... го препознава како отворена врска и свири.
Свири ако детектира краток спој (условно кажано... ќе објаснам
), а не ако е отворена врска
.
Инаку, краток спој, барем за повеќето дигитални инструменти е било која отпорност под (од прилика) 50-тина оми (зависи од инструмент до инструмент... не мора да значи, имам еден кој почнува да свири на 10-тина оми, друг кој свири уште на 40-тина оми... зависи од дизајн и софтверот што го користат
). Затоа ти пишав да мериш, ама на волку ниски отпорности, барем со дигитални инструменти, мерењата траат
. Не е само стави го, почни да пиштиш, ставен на Auto, извади мерните сонди после секунда две, последна отчитана вредност е 120Ohm-и. Чекај, ќе почне да паѓа уште ќе видиш
. Ехеее, имало мерења на ниски отпорности, и по 30 секунди, и по минута сум ги правел
. Пишти, вришти, цела минута, ама... ј*бига, што да правиш, тешко мерат прецизно ниски отпорности овие петпарачниве дигитални и им треба време додека ја исчитаат реалната вредност
.
Ама моторот со стариот кондензатор си работи сега за мерак!
По правило (како порано се правеа работите), стартната намотка се
гаси (отфрла од употреба во колото) со помош на еден PTC отпорник врзан во серија со кондензаторот и стартната намотка (најчесто поставен меѓу пинот за кој се врзува кондензаторот за стартната намотка). PTC отпорникот почнува да грее, отпорноста расте драстично што практично, од гледна точка на моторот, значи дека стартната намотка е исклучена од колото. Да, не е добро да работи стартната намотка додека работи моторот, и да, тоа може да доведе до загревање на целиот мотор.
Да бидам искрен, и ова не е сосема точно, пред да се користат PTC отпорници се користеа еден вид на биметални термостати. Биметалот загрева поради струјата која тече низ него, по некое време загрева доволно за да се одлепи од контактот, се одлепува и останува така. Е сега, зошто останува така, а не се враќа во позиција... ми требаше време за да го сватам ова
. Јас имам видено да се применуваат два методи, од кој едниот е комбинација на отпорник (практично, мини греач, за да го држи биметалот во позиција) со биметал, а другиот... многу попрост
, ја користеше топлината на моторот за да остане во таа позиција
. Кога термостатот на фрижидерот ќе го изгаси моторот, моторот се лади и биметалот се враќа во позиција за палење (да биде во функција стартната намотка). Се разбира, биметалот беше поставен многу блиску до моторот
. Ако не е поставен блиску, не функционира системот
. Си кршев глава јас со ова ден или два, после сватив, ама не можеше да се монтира системот со биметалот блиску до моторот, беше скршен држачот при транспорт и му ставив еден PTC наместо целиот тој комплициран електро-механички систем
.
Ама тебе ти треба само за тест проба
. Не е проблем ако стартната намотка работи само кратко, додека земе залет моторот, а толку ти треба за тест проба, дали навистина работи моторот како што треба или не. Поентата ми е, не ти треба ни компјутер, ни PTC отпорник за тест проба, само го пушташ во работа, почнува да зема замав и толку
. Ако веќе сакаш да знаеш колку и дали грее (при континуирана работа), извади го контактот преку кој е врзан кондензаторот за моторот откако ќе земе замав моторот, и онака нема потреба веќе од него, таа намотка се користи само за старт, за да го замавне моторот со доволен момент на сила во правилна насока, толку
.
Пијачка, борчам на сите кога ке идете накај Крушево!
И после, комбиниран труд и време на сите, плус пијачки за сите кои одговараа во темава... па за тие пари, нова машина ќе земеше
.
Ама ако, интересно е, се учи нешто ново, не е муабетот само во тоа колку нешто чини
.