Македонски форум за електроника
Електронски уреди => Компјутери и галантерија => Topic started by: DX-er on 06.02.2021, Saturday, 09:00:12
-
Интересна идеа, како да се искористи стар модул:
-
Да, повеќето имаат поддршка за USB, само што работат на 3.3V, така да, ќе треба и стабилизатор да ставиш.
Јас изнакупив еден куп онакви мали USB Wi-Fi dongles од eBay уште пред некоја година, по 0.2 долари беше еден :P :D.
И многу ме нервира што вака на YouTube ќе стаат клипови, а ни шема ќе стават, ништо ::)... во конкретниов случај, нема ни во description линк за шема или било што друго ::). Само линк до спецификациите за Mini PCI Express и социјалните профили на дечково... кој и да е ::).
-
Woooow давај линк, баш сакам да порачам од тие. Или ако некое ти е вишак да ти го купам. Како си задоволен од нив со оглед дека цената им е екстра ниска? Веројатно се 802.11b/g ?
-
Како си задоволен од нив со оглед дека цената им е екстра ниска? Веројатно се 802.11b/g ?
Меех... бркаат работа :P :D. Ако ти е во иста соба рутерот со dongle-от, нема проблем. Соседни соби - можно е да има мали проблеми. Соседни соби, ама одвоени со бетонски ѕид или армиран бетон - нема шанси. Ќе се конектира, ама ќе паѓа цело време, едвај на две цртки ќе држи.
Добри се за околу 70% од потребите... некако така би ги дефинирал :P :D.
Да, b/g се... можно е втората тура што ја нарачав да беше b/g/n (не беа истите чипови), ама сигурно не се b/g/n/a ;D.
Инаку, еве ги, ама не знам зошто волку скапи се сега ???. Јас ги земав доста поевтино, некој bundle беше, 10 комада првиот пат купив, вториот 5 комада... не сум сигурен за цената, ама под долар беа 100%... максимум едно да беше по $0.5, ама не верувам дека повеќе од тоа да беа.
https://www.ebay.com/itm/224247404551
(https://www.mediafire.com/convkey/bdba/vnb318i0pv7d5x4zg.jpg)
-
Еве, направив шема ;)... бидејќи во description авторот никаде не ставил линк до шема ::).
(https://i.imgur.com/JcXmtG0.png)
-
Навистина мн. поскапеле и не само овој предмет.
https://www.ebay.com/itm/114296759752
(https://www.mediafire.com/convkey/81bb/66oj3q61l5apgy3zg.jpg)
Јас вакво користам мислам пред околу 4-5 години го купив околу 2$, имам интернет со 30mb download брзина а преку wifi адаптеров некаде 15-25mb според speedtest сајтовите. Имам пробано адаптерот да го ставам на повисоко место со продолжен усб кабел и сигналот се зголеми малку.
-
@DX-er фала на идејата, имав вишок Wi-Fi модули од лаптоп и малце слободно време, па го изработив со ситна модификација:
(https://i.imgur.com/nELNW6r.jpg)
(https://i.imgur.com/hfWhVuU.jpeg)
-
Не разбрав, дали кај сите модули е исти пинаутот без разлика за кој вифи чипсет станува збор?
Не дека ми треба ама може да се обидам да го направам и јас. :)
-
Без разлика на чипсетот, доколку се работи за Mini PCIe картичка пинаутот е исти.
-
Еве што ископав по дома, ваљда се исправни :)
Се надевам дека ќе успеам. ;)
Уф, ќе треба да побарам и стабилизатори за 3,3v.
Broadcom DW1390
(https://i.imgur.com/LnaDhSh.jpg)
Atheros WN6302A V03
(https://i.imgur.com/u1I6SEu.jpg)
-
nmitreski, нема на што. Мене ми е особено драго кога ке видам некој да се заинтересира за одредена тема, го направи проектот, фотографира и објави на форумов. Уште повеке ке бидам среќен доколку проектот е успешно функционален и корисникот е среќен. Исто така Гига со својата објавена шема за поврзување на WiFi слотот со USB конектор допринесе за полесно завршување на проектот.
-
Еве што ископав по дома, ваљда се исправни :)
Broadcom DW1390
Добар чипсет ;).
Исто така Гига со својата објавена шема за поврзување на WiFi слотот со USB конектор допринесе за полесно завршување на проектот.
Ја правев шемата пред се за да не морам да правам screenshots од видеото ако планирам да го правам некој ден ова ;)... а планирам ;).
-
Имам неколку прашања. :)
1. Дали е доволно плусот да се донесе до пин 52, или дополнително да се направи loop меѓу пин 24 и пин 2 како во видеото, „или“ :) да се доведе директно на сите три позиции 3,3v?
2. Истото прашање за GND, инаку претпоставувам дека доволно е GND да се донесе само до шасијата како во видеото и ќе има насекаде GND?
3. C2 и C3 Дали се неопходни или се опционални во шемата (вероватно е подобро заради подобро филтрирање на напонот)?
4. Дали да експериментирам со додавање на 1К на data+ и data-? Не го разбирам доволно објаснувањето!?
5. Дали да барам стабилизатор по постари MB плочи, вчера не успеав да најдам на една плоча од малку понова генерација, или можеби имаше некои ознаки кои не се вклопуваа со дадените примери во шемата. :)
Добар чипсет ;).
Овој е од некој DELL лаптоп а другиот Atheros е од постар Fujitsu Siemens. ;)
tnx
-
1. Дали е доволно плусот да се донесе до пин 52, или дополнително да се направи loop меѓу пин 24 и пин 2 како во видеото, „или“ :) да се доведе директно на сите три позиции 3,3v?
Тој на пин 24 е 3.3V Aux (што и да значи тоа), така да, не мора да значи дека е врзан за останатите 3.3V-ни пинови (2 и 52). Провери дали е врзан, ако не е, врзи го, не шкоди, а можно е да треба ;).
2. Истото прашање за GND, инаку претпоставувам дека доволно е GND да се донесе само до шасијата како во видеото и ќе има насекаде GND?
Да, генерално, доволно е само за шасија да се врзе за GND.
Шемата ја направив „универзална“, во случај некои „леви“ картици да имаат одвоено GND и маса (засебни GND за радио делот и секцијата за чипсетот). Чипсетот сигурно се напојува преку тие пинови од PCIe слотот, така да, во случај да се засебни, тие се оние кои треба да одат на GND од USB портот ;).
3. C2 и C3 Дали се неопходни или се опционални во шемата (вероватно е подобро заради подобро филтрирање на напонот)?
Јас лично би ги додал... не шкодат ;). Да, се користат за подобра филтрација на излезниот напон од стабилизаторот ;).
Вредноста на C1 не е критична, може да е од 47uF до 470uF ;).
4. Дали да експериментирам со додавање на 1К на data+ и data-? Не го разбирам доволно објаснувањето!?
Тие се за заштита. Повеќето матични плочи имаат логички бафери кои ги одвојуваат DATA + и DATA - линиите физички од USB уредот. Можно е некои микро компјутери, како Raspberry Pi (или некои клонови) да немаат поради поедноставување на дизајнот (иако, конкретно за RPi, верувам дека има).
Поентата на отпорниците е да глумат логички бафери, со што би се избегнала ситуација на изгорена матична плоча која можеби дава 12V на DATA + или DATA - линиите да го изгорат уредот (што е многу малку веројатно сценарио, искрен да бидам). Или обратно, неисправен уред на USB да изгори порт или цела матична плоча.
Јас лично би ги ставил за проба и би ја пробал Wi-Fi картицата на барем 2 или 3 компјутери и/или лаптопи. Ако на еден од нив направи проблем како наведениот (картицата ја исчитува, па ја губи, или при поголем проток на податоци низ неа, знае да ја снема), ќе ги извадам.
5. Дали да барам стабилизатор по постари MB плочи, вчера не успеав да најдам на една плоча од малку понова генерација, или можеби имаше некои ознаки кои не се вклопуваа со дадените примери во шемата. :)
Да, јас такви планирам да искористам ;). Можно е да не начекаш на поновиве, користат SMPS контролери за спуштање на напонот од 12 или 5V на 3.3V, ама би требало на P4 или нешто постари плочи, до кај PII, да има ;).
Исто може да се начекаат и во постари LCD монитори (ако имаш некој расипан кој не се прави, на пример, неонките му се веќе истрошени).
А може и да купиш :). Имаш по 100 комада на eBay или AliExpress по смешна цена, неколку долари за сите ;).
Овој е од некој DELL лаптоп а другиот Atheros е од постар Fujitsu Siemens. ;)
Зависи од ознаките, но најчесто Broadcom и Atheros чипсетите имаат прилично добри карактеристики и одлично примаат и праќаат сигнал, а и најчесто драјверите можат да работат во промискуитетен мод (одлично за Wi-Fi packet sniffing ;)). Realtek се така-така, зависи од чипсет до чипсет (мада поновиве им се прилично добри), а најслаби, барем од она што до сега имам тестирано, се Intel-овите... и најограничени од аспект на драјвери (најчесто не можат да работат во промискуитетен мод).
-
Жити еден што најдов од една графичка карта, во кутијата (фурда) нема ни за лек регулатори. :)
Инаку најдов неколку регулатори по матични плочи но истите се со adjust - не се со фиксна регулација, на други матични плочи све некои мосфети - криза голема. :D
Е само да е исправен овој L1117L-3.3, графичката чинам дека или не се вклучуваше или имаше артефакти.
(https://i.imgur.com/3ofB2q1.jpg)
Инаку на Али има AMS1117-3.3V 100 комада за 0.79$, ама ој чекај ги. :)
А има и многу погосподски решенија, не знам дали ќе ги биде за проектот (а па зошто да не ги биде).
Пример овакво нешто (на сликата е со 5v регулација, но има избор и за 3.3v) 10 комада за ~2$
(https://i.imgur.com/QIsXByz.png)
Или нешто вакво, мислам дека се по иста шема правени како оваа погоре само друга изработка. 10 комада за ~2$
(https://i.imgur.com/qaY9QN6.png)
(https://i.imgur.com/cyT5nFo.png)
LD1117V33 На али го има, ~2$ за 10 комада, поевтино не најдов, но чинам дека за оваа прилика се подобри горните целосни варијанти со AMS1117-3.3V.
Друго, мерев во какви врски се изводите, кај Atheros GND го има на сите точки според шемата но Vcc нема никаква конекција меѓу сите три точки па ќе мора да се носи засебно на сите три места Vcc.
Кај Broadcom GND има секаде a Vcc има врска меѓу 2 и 52 а на 24 ќе треба да му се донесе loop како од видеото.
Мерев само од страната од кај што се леми, од другата страна кај непарните пинови чинам дека нема потреба да се бара GND и Vcc.
C2 и C3 ќе ги додадам (мислам дека имам), сите три се во паралела.
Во однос на 1К кај data+ и data- можно е да пробам и да видам и што ќе се случува. :)
Би прашал уште нешто, кај овој L1117L-3.3 распоредот на ногичките е 1=GND 2=Output и 3=Input, дали GND е во кратка врска со малиот ладилник кој што е залемен на плочата? Претпоставувам дека да? :) Епа не е, сега гледав во даташит, ако TAB е тој задниот дел кој што се исто така леми тогаш тој е заедно со 2=Output. Во тој случај ќе треба да се внимава и да се изолира задниот дел за да не дојде во кратка врска со GND. :D
(https://i.imgur.com/trpH2yJ.png)
Инаку за разлемување и кај овој ќе треба да нанесам калај на сите три ногички па и на оној мал хитсинк за да полесно го извадам. ;)
-
распоредот на ногичките е 1=GND 2=Output и 3=Input, дали GND е во кратка врска со малиот ладилник кој што е залемен на плочата? Претпоставувам дека да? :)
Не, ладилникот е споен со пин 2, Output.
-
Да да, видов отпосле и го едитирав текстот дека ладилникот е Output со втората ногичка.
tnx
-
Секогаш, бар јас не сум сретнал поинаку, кај ТО220 и такви некои налик куќишта ладилникот е споен со средниот извод, без разлика дали е транзистор, стабилизатор, ИК...
-
кај ТО220 и такви некои налик куќишта ладилникот е споен со средниот извод
Е овој е SOT-223, мислев дека е друго, но добро е што на време видов и на време реагиравте.
Сепак мора да се изолира, инаку не би знаел колку ќе грее стабилизаторот.
-
Инаку на Али има AMS1117-3.3V 100 комада за 0.79$, ама ој чекај ги. :)
LOL ;D ;D ;D... се прашувам колку ми се исплатеше да ги вадам од плочи ;D ;D ;D. Само струјата за лемната станица ме кошташе сигурно барем x5 од тоа ;D ;D ;D... а не извадив 100 ;D ;D ;D.
LD1117V33 На али го има, ~2$ за 10 комада, поевтино не најдов, но чинам дека за оваа прилика се подобри горните целосни варијанти со AMS1117-3.3V.
Нема везе... различен производител, различна цена. Кои се подобри, никој не може да каже пред да се проба, Кинески се :P :D.
Друго, мерев во какви врски се изводите, кај Atheros GND го има на сите точки според шемата но Vcc нема никаква конекција меѓу сите три точки па ќе мора да се носи засебно на сите три места Vcc.
Можно е два пина да висат, само еден да се користи. Во секој случај, веќе пишав, не шкоди, и јас би играл исто ;).
Мерев само од страната од кај што се леми, од другата страна кај непарните пинови чинам дека нема потреба да се бара GND и Vcc.
Мислам и дека ги нема од таа страна. Голем дел од непарните пинови се reserved, а оние кои не се, се користат за PCIe комуникација.
Моја грешка, сега видов, има GND и од страната на непарните пинови, но нема Vcc.
https://pinoutguide.com/Slots/mini_pcie_pinout.shtml
Јас не би се замарал со пиновите од непарната страна... како сакаш ;). Најверојатно сите GND им се заеднички, барем оние кои се на страната на контактите за PCIe слотот. Дали е тој GND врзан за местата каде што се дупките за шрафчињата е веќе друго прашање и затоа и шемата ја направив таква да не се зема во предвид тој GND од местата каде што се дупките за шрафчињата, иако јасно ми е дека е многу полесно да се леми таму ;).
Инаку за разлемување и кај овој ќе треба да нанесам калај на сите три ногички па и на оној мал хитсинк за да полесно го извадам. ;)
Можно е и да не треба ладилно тело. Ќе видиш дали загрева или не ;).
Може некое мало парче бакар да му залемиш... чисто за проба ;) (бидејќи еден ти е, не сакаш да го зезнеш :P :D, знам како се осеќаш ;D).

Мислиш парче бакар да му залемам на TAB-от како хитсинк?
-
Исечи парче од плочка што има бакар само од едната страна.
Залеми го TAB-от на бакарот.
Парчето плочка (заедно со регулаторот) залепи го на другата плочка.
Залеми ги пиновите со жици.
Само како идеја.
(https://i.imgur.com/6RjwwMV.jpg)
-
Јасно, одлична идеја.
tnx
-
Еве да рапортирам. :)
Напојувањето е само како са проба, не сакав многу да го дотерувам заради стабилизаторот. Инаку убаво си дава 3,3V со влезна струја од ~5V (мерев пред да го споам со модулот).
Не се баш добро гледа на сликата, додадени се 100pF - 100nF и 470uF како од шемата. Стабилизаторот е на парче плочка залемен за ТАВ-от, практично стабилизираниот Vcc 3,3V.
(https://i.imgur.com/b6LKp4b.jpg)
Е сега, прво го земав Atheros-от, се намачив малку околу лемење но на крај успеав без никакви контакти меѓу пиновите.
За жал не проработи, проверив повеќе пати дали сум точен според шемата и дали некаде сум утнал во лемењето но на крај пак никаков резултат.
Плусот е донесен на сите три точки посебно а минусот го има насекаде преку една точка од кај што се големите рупи за шрафење.
Знам дека е многу лошо лемено но искрен да бидам скинав живци, немам статична (осветлена) лупа за да можам да работам на раат.
Зошто не проработи појма немам.
(https://i.imgur.com/RlC8o0I.jpg)
Денес зедов вториот (Broadcom), ај викам овој мора да работи, и на сред работа ми се одлепи (скина) пин 36 од data-. :(
(https://i.imgur.com/xbqmb31.jpg)
Успеав малку подобра слика да направам, не гледам никаков вод накаде би идел тој пин.
(https://i.imgur.com/4I7EwLE.jpg)
Толку од мене, друг пат повеќе среќа.
-
@krema
Според шемата од GigaWatt, пиновите 36 и 38 се USB D- и USB D+
На твоите плочки тие пинови се празни, нема бакарни водови.
Според тоа претпоставувам дека и двата модули немаат USB интерфејс.
-
Стварно немам појма, баш ќе ги разлемам жиците од Atheros модулот па да видам дали има било какви водови па ќе јавам пак.
Btw ... Дали модулот со скината штампата е сеуште функционален?
Ако да тогаш ќе треба само убаво да се зачисти од калај.
edit:
Ги тргнав data+ и data- од Atheros, чинам дека и овде нема водови на 38 и 36, а ако ги тргнам 24 и 44 вероватно и таму нема водови.
(https://i.imgur.com/Zsl3S2V.jpg)
-
Според тоа претпоставувам дека и двата модули немаат USB интерфејс.
Да, и двата немаат USB интерфејс :-\. Треба да ги проверам и моите, можно е и моите да немаат :P :D.
Btw ... Дали модулот со скината штампата е сеуште функционален?
Да, си скинал вод што не се користи ;).
Ги тргнав data+ и data- од Atheros, чинам дека и овде нема водови на 38 и 36, а ако ги тргнам 24 и 44 вероватно и таму нема водови.
Да, и мене така ми изгледа ;D. Изгледа како да не се користи Vcc Aux и нема WLAN LED Activity ;D.
Добар муабет, значи не е муабетот како што има презентирано Шпанецон, само леми и вози ;D. Треба да се провери прво дали картицата ги има искористено тие пинови ;).
-
Добар муабет, значи не е муабетот како што има презентирано Шпанецон, само леми и вози ;D. Треба да се провери прво дали картицата ги има искористено тие пинови ;).
Така е, мора да се провери дали има USB интерфејс па и вифи активити, значи пин 36 (data-), пин 38 (data+) (евентуално пин 44 LED WLAN) мора да ги има во системот. :)
Еве како изгледат кај мене двата модула исчистени, не можам подобро да ги исчистам бидејќи китајската плетенка што ја имам за ништо не ја бива.
(https://i.imgur.com/hr95V7l.jpg)
(https://i.imgur.com/hC90ago.jpg)
Тоа е тоа, барем ми остана спремен 3.3v стабилизатор. :D
-
Така е, мора да се провери дали има USB интерфејс па и вифи активити, значи пин 36 (data-), пин 38 (data+) (евентуално пин 44 LED WLAN) мора да ги има во системот. :)
Ги проверив сите модули што ги имам, ниеден нема USB интерфејс ;D... а 7 или 8 модули имам, секакви ;D ;D ;D... да не ти се верува ;D.
Еве како изгледат кај мене двата модула исчистени, не можам подобро да ги исчистам бидејќи китајската плетенка што ја имам за ништо не ја бива.
Извади од стари телевизори, од заземјување околу екранот ;). Мене супер ми бркаат работа тие ;).
-
Ги проверив сите модули што ги имам, ниеден нема USB интерфејс ;D... а 7 или 8 модули имам, секакви ;D ;D ;D... да не ти се верува ;D.
Таков к`смет сме имале. :)
Извади од стари телевизори, од заземјување околу екранот ;). Мене супер ми бркаат работа тие ;).
Дали мислеш на оние плетенки што се за дегаус, буквално се прилепени на самиот екран? Не сум сигурен дали се бакарни, баш ќе проверам пошто имам неколку за расходување. ;)
-
не можам подобро да ги исчистам бидејќи китајската плетенка што ја имам за ништо не ја бива.
Намачкај ја со калафониум растворен во алкохол и да видиш после како собира калај ;)
-
Ќе пробам и тоа, имам калафониум и алкохол. :)
Каков сооднос да биде растворот и како да се складира?
tnx
-
Дали мислеш на оние плетенки што се за дегаус, буквално се прилепени на самиот екран? Не сум сигурен дали се бакарни, баш ќе проверам пошто имам неколку за расходување. ;)
Не не, други се тие за демагнетизација (degauss), тие се баш намотки, обвиткани се со црна изолир трака најчесто. Овие се баш плетенки ;).
(https://i.imgur.com/hyx1Uin.jpg)
-
Јасно @GigaWatt. :)
-
Стави го калафониумот во некое помало ќесе, како оние за замрзнување и здроби го во фина прашина, префрли го во мало стаклено тегличе или сл. и додај 96% алкохол, не превише, колку да се покрие. Измешај и остави го да се растори целиот калафониум, ќе му треба некое време, можда и ден-два, повремено може да го мешаш. Ако ти е многу густо додавај уште алкохол ама малце по малце и проверувај измеѓу додавањата. Растворот на крај треба да е течен, ама погуст од вода, пробај на парченце отпаден пертинакс треба лесно да се нанесува со четче, за неколку минути треба се исуши и да остави убав рамномерен слој. Користи четка за темпера како со оние белите влакна, другите повеќе упиваат и ќе ти оди повеќе зијан. Чистење на четката со алкохол. Во овој раствор потопи дел од плетеницата пред да ја користиш и кога ќе се исуши ќе упива убаво калај ;).
-
Мислев цели парчиња се стават во алкохол да се растопат, но има смисла да се издроби во прашкаста форма за да се растопи и соедини побрзо со алкохолот.
Претпоставувам дека тегличето треба да биде убаво затворено за да може да се користи подолго време.
btw ... кога ги чистев пиновите (сликите погоре) ставав флукс на неколку пати, но и тоа не помогна на плетенката.
Фала за туторијалчето @LordZi. :)
-
btw ... кога ги чистев пиновите (сликите погоре) ставав флукс на неколку пати, но и тоа не помогна на плетенката.
Не и помогнало бидејќи е направена од Кинески бакар ;D ;D ;D. Земи од овие плетенкиве од телевизори, ќе видиш која е разликата ;). Малку по крути се, ама во комбинација со растопен калафониум, цицаат калај :P :D.
Него Шпанецов требал прво тоа да каже, дека една од 20 картици има USB интерфејс ;D ;D ;D... а може и кажал, ама толку знам Шпански ;D ;D ;D.
-
Тегличето убаво затворено може да стои долго време, едино пази пошто знае да се залепи капакот ако накапеш калафониум по ивицата.
Како што рече GigaWatt, било која плетеница може да ја конвертираш вака во desoldering wick.
-
Него Шпанецов требал прво тоа да каже, дека една од 20 картици има USB интерфејс ;D ;D ;D... а може и кажал, ама толку знам Шпански ;D ;D ;D.
Па можеби спомнал во оној дел кога објаснува за пиновите, а можел да пише и во текстот под видеото некој збор па секој ќе си преведе од шпански.
Тегличето убаво затворено може да стои долго време, едино пази пошто знае да се залепи капакот ако накапеш калафониум по ивицата.
Ќе се внимава на тој момент, претпоставувам дека доколку би испарил алкохолот калафониумот пак ќе отиде во цврста форма, но прво да го направам. :)
Фала ви. :)
edit:
@nmitreski
Ме интересира каква жица е употребено кај твојот склоп, очигледно дека е многу тенка но и згодна за вакво микролемење без дополнителни проблеми?
Дали работи модулот вака како што е склопен со единствен Vcc на пин 52?
-
@nmitreski
Ме интересира каква жица е употребено кај твојот склоп, очигледно дека е многу тенка но и згодна за вакво микролемење без дополнителни проблеми?
Од трансформатор или некоја намотка најверојатно ;).
-
Не се гледа добро од сликите па ми се учина дека е лиснаста, но ако е единечна тогаш има смисла да е од некое трафо или намотка, пред сѐ мора истата да има добар лак заради изолација. :)