Author Topic: Едноставен електромотор  (Read 845 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Едноставен електромотор
« Opened on 01.11.2010, Monday, 16:18:52 (Edited 01.11.2010, Monday, 17:26:44) »
Многумина го виделе ова : 30 намотки 0,4 мм лак жица се мота во калем со дијаметар 30 мм.Се оставаат 10-тина сантиметри изводи и  се одголува лакот.Се става на две спајалици(спојки) на кои се врзува и батерија 4,5В.Од страна се два магнета ( земени од стар ЦД ром или хард диск) и забавата почнува .Се врти до бесвест,ако е нова батеријата.(јас ставив обоена вода во чаша
па дојде поинтересно!) ;)


Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Одг: Едноставен електромотор
« Reply #1 on 01.11.2010, Monday, 16:21:39 »
Како може ова без комутатор да работи  ??? ???
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Едноставен електромотор
« Reply #2 on 01.11.2010, Monday, 16:31:35 (Edited 01.11.2010, Monday, 16:54:01) »
Каков комутатор - имаш стално магнетно поле и проводник кој се движи во тоа поле! *Четкиците* ги имитираат спојките(спајалиците) кои со ластик се стегнати за чашата,а на нив е врзан едносмерен напон!Направи го.па ке видиш!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Каков комутатор - имаш стално магнетно поле и проводник кој се движи во тоа поле! *Четкиците* ги имитираат спојките(спајалиците) кои со ластик се стегнати за чашата,а на нив е врзан едносмерен напон!

Па баш затоа - имаме стално магнетно поле и стална струја - треба нешто да го менува текот на струјата.

Направи го.па ке видиш!

Не се сомневам дека работи (ќе го направам ама треба магнети да најдам), него онака теоретски мислев како функционира без комутатор.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Едноставен електромотор
« Reply #4 on 03.11.2010, Wednesday, 08:39:34 »
Одговорот е прост : кога намотката добива струја,таа прави свое електромагнетно поле кое се одбива од постојаното на магнетите.Кога ке дојде намотката под 90 степени во однос на магнетот повторно нејзиното коле е најјако и процесот се повторува.