Јас сум 4 година во „СУГС Владо Тасевски“ народно кажано ПТТ, и професорката по пракса ни даде задача да одбереме електронски уред од листата да однесеме шема, да го изработиме и да се направи проект за истиот па да се одбрани пред неа. Истиот уред може да го користиме како проектна задача за матура и јас сакам да го искористам.
Еве слика од електронските уреди кои може да ги изработуваме:
Бидејки не сум којзнае колку упатен во цените на елементите и во барањето шеми, од вас ми треба идеја за тоа што да изработам а да не е премногу скапо. Уредот треба да се смести во кутија и сето тоа требало да го работиме на час. Значи готови уреди не ми помагаат.
Задачите од 36 до 39 се за двојка, тие не планирам да ги изработувам.