Претпоставувам дека повеќето од Вас сте многу поискусни од мене и ви симнувам капа за искуството и благодарен сум на советот и обидот за помош. Ама морам да нагласам дека судејќи по муабетов, немате конкретно искуство со големи хорни.
Ова се однесува на вас кои инсистирате дека традиционално лепило за дрво т.е. дрвофикс и премаз од кобит/битумен се доволни за да се запечати
хорна (за оние што можеби не се запознаени, тоа е звучна кутија на прицип на функционирање како оној на мегафонот).
Се согласувам со вас кога се работи за други видови на кутии каде сите споеви се лесно достапни и каде во случај на евентуален проблем лесно може да се корегира проблемот.
Ама за хорни не сте во право. Ако веќе се инвестира во скапи материјали (квалитетна/скапа шпер плоча, скап увезуван драјвер со 40+ sm дијаметар)... дали има логика да се штеди на лепак?
Дрвофикс, или стандардно лепило за дрво на база на polyvinyl acetate (PVA),
кога се суши се собира/контрактира, упивајќи се во дрвото. Прави многу јак и цврст спој (често појак и од самото дрво) ама
без разлика колкава количина од лепакот ќе се употреби шансите за воздушни празнини (и сите проблеми што следуваат со звучните кутии од тоа) се повеќе од реални.
Значи без ралика на искуството и фактот колку кутии имате квалитетно направено (секоја чест за тоа), не можам да го прифатам советот „
стави повеќе лепак и кобит„ затоа што премазот/кобитот
едноставно нема шанси да го нанесам на внатрешните спојови на последната страна.
Се надевам дека ова нема да го сфатите во навредлив контекс или како покана за карање.
Не се обидувам да се правам паметен, едноставно мислам дека не сте во право или дека барем ненамерно не ја сфаќате 100% улогата на лепакот во големи кутии со голем пат на хорнот.
(ова го пишувам и во интерес на други кои ќе налетаат на темава во потрага по информации, јас инаку веќе се одлучив што ќе правам)