Македонски форум за електроника
Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: nikola_bb on 15.02.2011, Tuesday, 17:54:38
-
Прво да си прашам дали смеам да закачам слика од шемата со цел полесно да се разбереме?
Мојот проблем е што купив HQ рачка која има друг термопар и треба да направам некои модификации на шемата со цел да функционира па да прашам што точно да направам.
-
шема да ама цели проекти скенирани од списание не
плус треба да наведиш извор што како такви работи ако некого го интересира нешто повеќе
-
Еве ја шемата во атачментот. Како што пишав погоре земав друга рачка која има друг термопар и неможам со оваа шема да ја постигнам посакуваната температура. Па да пробаме да измодифицираме нешто.Да не пишувам како работи све во кракти црти вака:
На изводот 6 од LM358 доаѓа напон зададен преку потенциометарот 2 кој во моментов на максимална вредност ми е ограничен на околу 6волти(дали е ограничен само со зенер диодата zd1?јас мислам дека е така бидејќи од 9волти на 5,6 волти доаѓа преку неа). Сега прашањата:
1. Дали доколку го зголемам напонот кој ќе дојде на изводот 6(кој се споредува со напонот на изводот 5 односно засилениот напон од термопарот) ќе овозможам лемилото да постигне повисока температура?
2. Дали ова може да го изведам само со замена на зенер диодата?
3. Дали LM358 може да издржи да споредува повисок напон?
Шемата е позајмена од Емитер од февруари 2002година, доколку треба повеќе објаснување видете ја тамо или прашајте.
-
да,а ко ај мениш зенерката ќе се мени максималниот напон. Не знам кои се ефектите од тоа. Види во даташитот за интегралното кој се границите на напон и струја. Мислам дека мое а им пишиш и на емитер.
-
За lm358 пишува Supply Max 32 Volt незнам дали е тоа тоа. На емитер ке им пишам само што ми се брза со одговоров ми треба лемилото :-\
-
епа значи до крај 28 волти е најсигурно да одиш натака може да ти изгори
(од пикови и други глупости...) Патем не е на одмет да поставиш осигурач (ако нема) и две зенерки од по 15 волти на +и- од напојувањето.
-
Сега ме збуни малце осигурач имам ставено ама со зенеркиве ме збуни каде да ставам 2 зенерки од 15 волти? Бидејќи напојувањето е 24 волти...
-
ако си е 24в за секој случај ако случајно наиде напон над 30 волти зенерките ќе станат спроводни и на нив ќе "удри" па останатиот дел од уредот ќе остане читав... зенерките треба да се обратно врзани.
-
Р1 ако е тример, со него се нагодува засилувањето што е изведено со операцискиот засилувач, со промена на некои делови од повратната врска (ако напонот е многу голем, значи ке треба да зголемиш некој отпорник со поголема вредност од повратната врска), и дали имаш пробано да го вртиш тримерот Р1 и да видиш која ке ти биде максималната температура???
-
Го имам сменето П1 ставив со дупла вредност и повторно е исто затоа и реков дали зенерката треба да се смени...Напонот не е голем
-
нетреба таа да се смени, треба да се експериментира со повратната врска од засилувачот...да измериш па да кажеш колкав напон има на излезот од операцискиот засилувач ке можеш???
-
Neznam tocno kade da meram ama jas ko sto gledam od semava naponot e 9V i posle so zd1 se spusta na 5.6V za potoa so P2 da se izgregulira pred da se pusti na izvodot 6?
latinica od mobilen
-
уште да кажеше кој отпорници се за повратна врска... ;D
R4 R5 мислам имаат врска со регулацијата, ако се зголемат би требало поќе напон да дава ,.. Само не сум сигурен, подобро нека пише некој од "повичниве" пред да изгориш нешто.
Споено мислење: 15.02.2011, Tuesday, 19:50:37
тој напон од трафо иди дитектно мислам... па се намалува на 5.6в ... патем, работава е термопарот не дозволува повсока температура или... ? и каде е врзан ?
-
Znaci mojava logika e slednava na izvod 6 se doveduva referenten napon koj go postavuvam so p2 i vo odnos na nego sporeduva lm358 dali e postignata temperatura. Termoparot momentalno so nesto pod 6V na izvodot 6 dostignuva nekoi si 20mV(290stepeni) a treba da dostigne 34mV(450 stepeni) mojata logika e ako mesto 6V donesam povekje na toa mesto deka ke mozam da go zgolemam zagrevanjeto
latinica od mob...
-
епа ако е така R7 стај 1K и следи ситуација. Патем ако е обратно,на термопарот стави тример во серија од кај 1кило ом и види како ќе реагира кога потенциометарот е во различни положби.
-
уште да кажеше кој отпорници се за повратна врска... ;D
R4 R5 мислам имаат врска со регулацијата, ако се зголемат би требало поќе напон да дава ,.. Само не сум сигурен, подобро нека пише некој од "повичниве" пред да изгориш нешто.
Споено мислење: [time]15 Февруари 2011, 19:50:37[/time]
тој напон од трафо иди дитектно мислам... па се намалува на 5.6в ... патем, работава е термопарот не дозволува повсока температура или... ? и каде е врзан ?
термопарот е во рачката на леткумот и тој е за да мери температура, а напонот од 24V се исправува преку полубранов исправувач, се стабилизира со зенер диода (доле десно е стабилизаторот), и се тера понатаму, а потоа се стабилизира на на 5,6V
и отпорници од повратната спрега се R4,R5 и P1
и Р3 би требало да служи за тоа, односно да се зголеми/намали напонот што се носи на неинвертирачкиот влез од операцискиот засилувач
-
Со п3 се регулира најниската температура односно кога П2 е во крајна лева положба со помош на П3 се мести најниската температура
-
пошто немам таков леткон т.е. леткум не сум правел или разгледувал вакви шеми, но по логига термопарот и требало да има улога на термо зависен отпорник, значи под дејство на топлината го менува отпорот. Ако сум во право, тогаш значи отпорот на термопарот може да се корегира со сериски т.е. паралелен отпорник, односно тример или обичен потенциометар.
-
Имаш ли некакви податоци за таа рачка ?
-
пошто немам таков леткон т.е. леткум не сум правел или разгледувал вакви шеми, но по логига термопарот и требало да има улога на термо зависен отпорник, значи под дејство на топлината го менува отпорот. Ако сум во право, тогаш значи отпорот на термопарот може да се корегира со сериски т.е. паралелен отпорник, односно тример или обичен потенциометар.
не, грешка си. термопарот се две жици кои се поврзани на едниот крај, и ако тој крај се загрева на другиот крај ке се создаде напон кој зависи од температурата помеѓу двата краја, што значи нема врска термопар со отпорник...
-
Не бива со тримече пробав ако додадам отпор воопшто не се вклучува
-
пробај R7
meni go so 560 omi или 1к и П3 смени го со поголем т.е. со поголем отпор, до кај 1к .
пишувај кирилица во цел пост
изменето од Dx-Er
-
Ништо ке видам од емитер ако пишат брзо ако не ќе видам што да правам
-
P1 за што служи, поголем напон од 5.6В нема шанси да добиете пошто толку е максималниот напон во тој дел
дали си сигрен дека таа рачка која ја имаш ти може да достигне толку голема вредност на температурата ?
дали рачката ти е наменете за 24V напон за греачот или е за повеќе/ помалку
-
За 24волти е наменета и да може да постигне и 480 степени ако ја уклучам без регулација крева преку 20миливотли на термопарот
-
во текстот од проектот,иам напишано колку волти дава термопарот од леткомот за кој е наменет прокетот?
-
Нема напишано ни каков тип е ни од колку до колку мВ дава
-
а преку регулација на термопарот колку mV дава ?
кога е максимално припуштена
-
Нема напишано ни каков тип е ни од колку до колку мВ дава
Термопарот е од К-тип.Тој се наоѓа во самата рачка.Ти каква рачка имаш,Соломон,Велер...?
Дали можеш да го скенираш тој број и да ми го пратиш на меил?Дека сакам вакво и јас да правам(Никола)!?
-
Сега неможам, а иначе земав рачка соломон и работи како што треба
-
А од каде зема рачка соломон???
-
Има во Алфа електроник. Има од 500 ден па нагоре
-
епа го имав пластичниот дел од рачката купив само греач со термопар во него и го заштрафив на рачката и тоа е тоа
-
Има во Алфа електроник. Има од 500 ден па нагоре
Прашував во алфа ама немаа.Сега незз дали имаат на лагер.Ако поминуваш овие денови накај алфа те молам прашај и извести ме.
Споено мислење: 15.03.2011, Tuesday, 23:56:09
епа го имав пластичниот дел од рачката купив само греач со термопар во него и го заштрафив на рачката и тоа е тоа
Дали на сите рачки се факаат греачите со термопар?Колку пари го зема и дали знаеш некоја карактеристика на пример на 1 степен целзиусов колку се менува напонот??
-
Греачот се штрафи на рачката со 3 штрафа така да ако е таква рачката веројатно би фатила. Мислам дека беше околу 450денари, а карактеристика незнам
-
Од логинг?
-
Има во Алфа електроник. Има од 500 ден па нагоре
Прашував во алфа ама немаа.Сега незз дали имаат на лагер.Ако поминуваш овие денови накај алфа те молам прашај и извести ме.
Бев овие дена, а за таков леткум прашвам веќе 1 месец. И ми рекоја дека за брзо ќе добијат. Јас кон крајот на ова недела ќе поминам(блиску ми е), па и онака ќе прашвам че ти кажам :D
-
Од логинг?
Да
-
а имаш слики од готовиот терморегулациона лемилица?Дај постави,исто така прати ми тоа што ти реков,ама кога ќе можеш. ;D
-
Еве слика од лемилицата:
(http://pic.mk/thumbs/img2011300294717.jpg) (http://pic.mk/?v=img2011300294717.jpg)
Имав по дома напојување расипано и во него затоа ја сместив, ставив и рачка за полесно ракување, а вентилаторот е експериментално ставен да го трга димот да не ми оди во очи. Ова со вентилаторов ок функционира.
-
а ова нема ЛЕД дисплеи?Или само потенциометар и двете диоди се?
-
епа го гледаш насловот на темата за кој проект од емитер е :). нема дисплеј не ми треба едната диода е за 220в другата е за греачот. Бидејќи јас со ова се занимавам од хоби ваква варијанта ми е и повеќе од доволна
-
ааа,незнам за каков проект се работи(дали со ЛЦД дисплеј,дали со ЛЕД) затоа прашав.Иначе може пред 3-4 години јас правев исто ваков со ЛЕД диоди беше тој.Ама не го направив(незнам зашто) ;D ;D
-
Pozdrav svima iz Srbije! Dali neko ima molim vas emiter 12/2004? interesuje me termoregulacija za lemilicu iz tog broja. Nemogu da narucim taj broj casopisa a da se posalje u srbiju. Ako neko ima jako bih bio zahvalan da moze da mi posalje sliku sa tekstom. Hvala puno i veliki pozdrav!
-
Hvala drugu sa foruma sto mi je poslao trazeni broj, za jedan dan su mi ljudi izasli u susret. Nemam reci! Pozdrav svima !!
-
Како најпрво вклучи го леткумот да се загрее до усвитување ,потоа измери колку миливолти има на крајот од термопарот. Соопшти ја вредноста во миливолти треба да биде околу 15миливолти за температура од 500 целсиуси.следува шема.
-
Може некој во ПП да ми ја прати шемата од декември 2004?