Author Topic: Совет околу кондензаторите на матичната..  (Read 2454 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Разумен компромис? ;D ;D Сум го чул некаде тоа. ;) Сепак не штедете и ставајте нови кондензатори.И не гледам зошто старите кондензатори од матичните би биле подобри од новите.Поради ЕСР? По 5 години работа на некоја матична  има големи шанси на новата матична по неколку месеци повторно да ги менувате.Пробано е и тоа - ама кога ке ставам нови барем знам дека ако се јават проблеми тоа нема да бидат од кондензаторите.

Offline triology

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
Ново си е ново :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мо незнам со каков ESR метар мериш...Јас тој што го имам дава прецизни резултати за електролити од 1 до 200 микрофаради, а понекогаш поминуваат и оние што се многу исушени, до 470 микро. Тие од 1000 па и повеќе микро можеш од старт да ги уловиш на осцилоскоп...Друго едноставно решение не гледам.

Јас го имам направено тој според шемата од Емитер (поточно Електор), оној дигиталниот ESR метар. Сега за сега, супер се има покажано со мерење на било какви електролитски кондензатори, од најмали до најголеми, имам направено и табела (нешто како средна врендост на цифрите му доаѓа од две различни табели, сам ја правев, некои врендости и се менувани, врз база на искуство, но според таа табела се водам, не сум згрешил до сега ;)).

Без табела, во принцип, „гаѓате на слепо“. Високонапонските може да јават и неверојатно голем ESR фактор, нормално е ова. Затоа имам спомнато, ако некој користи дигитален ESR метар, задолжително да ја користи и табелата ;).

Поголем работен напон може да му дојде само од смрдливото напојување кое ке се стави во куќиштето...Затоа како најскап дел треба да биде тоа, а не матична или графичка или процесор. Значи на напојувањата нема поголем напон од 12 волти...Електролитите кои се со вредност од 6.3 волти се за 5 волти, а оние од 16 волти се за 12 волти...Нема потреба од ставање на кондензатори со поголем работен напон. Тие веќе се дизајнирани и се предвидени да работат на тие напони, а се поставени на плочите со минимум 20% поглем напон од работиниот што е и многу повеќе од доволно...

Паааааа, не се сложувам баш со bold-ираниот текст, но нема везе, секој си има своја логика на работење ;). Јас барем, кога можам (кога имам делови и време на располагање, итн.), ставам барем 50% на сигурност, значи ако кондензаторот има работен напоно од 6.3V, а напонот кој треба да го стабилизира е 5V, ако имам на располагање, му ставам кондензатор со работен напон од 10V ;). Не значи дека и твојот систем не е исправен ;), да не се разбереме погрешно ;), едноставно јас така работам ;). Според мене, 20% степен на сигурност не е доволно ;).

А тоа дека 90% од овие проблеми произлегуваат од напојувањето, да, се сложувам, не е лошо да се провери и напојувањето, сигурно и таму има некои подуени електролити. Исто, ако ви зеза onboard аудио картицата (гаси, сецка, не се подига, некогаш ќе се подигне, ама нема звук), 99% имате проглеми со напојувањето ;). Се друго може да си функционира ОК, ама ако прави аудио картицата проблем, проверете си го напојувањето ;).

Но не се сложувам дека 100% од проблемите се јавуваат поради лоши напојувања. Понекогаш, едноставно лошо се дизајнирани самите матични плочи, можно е да се ставени кондензатори со премала врендност, компонентите влечат струја, кондензаторите пробуваат да компензираат (колку можат) и по некое време, едноставно се дујат :S. И ваква ситуација имам начекано, три пати ми ја носеа машината и две напојувања сменив (еднаш ставив старо, ама исправно, работено, супер си се имаше покажано, месец или два работеше на моја машина, и потоа ставив ново, не скапо, ама не ни евтино, околу 1500 денари беше) и матичната плоча пак ги дуеше кондензаторите, и нови и стари имав ставано, и пак зезаше. Прочепкав online да видам што може да биде проблемот, излезе дека на сите кои ја користеле оваа плоча им се имаат подуено кондензаторите по некое време работа :S. Едноставно, дизајнот е лош. Ставив во паралела по два електролита со капацитивност дупло поголема од оригиналната и малку повисок работен напон, и еве, матичната до ден денешен (јас барем колку што знам), нема проблеми ;).

Имаш на форумов и туторијал како да ги замениш кондензаторите на плочата.

Да да, за тие што не знаат, има ;).

Разумен компромис? ;D ;D Сум го чул некаде тоа. ;) Сепак не штедете и ставајте нови кондензатори.И не гледам зошто старите кондензатори од матичните би биле подобри од новите.Поради ЕСР? По 5 години работа на некоја матична  има големи шанси на новата матична по неколку месеци повторно да ги менувате.Пробано е и тоа - ама кога ке ставам нови барем знам дека ако се јават проблеми тоа нема да бидат од кондензаторите.

Е, баш ова ми се има случено, и тоа неколку пати, ставам нови, по три или четири месеци, пак ми ја носат машината на сервис, пак подуени :S. Стави од овие „старите“, нема проблем... за оваа работа се сложувам со SaleSK, не значи дека ако е ново дека е подобро од старото, и кај ова правило има (барем во денешно време, многу) исклучоци. Затоа постојат инстрименти, за да установиме дали нешто е исправно или не и за да оцениме дали таа стара компонента може да се стави на местото на друга стара, истрошена или зезната ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Гига,не ми се десило досега да ставам нови кондензатори ( можеби Алфа директно од Кина за матични ги набавува  ;D ;D!) и да имам после со нив проблеми.Обратно пак,ако ставам стари кондензатори ( по некое правило! :D) ми се случувало веднаш или по некое време да го менувам напојувањето! ::)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Гига,не ми се десило досега да ставам нови кондензатори ( можеби Алфа директно од Кина за матични ги набавува  ;D ;D!) и да имам после со нив проблеми.Обратно пак,ако ставам стари кондензатори ( по некое правило! :D) ми се случувало веднаш или по некое време да го менувам напојувањето! ::)

Не знам, мене пак обратната ситуација ми се случувала, не ми се случило да ставам стари кондензатори (исправни) од друга плоча и потоа да имало проблеми со нив ;D. Изгледа различно искуство имаме со овие работи ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Совет околу кондензаторите на матичната..
« Reply #20 on 03.03.2012, Saturday, 19:08:13 (Edited 03.03.2012, Saturday, 22:01:35) »
Ако неколкупати по ред се *дуат* кондензатори на матична прво менувам напојување,а потоа по правило интервенирам во мос фетовите во линија на 5V ( најчесто!).Ако го контролирате напојувањето на компјутерот ( препорачувам почесто!) ке приметите дека со време напонот на 12V линија расте ако почнат да се јават проблеми со графичката,УСБ портови,звучна или он-борд графичка.Промените неколку влезни електролити(ако не се подуени!) ,на почетокот на 12В линија и ставете 16В -ни ,а истовремено проверете ги фетовите (одат по два или три по степен) и ке ја спасите плочата.

Споено мислење: 03.03.2012, Saturday, 22:01:35
И уште нешто: ако имам истечени ( подуени) кондензатори и плочата не трга,обично ги одлемувам подуените,ја чистам со алкохол плочата и кога е сува ја вклучувам без кондензатори. И тоа без врзани ХДД,мемории, ДВД... Значи само да го добијам текстот од БИОСОТ. Ако тргне,ставам кондензатори,ако не барам понатаму каде е кварот. Е, на ваква ситуација може да ставите ( дури и од долна страна! ;D) извадени кондензатори и да видите дали работи се ОК! Ако е во ред,јас сепак преферирам нови кондензатори.Впрочем (во зло време! ;D) сум ставал место 1000МФ - 470 мФ за проба. Ако е в ред може уште два х 470МФ паралелно да се стават  ;D ;D