Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Напојувања => Topic started by: MKD-Boy on 19.03.2021, Friday, 10:05:40
-
Здраво, и живо на сите.
Вака, имам полно алати кои работат на батерии односно се повеќето со Никел Кадниум келии.
Е сега имам јас нешто ,,Литиум келии" односно келии од лаптоп батерии во супер состојба.
Барав по Јутјуб и Гугл, ама не најдов нешто како шема или солуција со која би изградил некоја плочка/електроника, која би почнала литиумска батерија од 20 Тина волти, со некој 2/3 Ампери..
А овде, не можам нигде да најдам, заштитна плочка за литиум батерија.
-
Литиумските батерии од лаптопи не се баш исти со оние за алати, не можат да дадат толкава ударна струја, една бушилица на пр. при старт може да повлече и над 20А.
Ако сакаш да експериментираш најдобро да си нарачаш готова BMS плочка според своите потреби (бр. на ќелии, напон...) од али или ибеј.
-
Она што пиша LordZi. Нарачај си готови плочки, ги има со контрола за полнење и празнење, со се комплет ;). Има шеми, ама не се исплати да ги правиш, готовите плочки се прилично евтини (по 2, 3 долари од плочка).
-
Да се чудиш, ама една бормашина, одлично работи на келии од лаптоп..
Па затоа реков, Дане има некој идеална некој подруг начин да се полнат батериите, со некој/некаков поинаков полнач или некоја електроника.
-
За работење ќе работи, ама колку ќе траат тие ќелии ако ги цедиш така е друго прашање... :)
Нарачај си BMS и не пробувај да полниш литиумски батерии исто како обични пошто може беља да ти направат.
-
ќе почне да ги црка батериите по 5-6 полнења. Не е за џабе хилти 300 евра батерија :S едино барај бмз 30А, но имај предвид дека и батериите треба да ја поднесат таа стуја ( или пробај со врзуваењ во паралелеа) и дека батериите НЕ смееш да ги лемиш. Има „лежишта“ за батерии, сосем се ок, пробај со ними 4х4 или 4х5 ќе тера.
-
...и дека батериите НЕ смееш да ги лемиш.
Зошто да не ги леми? Јас ги лемев, супер излегоа ;). Само треба да пазиш, да не го држиш долго леткумот, инаку, нема проблем ;).
-
...и дека батериите НЕ смееш да ги лемиш.
Зошто да не ги леми? Јас ги лемев, супер излегоа ;). Само треба да пазиш, да не го држиш долго леткумот, инаку, нема проблем ;).
Ја ги по*бав xD им го кратиш векот и да не прегорат во моментот. Или ептен да си вешт.
-
Убаво чистење на лемните точки, добар флукс и калај и кратко лемење. До сега сум немал никаков проблем со 18650 батерии.
Побитно е да има контролерче за заштита од преголемо празнење или полнење.
Јас ги користам овие контролери и одлично се покажаа.
(https://i.imgur.com/dEd5Ywi.jpg)
-
Како што кажа krema, кратко лемење и одма после тоа допирање на лемот со влажно (не утоп мокро) крпче или сл.
Ако рециклираш батерии од лаптоп, тие се веќе споени меѓу себе со лимчиња, сечи ги лимчињата на пола да остане парченце на секоја батерија и после може да лемиш жици на нив без опасност од прегревање.
-
тие се веќе споени меѓу себе со лимчиња, сечи ги лимчињата на пола да остане парченце на секоја батерија и после може да лемиш жици на нив без опасност од прегревање.
Буквално така и правам.
edit:
Би додал дека контролерот од погоре работи со максимално полнење од 1000mA на батеријата, но со помош на R3 амперажата може да се намали според следната таблица.
(https://i.imgur.com/SPzChwR.png)