UV неонка се вика, Американците таа светлина ја викаат и "black light"
. Неонки може да се најдат во било која продавница за светло и осветлување, лустери, столни ламби, итн., како и на пазар
. Барај ги под името „UV неонка“, бидејќи не знам колку се запознаени нашиве продавачи со терминот "black light". Сега, има и сијалици кои светат со UV светлина, а се навртуваат на најобична фасонка (мислам дека не се CFL-ки, бидејќи се прилично моќни и греат бааги, а и формата им е како на обична сијалица со жаречко влакно, крушкаста, така да, мислам дека се некоја модификација на сијалиците со жаречко влакно), така да, ако сакаш, можеш и таква да си купиш, но прилично поскапи се од UV неонките (пред околу 2 или 3 години, една таква сијалица беше околу 1000 денари, сега, не знам колку се, можно е цените да им се паднати, но не до толку како на UV неонките, кои сега се околу 100 или 150 денари, а до пред 10-тина години, UV неонки не ни можеа да се најдат кај нас во Македонија
, или многу тешко се наоѓаа, мислам дека од Србија ги носеа по нарачка и чинеа околу 600 или 700 денари само неонката
, без системот за палење и пригушницата).