Имам еден стар комшија кој не може да смисли друг телефон освен *стариот* Искра,со јаглен микрофон.Е,проблем стана кога се расипа микрофонот,а нов или половен нема,па мораше да смислам нешто .Барав шеми и на крај се одлучив за оваа.Значи,ако ви треба замена за стариот јаглен микрофон слободно правете ја оваа шема.Направена е на уни плочка,од делови кои се извадени од разни уреди.Микрофонот е кондензаторски и добива преднапон од ТЛФ линија.Т3 може да биде и некој BD....NPN,а отпорникот 22 ома нека биде барем половина сантиметар подигнат од плочката,бидејки грее.