Author Topic: Едноставен тонски генератор  (Read 1012 times)

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Едноставен тонски генератор
« Opened on 01.08.2014, Friday, 14:13:48 »
Ај здраво на сите. Имам проблем со една доста проста шема за генератор на тон со 2 транзистори 2N3904 и 2N3906.

Code: [Select]
http://www.electronic-circuits-for-hobbyists.com/simple-tone-generator-circuit-diagram.php
Мојата изведба е на универзална плочка (од комплетите по ОТП за 8мо одделение од @batka :) ).
Се обидов со неколку звучници, но се што добивам е мало шуштење во моментот кога спојувам напон (2 батерии ААА).
Исто така Q2 (2N3906) прилично се загрева доколку остане склопот подолго приклучен на напон.

Некој совет? Дали е можно сите звучници што ги пробав да не одговараат?! Се обидов и со слушалки за компјутер но и тогаш се случува истото.

Ги проверив отпорниците, го менував кондензаторот, ги проверив лемовите. Q1 го проверив со аналоген унимер и е во ред. Q2 не е проверен а и немав уште еден да се обидам со замена.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Шемава ти е недоработена,односно првиот транзистор не е врзан на напон.Веројатно  на спојот R 2/3 треба да се стави + напојување,па преку R 2 транзисторот да добие напон.Еве и други два примера,кои се испробани во пракса.Провери ги добро транзисторите дали се во ред и исправно врзани!

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Фала за одговорот @batka, ќе пробам и со напон да ставам на R2/3 и со уште една проверка на транзисторите.

Во врска со првата шема, транзисторите може да бидат од редот 2N3904/2N2906 или BC546/556 ?

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Првата шема, Q1 добива напојување преку емитер-база спојот на Q2, така да тоа си е во ред, она што не е во ред е во повратната врска, кондензаторот C1 не треба да биде споен со масата на звучникот, туку со колекторот на Q2, преспој го ова и би требало да работи

Offline Z3nesto

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 83
Ти благодарам @Z32AL.
Проработе :)