Author Topic: Ми треба шема за склоп кој дава импулс после одредено време  (Read 2148 times)

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Ми треба шема за склоп кој дава импулс после одредено време
« Opened on 24.07.2011, Sunday, 21:29:39 (Edited 24.07.2011, Sunday, 22:58:02) »
Ми треба шема за склоп кој ќе дава импулс на излез(ќе уклучи реле) откако ќе се приклучи на напон, но со одредено задоцнување, кое би било некаде од 0,5 до 5 секунди да се мести со потенциометар. Сега нешто со 555 мислам би можело да се изведе, па кажете некоја шема ако имате...
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Секогаш би можел да си дизајнираш твоја шема со 555-тка, хинт, тригерот треба да ти е врзан со напојувањето.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Еве ти шема со три нивоа.Со тастерот се активира првиот тајмер и тој *држи* некое време,па потоа се активира вториот,па третиот.Ако не ги сакаш трите нивоа,направи го склопот само со два 555.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Еве ти шема со три нивоа.Со тастерот се активира првиот тајмер и тој *држи* некое време,па потоа се активира вториот,па третиот.Ако не ги сакаш трите нивоа,направи го склопот само со два 555.

Фала батка, ја направив шемава си работи (доволни ми беа првите два степена), е сега имам еден проблем.
Почетокот наместо со импулс треба да ми биде со постојан сигнал.
Значи се подига (или опаѓа) влезниот сигнал (триг) и така цело време стои додека не заврши циклусот.
На овој начин не сака да работи шемата.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,па сега прво даде една насока,а сега одиш до друга крајност.Разликувај * импулс*  и * постојан сигнал*! Што подразбираш ти под *постојан сигнал*?? Такво нешто како параметар во електрониката не постои.Биди конкретен.И уште еднаш важи за сите: кога прашувате,давајте релевантни и прецизни барања и наведете ги сите елементи кои ги имате на располагање.Идеата за вашиот проект нема да ви ја украдеме! :D :D ;D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
колку што го разбрав јас, на тригер носи некој сигнал кој осцилира, е сега додека прави една осцилација од макс. до мин. сигналот на излез се менува во зависно од тригерот, јас колку што разбрав тој сака цело време да е на високо ниво
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Не.Колку јас разбрав тој сака едно напонско ниво да доаѓа на влезот ,а секоја промена на нивото да носи активирање на тајмерот ,ама со одредена задршка.Тоа се решава на повеке начини,ама да дозволиме Марко да се доизјасни.

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Значи треба на влез наместо со импулс да се активира со промена на напонското ниво. Со други зборови, да не мора да се отпушта кочето „СТАРТ“ (на шемата) за да работи склопот, туку со притискање да си почме со работа.

Инаку не ми е некоја идеја за проект, него треба на една машина да го вградам. Машината кога ќе дојде во одредена состојба ќе притисне одреден микропрекинувач - тоа ми е СТАРТ. После тоа треба да почека неколку секунди и да продолжи со работа - продолжувањето го правам со импулс со траење од 0,5 сек. - на шемата на батка тоа ми е импулсот Б, а времето на чекање ми е периодот А. е сега единствен проблем ми е активацијата да не биде со импулс.

П.С. Ако не успеам ова да го направам утре од бувљак земам механички саат „временско реле“ на 220 В- го монтирам и пријатно создравје :) :) :) И така целата машина е на 220 В.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Објасни само од што ке го земаш напонското ниво,колкаво е и дали се менува само на горе или напонот може и надолу (и до која вредност??) да оди?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не само во позитивна насока оди нивото, приклучено на + од напојување (тастерот со еден крај) и кога ќе се притисни тастерот да даде импулс, ама да даде импулс без да се отпушти тастерот
додека е притиснат да го даде тој импулс тоа му треба него
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Многу едноставно би го решил со оптокаплер,ама сепак треба да се види конкретно со каков напон да се покренува склопот,односно од каде ке доаѓа или ке се зема тој напон.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
дали ова е за таа пункт машината за заварување, временскиот склоп со кој се регулира тоа заварување ?
дали за тоа ви е планиран или како
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Значи вака. Девил најдобро објасни - да даде импулс колото додека тастерот е цело време притиснат.
Целата машина работи на 220 В па најдобро ако имате некое коло за 220. ;)

Инаку не се работи за пункт апарат него за машина за пластика - татко ми ги има па јас им додавам повремено некои автоматики  (пошто се стари и некои немаат ни електроника - само електрика ;D) за да му се подобри производството. ;) ;)

Значи најпросто уште еднаш: Имаме сјалица и тастер. Стискаме тастер, држиме стиснат, поминуваат 5 сек. сјалицата засветува во времетраење од 0,5 сек. и се гаси а тастерот е сеуште стиснат и потоа може да се отпушти. Кога ќе се притисне пак се повторува истото.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
*Да даде импулс колото додека тастерот е цело време притиснат* тоа не може така да биде.Колото ке реагира исто додека тастерот е притиснат.Батка реши  го тоа со оптокаплер и склоп за каснење,а потоа додади тајмер. Ова не се решава со притиснат тастер,ами бара доста други склопови и јако реле или(поскапа варијанта) тиристорски склоп.Ако сакаш некој да го реши електронски проблемот со склоп треба да платиш или сам да се засукаш и да поработиш со метод на пробање.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
а дали би ти било полесно доколку е со микроконтролер ?
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!