Македонски форум за електроника

Аналогна електроника => Сè останато => Topic started by: Josifosky on 06.07.2014, Sunday, 17:40:40

Title: Уред против комарци
Post by: Josifosky on 06.07.2014, Sunday, 17:40:40
Дали има некој шема нешто испробано со ваков уред и колку е ефикасен најдов една шема па незнам дали вреди да се испроба вакво нешто. Ваши мислења?
Благодарам
(http://filebox.vt.edu/users/sfagg/Portfolio/CommTech/images/mosquitocircuit.jpg)
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: batka on 06.07.2014, Sunday, 20:30:08
Лук и вода -ветер и магла.Во реалниот свет е испробано барем 10-15 различити шеми,многу подобри и посложени од ова.Но,ефекти ,од лично искуство нема многу,иако некој мисли и дека има! Сепак,пробај,иако имам мислење дека едно црепче болилек,спрема баба Рада ,има подобар ефект. ;) 8)
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: najdo on 06.07.2014, Sunday, 21:01:57
За комарци имаше едно на нет со шише и внатре се клаваше малце квасец и вода беше мислам, само незнам колку е ефикасно. Иначе и од тој босилоко поќе врсти има (две или поќе) така да од не сите бегат комарците.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: Maxwell on 06.07.2014, Sunday, 23:43:04
За комарци имаше едно на нет со шише и внатре се клаваше малце квасец и вода беше мислам, само незнам колку е ефикасно. Иначе и од тој босилоко поќе врсти има (две или поќе) така да од не сите бегат комарците.

Квасец, вода и шеќер. Создаваат јаглерод диоксид кој ги привлекува комарците да влезат во шишето и потоа не можат да излезат и се дават.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: GigaWatt on 07.07.2014, Monday, 03:07:50
Па од тоа ќе задушат и оние кои се во собата ;D. Ќе умрат комарците, ама и луѓето ;D.

Не функционира веќе ништо... пробав многу уреди, од купечки до DIY, ова се некои мутанти, ништо не им влијае. И да најде некој нешто што функционира, ќе функционира само оваа сезона и толку. Инсектите најлесно мутираат и се прилагодуваат. А и климатскиве промени ги прават се поотпорни и поотпорни на се и сешто, од студ до екстремно високи температури, така да, не верувам дека некој ќе најде трајно решение за овој проблем.

Пред некој ден, начекав скакулец со должина од 5 или 6cm во соба. Не живеам во рурално подрачје, така да, навистина не ми е јасно како дојде овој скакулец до 9-тиот спрат од мојата зграда ???. Никогаш немам начекано скакулец во мојот стан. На земја, да, ама не и на 9-ти спрат. Уште еден доказ дека инсектите прилично лесно се прилагодуваат и мутираат.

Така да, кое решение и да го најдете, сметајте дека е привремено. Ќе трае една сезона и толку. Наредна сезона, пак ќе треба да барате ново решение.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: elektro on 07.07.2014, Monday, 09:10:52
Освен хемија (прскање со спреови) ништо не ги убива или брка комарците.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: MURO on 07.07.2014, Monday, 09:57:08
"Бркачот" на комарци всушност треба да емитува тон со фреквенција еднаква на онаа што ја создава мажјакот кога мавта со крилцата. Бидејќи неговите крилја се многу поголеми од оние на женката (целиот е поголем) тонот кој го произведува мажјакот е понизок од оној на женките. Инаку женките се тие кои касаат (како и кај луѓето). Е сега приказнава е: Женките вообичаено бегаат од мажјаците и така бркачот не заштитува. Арно ама..уредот не е ефикасен. Комаркиве брзо сфаќаат дека овој само вика а не ... и така пак си гледаат работа.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: DrTubeR on 07.07.2014, Monday, 11:42:30
Уште еден глас за хемијата ... спрејчето и моментално ... 

Патем, неопетроид прав, растворен во вода и со тоа прскаш под кревети, позади завеси, ќошеви ... и сите места каде што обично се кријат ... нели, преку ден.
Не делува на топлокрвни животињи ...
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: najdo on 07.07.2014, Monday, 15:28:07
Абе за то со квасецо гледав шише од 2л се сечи на пола, и од ко ке ги клај состојките, а можи и од послем, двата дела од шишето ги става едно во друго ама со отворо за пиење кон газеро, и ваљда јаглерод диоксидо ке остани во шишето, или можи ке се ослободи мала количина која што не е штетна за луѓето околу.
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: bicikle on 07.07.2014, Monday, 15:54:51
Луѓе од крвна група 0+ се поосетливи, јас сум А+ така да и ме немаат нешто многу касано комарци. ни болви ни вошки како по мал. Во Швепс има некоја состојка што ги брка комарците, ама само во онај прозирнион(индиан вотер) кој може да го пие... Инаку ситата состојка мислам дека ја има и како инекција...
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: DrTubeR on 07.07.2014, Monday, 16:14:45
Ич не се замарај, raid и се е ко подмачкано ... додека не мутираат и ... така :P
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: MarkoMK on 07.07.2014, Monday, 17:44:28
Освен хемија (прскање со спреови) ништо не ги убива или брка комарците.

Ова ги убива  ;D ;D

How to shoot down mosquito using laser gadget. (http://www.youtube.com/watch?v=YnSKrzmpKGw#ws)

(ако ви се брза премотајте до 3:00)
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: DrTubeR on 08.07.2014, Tuesday, 12:52:15
Топ.
За едно ... 30 години ќе го има во комерцијална продажба ... можеби :)
А до тогаш, на пазар и тепалка од 30мкд ги убива сигурно хахахахахаххаа
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: najdo on 08.07.2014, Tuesday, 23:53:21
Тепалка од 30мкд, за комарци, шо направа е та ?
Title: Одг: Уред против комарци
Post by: batka on 09.07.2014, Wednesday, 00:54:03
Ајде доста со офф топик мислења.Ако некој има нешто навистина различно да каже во врска со темава нека пише.а со другиве коментари не претерувајте.Ја расипавте темата.