Добро,ама прво еден совет- прво собери ги сите делови на куп,па после прави го предавателот.Немој да очекуваш од прва да проработи ( ретко е тоа!!).Второ - прочитај стари постови,веќе доволно долго напишавме се за овие бубици.Ова шема е некој стандард,која проработува лесно.Двата калема се идентични - бакарна лак жица 0,6 мм намотана на тело 4,5 мм без јадро - по 5 намотки секој.Добро е да си направиш некој мерач на поле - од десетина намотки иста жица и сијаличка за фенерче 3,5V ,она со грејно влакно.Антена - подебела бакарна жица со должина барем 70 см.Подесување-прво првиот калем со тримерот и со растегнување се подесува,па вториот на максимум светење на сијаличката која со калемот се поставува во непосредна близина на предавателот.Слушај го предавателот на барем 10 м далечина за да воочиш разлика.Прво направи го со микрофонче,а потоа стави потенциометар или тример10К на влезот и извади го R1,a R3- намали го на 47 до 100 К .Ако ставиш добра антена и дометот ке биде и километар.Добро е последниот транзистор да биде некој од типот 2N3866 или сличен ( малку појак).