Author Topic: Изработка на брусач од алтернатор со камен за острење ножеви и слични работи  (Read 5271 times)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Обично овие мотори од машините за перење се со пет изводи.Тоест 5 жици:
1 жица е жолта по боја таа е  прва фаза за перење
2 жица е зелена таа втора фаза за перење
3 жица е сина и таа главна намотка се вика или главна фаза на центифругата
4 жица е бела по боја таа е од заедничката намотка
5 жица е по боја црвена и таа е помошна намотка или се вика помошна фаза на центифругата
Е сега за да го споиш моторот да врти на центифруга треба белата жица да оди на фазен приклучок тоест директно на 220 волти.Сината жица треба да се врзе на кондензатор и на фазниот приклучок нулата и црвената жица на другиот пол од кондензаторот исто треба да се врзе. И така моторот ќе врти во десно со околу 3000 вртежи во минута.Вредноста на кондензаторот треба да е од 15 до 20 микро фаради со работен напон од 400 волти Е сега порано кај постарите мотори имаше 6 изводи тоест жици и тие се:
1 жица е по боја црна таа е од заедничката намотка тоест од заедничката фаза за перење
2 жица е по боја зелена таа е првата фаза тоест брзина за перење
3 жица е по боја жолта или кафеава кај тие првите мотори од горење и ова жица е втората фаза тоест брзина за перење.
4 жица е бела и таа е заедничката намотка за центифругата или фаза за центифругирање
5 жица е по боја црвена и таа е помошната намотка тоест помошната фаза за центифругирање
6 жица е по боја сина и таа е главна намотка или главна фаза за центифругирање.
Е сега тебе за косилка ти треба центифругата да ја поврзеш ако е мотор со 6 жици тогаш треба белата жица да оди директно на 220 волти на фазниот приклучок сината жица треба да оди на едниот пол од кондензаторот и на нулата тоест фазниот приклучок,а црвената жица да се поврзе на другиот пол на кондензаторот и така моторот ќе врти во десно со отприлика 3000 вртежи во минута.И секогаш не заборавај кај овие мотори има еден штраф на него се поврзува заземување поврзиго со жолто-зелената жица од кабелот заради безбедност.
Е сега Даниел ова е од еден мој претходен пост претходно исто така членот dare532 побара шема за мотор побарајте малку низ форумов и сликајте ми ги вашите мотори и ставете ги на форумов ако случајно е некоја друга боја ќе ви дадам други шеми од една книга за машини перење.Инаку паметно што ви текна да со мотор од машина за перење да правите брусалка а не со онаа глупоста алтернатор од автомобил како прво нема шанси тој да работи повеќе од една минута и да го врзеш точно.Сликајте ги моторите и ако има проблем слободно пишете ќе одговориме.Наскоро и шеми следат ама ова не е многу комплицирано еве членот dare532 кога праша дури и бес шема го поврза моторот одејќи по моето горнонаведено објаснување. ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Премногу офф топик отидовте.Ако Даниел сака да направи острач со некој мотор ( но не со алансер или алтернатор) нека ја затвори темава и нека отвори соодветна.Мислам дека веке некој имаше постирано ваква тема и таму се дадени сите начини на поврзување на мотор од машина за перење.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Еве како некој го користи алтернаторот како мотор.

Code: [Select]
http://www.youtube.com/watch?v=WBeyqX6OKlc
Жан

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Боожеееееееееееееее како да се наоѓаш во трафостаница 100000000000000000 жици ептен сложено според мене незнам како сакаш колега..  :o

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Е имав и јас во некоја тема исто објаснувано за асинхрони монофазни мотори како се поврзуваат а и еден друг член неможам да се сетам сега кој беше имаше доста добро објаснето но реков сликајте ги моторите и ако треба нешто за шеми прашајте.Бидејќи отидовме во офф топик,тоа направете го во друга тема.Нема проблем ќе помогнеме.
Quote
Боожеееееееееееееее како да се наоѓаш во трафостаница 100000000000000000 жици ептен сложено според мене незнам како сакаш колега..  
Е сега богами тоа алтернаторот да се врзе не е лесно дур да донесеш три фази на статорот па и нулата кај ќе ја ставиш тука.Па потоа преку четкиците за да го побудиш роторот треба да донесеш еднонасочен напон кој после ставувањето во старт треба одма да се исклучи.А вака со мотор од машина за перење не ти треба ништо само еден кондензатор и толку.И евентуално гребнаста склопка за брзините да си ги подесуваш.Инаку како што рече батка ако сте се одлучиле да правите брусалка и ако ви треба помош за врзување на моторот тука сме нема проблем,отворете си нова тема.Но само незнам кај ќе најдете лимар да ви го прицврсти тоа каменот и како сигурно ќе треба да се реже гвинт на роторот за да се прицврсти каменот,и плус треба и браници за безбедност да си имаш.Стварно незнам што да кажам.Но сигурно на дребонг ќе се реши тој проблем ;) :D :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
...Па потоа преку четкиците за да го побудиш роторот треба да донесеш еднонасочен напон кој после ставувањето во старт треба одма да се исклучи....

А зошто да се исклучи еднонасочниот напон на роторот? Нели треба да има магнетно поле?
На овој начин како што викаш ти статорот ќе го произведува тоа вртливо поле (со 3 фази) а како би се вртел роторот кога не е магнетизиран? ???
Life is too short to remove USB safely ..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Има некои ротори но многу се ретки што биле изработувани од меки магнени материјали кај поквалитетните алтернатори пошто роторот има калем тоест тој е електромагнет и роторот е изработен од мек магнетен материјал и од кога ќе се пушти еднонасочна струја од четкиците таа го побудува роторот и пошто тој во себе има некоја мала магнетизација и по исклучувањето на напонот продолжува да врти.Но убаво што спомнавте денес како што сум видел многу ретко да има такви ротори еве јас на форд ескорд на алтернаторот му го имам сменето роторот и тој беше од обично железо.Значи фактички обичен електромагнет.Инаку да во право сте најубаво да не се исклучува еднонасочниот напон на алтернаторот.Инаку кај некои типови алтернатори сум пробал може но кај нив роторот е магнетизиран постојано како и кај динамото но тоа е слаб постојан магнет многу слаб само мали шајчиња можат да се залепат на него.Порано сакале да направат алтернатори без четкици.Но да споменам дека кога алтернаторот си работи како алтернатор тоест дава струја и го полни акумулаторот тој зема погон од радилицата нели.И сега нели има и реглер кој го регулира напонот зависно од туражата нели.Кога ќе се запали моторот алтернаторот на давал струја и имало еден проблем.Роторот не бил електризиран.И затоа денес кај сите алтернатори се вградува автоматче кое кога ќе се даде контакт со струја од акумулаторот преку четкиците го наелектризирува роторот и после стартувањето на моторот таа струја се исклучува.Таа струја уште е позната како побудна струја.Но кога алтернаторот би работел како електромотор така е треба постојано ама баш постојано да има напон на роторот.Во право сте така е.Но алтернаторот не е наменет да работи како електромотор брзо ќе се оштети роторот инаку.Но нема везе више повеќе пати спомнавме сите дека брусалка најубаво да се направи со мотор од машина за перење.А и членот кој ја отвори темава се согласи значи баталете ги овие алтернатори од нив не може да биде електромотор.Тоа е факт ;) ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па и мене не ми е јасно зошто се фативте за тој алтернатор,а пред тоа за алансер,кога со нив е најтешко да направиш - мотор!! Иди на отпад најди некоја машина за алишта и за 500 ден се наоѓа мотор кој има барем една исправна брзина ( да биде за центрифугата најдобро!! ;D),па со еден кондензатор се прави за миг брусилка, И што сега си докажувате некои работи и пишувате за алтернатори,напони,електроника за покренување.... дајте малку бидете логичари и практичари. 8)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Не цело време јас тоа го зборам а и други викаат дека само со мотор од машина за перење ова може да се направи.Пошто некои пишуваа за алтернатори па си викам дај да  го објасниме принципот на работа,да пишам што знам вака за алтернатори.А после пишувавме и за алансер во другата тема малце се помешаа работиве првин даниел незнаеше дали е алансер дали е алтернатор.Но нема везе нели за малку офф топик ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Прво бутел  сите одговори не беа офф топик!  потоа  темата што се згреши се згреши од една премина во друга па во трета, потоа јас бев прв иницијатор како да се направи брусач од машина за перење али пак продолжи да се зборува со поврзувања на алансери и 300 тракатанци, потоа предлагам  да се заклучи темата пошто нема смисла некој да бара едно, а да најде скроз друго во истата тема под исти наслов.. ;)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Е така е најпаметно ако пак продолжи да се збори за алансери,алтернатори одма клуч.Што кажавме кажавме за алансерине,алтернаторине и сега толку околу нив.Членовите кои сакаат да прават од мотор од машина за перење брусалка нека си прават јас еве претходно горе им го објаснив принципот на поврзување на моторот од машините.И ако има проблем и визуелно ќе им дадам шеми.Но пак се разбира сите мотори од машини се со шест изводи тоа кај постарите.А сега сите ги прават со 5 изводи жици.И за 5 пишува во еден мој претходен пост во темава.Така кој ќе се одлучи да прави брусалка од мотор од машина за перење и ако има проблем со поврзувањето нека пише.А ако се збори за алтернатори или други не поврзани работи клуч. ;D.Ако е така членот нека го го смени и насловот нека пише изработка на брусалка со мотор од машина за перење. 8).И да нема више мешање со алтернатори. :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
 за 1500 ќе купиш готов, ганц нов, со солиден квалитет за по дома..  стварно не се исплаќа да се мафтав со мотори алнасери, алтернатори вентилатори..

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Зар брусалици има и за 1500 денари.Порано ние многу поскапо ја купивме.Ама може и да не се квалитетни ама ќе ти бркаат работа.Ако не ја користиш многу за некоја професионална работа може да ти заврши работа за низ дома.Е сега членот бара за острење ножеви за тоа ти треба послаба брусалка сигурно и тие не се скапи.Ама мерак пуст.Кога ќе си направиш ти нешто не е исто со купечкото.Си се мачел ама нема везе. ;) ;).Ама незнам дали во денешно време за се ти се исплати да правиш ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline warningteam

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 292
Ако почнеме така порано ова порано она, порано повеќе порано помалце и бензинот беше некогаш 60 денари а сега е скоро 90! Значи се си е со времето има човекот предлози од сите скоро ете му  на дланка нека си одлучи ако треба нека пише за помош! ;)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Се тоа е добро ако имаат мотор ќе го врзат тоа е најмал проблем.Но знаеш ли да им препорачаш некој добар дребонг.Некој добар мајстор кој ќе им го прицврсти каменот и ќе го обезбеди добро ќе стави браници од евентуално прскање.Јас богами незнам некој што работи на дребонг.А за моторот песна е. ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш