Кутија може да направите со шпер-плочи и Neostik. Тоа е барем лесно
. За рабовите и ќошевите на кутијата, за да не се познава дека е лепена со Neostik, може да искористите дрвен кит, или уште поедноставно, да искористите парчиња изолир-банд, додатно залепени со супер лепак
, евтино, а ако добро се изведе, може да делува и украсно
.
Околу засилувачот. Изберете некое од овие кола: TDA7057, TDA7266 или TDA7297SA. Потоа, најдете некој адаптер од 12V што може да даде струја од барем 1A (ама реално, не како што пишува на адаптерине од пазарче, пример за ваков адаптер би бил некој стар адаптер од кабелски модем
) и нема никаков проблем да имате
. На адаптерот може да му се постави и некој поголем електролит (обично имаат електролит со капацитивност од 1000uF, ама може да му се стави и некој поголем, на пример, 2200uF или 3300uF, па и 4700uF
, ако го собира
, колку повеќе, толку подобро
).