.сколпови уреди ама не имасе многу за на ел.склопови и не мозесе да се формира група и отидов пракса и физика.Моја препорака пракса и програмирање.
-
Тууу јбг па и тоа програмирањето е лошо нез како е во 3та ама сега засега лошо е а на пракса што се работи и кој би ми предавал?
-
Програмирање можеш било кога да научиш и сам, не е нешто ептен комплицирано, за да можеш да вежбаш програмирање ти треба само PC и ништо друго. Со праксата ќе стекнеш многу искуства за кои ти требаат повеќе алати и уреди кои можеби (најверојатно) и ги немаш дома, така да, мене ако ме прашуваш јас би избрал пракса ;).
-
Пракса и Програмирање ке одберам што мислите дали со ова ке можам да се запишам на технички факултет во Битола ???
-
Па најверојатно да, мада не е лошо да прашаш некој што веќе се запишал и знае точно како идат работите таму. За во Скопје на ЕТФ ако се запишуваш, би ти рекол да избереш Математика и Пракса, не ради друго, после со Математиките на факултет ќе си имаш проблем (како што имав јас) и тешко ќе ги положиш, а програмските предмети, верувај за максимум две недели се учат ;).
-
Програмирањето за влез на електро го научив за 5 дена, а претходно незнаев ништо од програмирање бидејќи средно учев општа гимназија, додека математиката книга не фатиб бидејќи ми одеше феноменално математика гение сум за нејзе.
А сега ги знам и Ц, Ц++ и Јава, а завршив Електроенергетика и управување :)
П.С. Според мене програмирањето е лесно да го научиш и нема потреба да го бираш како предмет. Јава незнаев ни а ни б до пред 3 месеца, но поради тоа што морав да му објаснам на колега од американ колеџ како се програмира седнав и ги научив работите за 1 недела и потоа му објаснив на колегата пошо мораше да полага. Инаку го положил после недела дена од кога му објаснив :)
-
Јас одбрав пракса и програмирање.. Учење хардвер + софтвер, знам дека за на факултет ќе ми треба математика, ама и баш не ми одеше најдобро, па одбрав предмети кои ќе ми се најдат за во иднина..
-
И јас исто :)
-
Епа ај со среќа нека ви е изборот ;).
-
Све само математика не :D
-
јас имам избрано пракса и математика!!Незнам зашто викате "не математика" но математика е темел на електрониката,јас ќе одам на ФЕИТ па затоа математика.Несакав физика дека ме нервира тој предмет. ;D
-
Јас не ни знам дека може да го избирате математика, ако планирате да се запишувате на некој технички факултет, дефинитивно земете математика, ќе ви треба ;).
-
јас сум математика и пракса :)
-
Така е!! ;D
-
Кај нас направија глупости со распоредот на часови, лани имавме 3 часа неделно математика, а сега ако одбереш математика изборна, ќе имаш 4 часа, ако не, само 2, барем да си останеше на 3 часа, глупости.. Јас одбрав пракса наместо математика, мислам дека повеќе ќе ми се најде пред факултет, не дека ја мразам математиката, знам дека математиката ќе ми треба за на факултет.
-
ок,твој избор но јас имам пракса 8 часа неделно!! :o
-
и јас имам толку ( добро со се изборна и не ги држиме сите 5-6 држиме негде)
друго како само еден предмет избра ?
дека кај нас 2 се избираа ?
-
не,ја одбрав математика и пракса!!Пракса изборна имаме 2 часа и математика исто,се на се 4!!А пракса(редовна) имаме во среда (вчера) и не пушти на 4,а пракса изброна имаме понделеник таа професорката е многу строга!!!
-
ние редовна и изборна пракса имаме во еден ден, и тоа во петок :)
а за годинава инаку по пракса учиме, наоѓање и отстранување на проблеми кај електронски уреди
ТВ, Видео ( двд дека нема видео ), радио, засилувач ...
ќе правиме мини телефонска централа, ќе работиме на развојнава околина од микроелектроника ( EasyPIC6 ) и тоа е со фул опрема негде 3-4 плочи се :)
друго појма немам шо ќе правиме, најверојатно некоја мини вежба ;D
-
ајдее,супер.Да биде и кај нас така да се учи на Easy PIC6 дека и јас имам па ќе ги водам ;D 8) Нас ни рекоа пракса оваа година ќе учиме за миксети,појачала и ред др. работи
ПС.Јас сега сум трета ако биде така до година како кај вас супер ќе биде!! :P
-
Јас одбрав пракса наместо математика, мислам дека повеќе ќе ми се најде пред факултет
Ако се запишуваш на технички факултет (особено електро), мислам дека не си направил погрешен избор :S, јас знам кои маки ги имав со математиките во прва и втора година на fax, а и јас завршив средно стручно (ПТТ, Владо Тасевски во Скопје) и знам колку учевме математика, иако бев еден од најдобрите по математика во средно, немаше шанса да се споредам со „Корчагиновци“ и „Каревци“, особено со „Корчагиновци“, а верувај дека на fax (ова мислам на електро) не се обрнува толку внимание на пракса колку што се обрнува на теорија, тоа од искуство ти го кажувам ;). Да не претерам, ама 95% е теорија, само 5% е пракса :S, нажалост :S.
-
вака сега мене незнам како ама мене и теорија и пракса ми иде!!Теорија мислам да решам задачи,но математика сум камен!! ;D ;DНезнам како тоа но електротехника имав 5 цела година (само на почетокот две 4-ки) исто така сега имаме пракса и еден од најдобрите математичари (од клас) ми вика да му решам задачата!! 8) изгледа математиката ја учат на памет!!
-
Денес имавме пракса, за прв пат оваа година (минатата недела се погоди Бајрам во четвртокот) и имавме пракса во најопремениот кабинет во Македонија, како што кажуваат професорите. Ми се допаѓа тоа што сè си е цакум-пакум, ништо не смее да се чкрта, а камоли гребе. После наставата сè подредуваме како што беше и си одиме. Како што разбрав нема да се занимаваме со лемење и слично на училиште, ама дома, тоа не ми бега ;D. Но затоа ќе програмираме PLC-ња и тоа што ќе го учиме ние оваа година, ќе го учат „математичарите“ (тие што одбраа метематика наместо пракса) во четврта година.
Не ми е јасно како може луѓето да не знаат што е РЕЛЕ?! Професорот извади едно реле и прашува што е ова и јас велам реле. Прашува сите знаете како работи и зошто служи, јас одговорам да, и еден вика, да, шо да? Сега од 16 души на електро струка, само јас да знам ич не ми е јасно. Сега не дека си ласкам ама глупаво е тоа, по 3 предмети учевме.
Се извинувам ако забегав надвор од темата.
-
а програми ќе пишувате за ПЛЦ-та или само на ПЦ ќе ги поврзете,програмирај и терај брате!!!Исто така нема да ви даде некоја вежба,некое појачало,предпојачало?? :)
ПС.Нас вчера (исто прв час) кога почна на таблата да пишува се утепавме од пишување!!
-
јас имам избрано практична настава и аналогна електроника,мене највише ми лежат. ;D
-
а Влатко практична настава (изборна) правевте тестови во 3година??
ПС. Ќе идете на натпревар со Дарк??
-
тестови не правевме.туку неколку склопови а за натпревар мислам дека ке идеме ама сеуште не знаеме со што.
-
пак заедно со Дарк или ти нешто посебно ќе правиш????
-
па се надеваме дека со посебни склопови ке одиме.