внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња
Хммммм, не зум го знаел ова, а си го пробувал ова со сите стабилизатори од целата серија или само со стабилизатори до 7812, зашто јас користам 7818, можеби нема да грее толку 7818, мада ќе пробам и ќе видам
. А за 7809 сигурен сум дека ќе грее бааги, тоа знам, и јас сум пробувал :S.
за да не ти грее 7809 можеш влезот на 7809 да го поврзеш на излезот од 7818 за да има помал влезен напон и со тоа ке грее помалце...но така само ако уредот не влече многу голема струја... ти текнува на што мислам или треба да цртам???
И тоа е можна опција, ќе видам колку ќе грее стабилизаторот, ако грее премногу 7809 ќе му ставам прво ладилониче, ако пак многу грее, ништо, ќе ја пробам и таа варијанта
, па ќе видиме тогаш колку ќе грее 7818
.
интересно, а каде може да се најде информација кој 78ХХ на која волтажа смее да се уклучи?
За 78XX серијата од 05 до 18 важи дека максимален влезен напон може да им биде 35V (ова можеш да го прочиташ во datasheet-от), а за 24 (7824) важи дека максимален влезен напон може да биде 45V (мада кај различни производители различни вредности сум прочитал за максималниот влезен напон на 7824, тие што се на ST мислам дека имаa 40V максимален влезен напон). Истото важи и за 79XX серијата само што максималниот влезан напон им е негативен
.
стави ладилник
Тоа планирам обавезно да го направам, и да не греат премногу, сепак, им се продолжува работниот век со подобро ладење (иако од искуство морам да кажам дека се скоро „безсмртни“ овие стабилизаторчиња
).
Ако ја направиш и монтажната шема како електричнава мора да работи и да го добиеш тоа што сакаш
Значи кратко речено исправна ми е, фала многу
, јас евентуално се мислев да не има некој проблем тоа што 7809 и 7818 се врзани со влезовите на ист rail, да не треба да има некој „спрежен“ елемент меѓу нив, или нешто така, па затоа и прашав
. А инаку да, планирам да ја правам монтажната според електричната шема, само што се ќе биде изведено на едно PCB, нема да има посебен дел за напојувачката секција.
внимавај 7809 на 21V почнува прилично убаво да грее, испробано ми е
стави ако треба уште еден регулатор, или стави подобри ладилничиња
Се зависи од Термичката отпорност на ладилникот спрема околината и дисипираната моќност, а за греењето најдобар совет е нека проба, па ако задоволи арно а ако не нека става онолку голем ладилник колку што му треба.
И јас така мислам, ќе видиме колку струја ќе влече уредот, ако не влече премногу (што не верувам да „влече“ повеќе од 700mA, 800mA, мада и оваа вредност мислам дека е малку предимензионирана), мислам дека нема да има преголем проблем со греењето на 7818, a 7809 мислам дека ќе грее малку повеќе од што треба, ама како што реков, мислам декка нема да биде преголем проблем
. Како и да е, се ќе иде на тест база, така да ќе видиме како ќе се покажат „на терен“ стабилизаторчињата
.