Јас скоро низ целиот дом ги сменив сите сијалици со вакви сијалици и од досегашното мое искуство, можам да го заклучам следново:
1. Ако веќе сакате да заштедите струја и пари, подобро ставете си вистински неонки, ама не со електронски стартер, туку со трансформатор и со обичен стартер, далеку поиздржиливи се и далеку поголем век на траење имат. Нема да заштедите струја колку што ќе заштедите со CFL-ките, ама затоа пак нема да се утепате од фрлање пари за CFL-ки, кои коштаат и по 200 денари (PHILLIPS-овите на пример, што имаат поквалитетни компоненти во нив, а за 25W-ните имаат ставено и ладилници на транзисторите), на секои 3 или 4 месеци.
2. CFL-ки се исплати да се користат но само на места каде што постојано свети сијалиаца, на пример, дневна соба, детска соба, работилница, итн. Значи места каде што ја пуштате сијалицата и свети цела вечер, или барем еден час континуирано. На места каде што повремено пуштате сијалица, како на пример WC или купатило (кај мене се одделни WC-то и купатилото), не се исплати. Сум забележал дека колку почесто и се прави на сијалицата пали/гаси, толку побрзо „прегорува“ (не прегоруваат, туку им се случува истиот ефект како и со неонките, со брзо палење и гасење на сијалицата најверојатно гасот станува „инертен“ на високиот напон на неговите краеви и веќе не може да влезе во екстирана состојба и да проведува струја, туку само трепери или малку тлее). Нитуедна од тие на мене што ми „прегореа“ немаше изгорена електронска компонента, сите беа исправни, но поради константното пали/гаси, гасот престана да проведува струја :S.
Значи како заклушок на погорекажаното, јас се откажав од CFL-ки, освен во дневната, во мојата соба, трпезаријата и кујната (бијдеќи и кујната ни осветлува дел од дневната, па скоро цела вечер е пуштена и онака), и тоа квалитетни PHILLIPS-ови од по 25W (бидејќи претходно во мојата соба и во дневната имавме 150W-на сијалица, а 25W-ните даваат приближно иста осветленост како и 150W-ните сијалици со жаречко влакно). На сите останати места во станот (ходници, WC, купатило, лоџија, шпајз) имам ставено 25W-ни сијалици со жаречко влакно. Признавам дека слабо се гледа, ама колку за да се избањам или за да можам да видам што треба да земам од лоџија или шпајз, доволно ми е осветленоста, истото важи и за WC-то (не ми треба кој знае колку светлина за да видам каде ми се наоѓа тоалетната хартија
). Јас барем така го решив проблемот со осветлувањето кај мене дома
.