Се е за маркетинг и пари. Мене лично ако ме прашате, не верувајте на ништо што пишува "professional surround system" или "professional speaker system", a e купено од компјутерска продавница. Прво и осовно, самите продавачи не знаат да го презентираат производот како што треба (не само кај нас, исто е и во странство), не знаат нитуедна спецификација, освен дека е „професионален“... дајте ве молам не ме смејте, како може нешто што чини 4000 ден. комплет сосе засилувач и DVD плеер да биде професионално, тоа е смешно нема теорија, јас користам дома полупрофесионална опрема, па ме чинеше некаде околу 600 евра, тоа се во најмала рака смешни изјави. А да не зборувам за самиот факт дека станува збор за опрема која се користи дома, значи за домашна употреба, што не може да се подели на професионална, полупрофесионална или аматерска. За некои луѓе „профи звук“ е и тој што го даваат 2x2W компјутерските звучничиња кои како засилувач имаат 741, или некој сличен, а за други смешно е тоа што тоа луќето воопшто го ставаат во музичка опрема. Значи, не можат да се споредат вкусови и задоволства, јас можеби би фрлил и 100 еврра за некој многу солиден MP3/FLAC плеер, а некој е задоволен и со телефонот и слушалките, тоа е веќе избор и не може да се навлегува тука и да се кажува што е професионално а што не, самиот концепт е апсурден, барем според мене...