Author Topic: CNC Машина  (Read 32658 times)

Offline krvavizmaj

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
  • Gender: Male
Одг: CNC Машина
« Reply #75 on 05.01.2014, Sunday, 23:21:33 »
За вретена, има една фирма, металкеј, во трубарево што треба да произведува трапезоидни вретена. Порано кога им беше активен сајтот имаше спецификации за вретената што ги произведуваат по DIN 103 стандард. Јас немам зборено со нив директно ама може да видите што е специфицирано во DIN 103 и да прашате кај нив.

Offline angelko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: CNC Машина
« Reply #76 on 03.02.2014, Monday, 23:09:19 »
 Бидејќи сум нов во темава ве замолувам да ми кажете како да се справам со следнава проблематика: земам постоечки арткам модел и го внесувам во програмот (секако-арткам) и му ги задавам параметрите за да го изработи (материјал сетап, алатните патраметри...) и потоа го конвертирам во г-код. го превземам во работната програма на машината (не е мах туку цнц јуесби моушн контролер) ја поддесувам почетната позиција на фрезерот (бургијата) и место да го направи „она“ движење: нагоре па во материјалот со почетниот степ даун тоа првин оди во материјалот, а потоа оди на горе и „длаби“ во воздух. Каде ја правам утката? Во задавањето на параметрите ли? За тој што ќе ме спастри не е само резервирана благодарноста „унапред захвалнми“ туку и велешка пастрмајлија и црно тиквешко :)
ПС Жан, тоа твоето ЦНЦ Квазимодо :) е фантастично функционално. Респект за проектот

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: CNC Машина
« Reply #77 on 03.02.2014, Monday, 23:34:29 »
Пробај да ја инвертираш з-оската, доколку има таква опција во арткам, пред да генерираш г-код.
Жан

Offline angelko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: CNC Машина
« Reply #78 on 04.02.2014, Tuesday, 10:50:22 »
Жан, не знам што точно подразбираш под „инвертирање на з-оска во арткам“ но сите опции на з-оската во арткам ги пробав барем по десетина пати.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: CNC Машина
« Reply #79 on 04.02.2014, Tuesday, 18:30:38 »
Не го познавам добро програмот арткам, но мислев ако има опција за инвертирање на Z-оската, да ја искористиш таа опција, па наместо нагоре, да се движи надолу.
Инаку, ништо не кажа за твојата машина, дали е фабричка или правена, дали си ја користел претходно без проблем, дали имаш проблем само со овој арткам модел?
Жан

Offline angelko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: CNC Машина
« Reply #80 on 05.02.2014, Wednesday, 15:21:53 »
                 Машината ми ја направи мајстор од Скопје, ама пред тоа имаше една одисеја. (на еден друг мајстор му дадов аванс, комплетниот износ, па цела година беше држ-не дај, на крајот ми ги врати парите, а поучен од искуството бев уште на неколку продавачи и мајстори но со мојот веќе „стекнат инстинкт“ не си фатив работа со нив. Во меѓувреме ги научив механичките и електричните компонменти (освен електронските и софтверските)  за квалитет и оптималност, па така да со последниот мајстор (дефинитивно човек на место) лесно ја прецизиравме проблематиката. Ставив мотори со торк 8, навојните вретена се со највисока цврстина и прецизност исто така и линеарните отворени лагери и осовините. Инверторот на фрезата ми е италијански. драјверите за степовите се канадски, а драјверот за работната програма американски. Затоа што по форумите а и мајсторот ме советуваа дека тоа не се купува од Чајна г‘рл. Е, да фрезата ми е кинеска 1600 вати, 24000 вртежи, но тие фрези се покажале како многу квалитетни и издржливи. Се во се, имам еден многу квалитетен производ. Згора на сето мајсторот стави и заштитници за да не се меша сигналот, контактори за превенција на движење,а преносот од степерот до вретената е со запчаници и каиши. Брзината е 7000мм во минута, но секако дека се менува во зависност од големината и рељефот на моделот. Кога сме веќе кај деловиве да кажам дека на форумов сретнав дека некој го спомна „Лагертон“ од Ниш, но јас знам за фирма од Бугарија (Софија) која истиот квалитет го продава за скоро 50% поефтино, па доколку некој е заинтересиран нека ми јави за да ја побарам адресата, линкот (впрочем и механичките делови на мојата машина се од таму)...
           Значи, Z-оската се среќава на неколку места во арткамот при подготовка за работа. и секаде експериментирав и никако да ја управам работата. Има некоја финта која не ја знам, и после пробните модели машината ми е во својство: „да го личе дуќанот“. И уште една работа, значи оној машинскиот програм кој јас го имам (CNC USB motion controller) е барем 400 години понапред од Mach, е сега, тој си бара посебна електроника, ама еве еве предизвикувам, кој сака нека дојде кај мене да види колку е пријателски расположен со корисникот, а е евидентен, ти покажува на моделот точно каде се наоѓаш за да можеш да правиш тековни корекции (забрзување, успорување...) доколку имаш потреба од тоа.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: CNC Машина
« Reply #81 on 05.02.2014, Wednesday, 21:14:29 »
Според ова што го кажуваш, имаш направено одлична машина. Претпоставувам дека имаш вложено повеќе од 2000 евра. Ако си во можност, стави некоја слика, баш би сакал да видам како изгледа.
Жан

Offline angelko

  • Нов член
  • *
  • Posts: 4
Одг: CNC Машина
« Reply #82 on 06.02.2014, Thursday, 12:34:55 (Edited 07.02.2014, Friday, 12:45:18) »
Машината ме чини околу 3000 евра (сите нејзини компоненти без рака за мајсторот). Немам фотографии, но денес ќе направам и час поскоро ќе ги ставам. Но ако некој сака може да дојде кај мене во работилница (во Велес) , па да пиеме кафе и да размениме искуства. (Патем, проблемот со Z-оската го решив и сега машината пичи како џорната :) )


Споено мислење: 07.02.2014, Friday, 12:45:14
Една корекција- машината не ме чини нешто повеќе од 3000 евра како што претходно напишав, туку
(откако направив детален ребаланс на буџетот :) ) нешто повеќе од 2500 евра (секако без вреднување на мајсторскиот труд). 
Хоризонталното навојно вретено не е од двете страни фиксирано во лагер затоа што при мали и средни должини на навојните вретена доаѓа до правење на „мев“ на средината од вретеното и затоа е препорачливо да биде флексибилно, со тоа што единствениот лагерот на кај што лежи вретеното е од оние кои имаат одредена толеранција.

Offline DS

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 104
  • Gender: Male
Одг: CNC Машина
« Reply #83 on 26.06.2014, Thursday, 21:17:46 »
@Zan колку те кошташе твојата CNC машина? :)
loading...

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: CNC Машина
« Reply #84 on 27.06.2014, Friday, 08:55:20 »
Не знам точно, околу 300 евра.
Жан

Offline vladoh

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Одг: CNC Машина
« Reply #85 on 17.07.2014, Thursday, 17:48:57 »
Ангелко, кажи ја фирмата од Бугарија

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: CNC Машина
« Reply #86 on 17.07.2014, Thursday, 22:54:56 »
Вакви работи пишувај му на пп,инаку ке го сметаме за реклама,што не е дозволено! 8)

Offline tooose

  • Нов член
  • *
  • Posts: 2
Одг: CNC Машина
« Reply #87 on 17.03.2015, Tuesday, 00:35:14 (Edited 17.03.2015, Tuesday, 00:37:44) »
Нешто како цнц али микро варијанта,
со ардуино и шилд на адафрут со два двојни х бриџа,
конструкцијата е од флопи дискетна единица, работна површина 15х15мм
Code: [Select]
https://plus.google.com/101922326319868672300/posts/Fe4dXK5zGe3

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Одг: CNC Машина
« Reply #88 on 16.08.2017, Wednesday, 18:20:15 (Edited 17.08.2017, Thursday, 03:29:21) »
Оваа е мојата CNC машина којашто ја купив неодамна, има работна површина од 20цм на 30цм со висина од 5цм. Денеска ми пристигна сеуште ја немам тестирано, кога ќе ја тестирам ќе пишам впечатоци ;D


Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Одг: CNC Машина
« Reply #89 on 16.08.2017, Wednesday, 19:05:42 »
Од каде и по која цена ?