Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: angeliste on 12.09.2012, Wednesday, 03:24:21

Title: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 12.09.2012, Wednesday, 03:24:21
Сакам да изработам ламба која ке ми треба во касните и темни вечерни саати над мојата песнарка значи сакам светло над песнарката со што би свирел на гитарата.
 Тоа планирам да го иведам со една стара  Web Camera  и LED диоди да залемам на неа,па сега колку диоди ќе ми бидат потребни,како ке треба да ги врзам и колку волтна батерија ќе ми биде потребна?
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: batka on 12.09.2012, Wednesday, 08:51:10
Многу нејасен опис даваш. Прво ,ако имаш веб камера и ако ја вклучуваш на PC тогаш е лесно да измериш и изведеш 5V од USB-то ( црвена +,црна - ) .Поврзи ги ледиците паралелно,стави еден отпор 220 оми 0,5 вати и терај така.Ако сакаш да правиш посебен уред тогаш не ја расипувај веб камерата ами направи си посебен уред со 3-5 бели диоди и  врзи ги паралелно.Серискиот отпор тогаш би се одредил според напонот- за 12 V би бил 1К 0,5 до 1W,за 9V  - 820 оми итн.
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: bicikle on 12.09.2012, Wednesday, 13:24:34
Искрено, какао што одат работите не се исплати да правиш. Мој совет ти е да земиш едно сијаличе со лед диоди од пазар, околу 200 денари е...
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: batka on 12.09.2012, Wednesday, 14:52:13
Ова нема ниту 50 ден да чини  ;D
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 12.09.2012, Wednesday, 18:16:59
Работата е што сакам сам да ја конструирам,е сега пошто сум слаб со електроника,колку омен отпорник ќе ми треба за 5 лед диоди,и како односно на кое место да го приклучам во шемата
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: batka on 12.09.2012, Wednesday, 19:47:00
Колку си стар,си учел ли електроника? Знаеш ли што е паралелна и сериска врска? Мислам добро објаснив - 3 до 5  диоди во паралела и сериски со нив отпорник според напонот на батеријата.И нема што да конструираш,само пази на поларитет на диодите и батеријата.Толку. Иначе сум видел нешто слично направено од цевче за сок,оние со виткање ,на кое имаше 3 ЛЕД 5 мм од сјајно белите.На крајот на цевчето имаше мал утикач и батерија 9В на која стоеше целата конструкција.Добро,практично и духовито.
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 12.09.2012, Wednesday, 20:20:49
Еве како да ги врзеш, ако сакаш на USB да ги врзеш ;). Може да си „поиграш“ со вредностите на отпорностите, може малку да ги намалиш (на пример, 100 ohm-и) ако сакаш да светат појако или да ги зголемиш (на пример, 180 ohm-и или 200 ohm-и) ако сакаш послабо да светат ;).

(http://img515.imageshack.us/img515/184/usbledschematic.gif)
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: bicikle on 12.09.2012, Wednesday, 20:53:02
хммм... треба да работи ан батерии или на усб? треба да е лесно пренеслива со добра автономија или да е фиксна(на пример само за во соба ќе ти ттреба, или и за заведување девојки покрај плажа  :D )....
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 01:24:53
Па сум учел во училиште електроника,сум изработувал електронски плочки и разни сваштарии,но сето тоа шаблонски поставено,ништо немам конструирано сам,инаку сакам ламбата да работи на батерии со што би била пренослива.
инаку како што гледам по шемата треба пред секоја диода отпорник,ќе може ли да  поминам со еден отпорник сериски врзан со паралелната врска на диодите,затоа што немам многу место за маневар :D
Благодарам на советите  :)
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: batka on 13.09.2012, Thursday, 08:21:19
Ako  си изработувал плочки и си правек некои работи нема потреба *да конструираш* вакви работи.Тие се веке конструирани.Пази на изводи А/К на ледиците и можеш еден отпорник да ставиш со тие вредности,ама да биде појак ( од 1W најдобро).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: mkfe on 13.09.2012, Thursday, 09:10:51
Здраво angeliste,

Некои web-camera имаат вградени бели LED за осветливање. Ако ти треба да ја користиш истовремено и web-camera-та, размисли.... Дали твојата камера има вградени LED?

Во врска со поврзувањето на USB. USB-то има ограничен извор на енергија која може да ја даде. Така да ако сакаш да имаш поголема светлина, а да не те ограничи max. енергијата која ја дава USB портот (кажано како max струја во [mA]), тогаш ќе треба секоја капка да ја искористиш.

Размисли за шема:
(v1) Ако работниот напон на LED-овите е помал од 2.5V, можеш да врзуваш во серија по две од нив (за да може да ти работаат на 5V) и во серија отпорник (наместо за секоја LED по еден отпорник, бидејќи загубата на енергија е во отпорникот.)

(v2) Да употребиш шема, switch-инг претворувач DC-DC, која на влез прима стабилен напон од 5VDC, а на излез дава стабилен струен извор за напојување на LED диоди, а нив да ти се поврзани во серија, или паралелно такви групи.

Ако светлината што ќе ја добиеш од шема во форумот од претходен пост те задоволува, тогаш мојот пост игнорирај го, бидејќи (v2) е поскапа варијанта.

Поздрав,
mkfe.
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: batka on 13.09.2012, Thursday, 14:55:04
Колега ,многу му напиша ама тешко да те разбере.Најдобро е летком во раце па по шемата која ја стави Гига.Иначе ништо од конструкцијата.
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 16:38:59
Размисли за шема:
(v1) Ако работниот напон на LED-овите е помал од 2.5V, можеш да врзуваш во серија по две од нив (за да може да ти работаат на 5V) и во серија отпорник (наместо за секоја LED по еден отпорник, бидејќи загубата на енергија е во отпорникот.)

Да, ама тие што се bright white имаат и поголем пад на напон од 2.5V, некои од нив може да имаат и околу 3.0, 3.2, 3.3, 3.5V, зависи од модел до модел, серија, итн. Ако врзе две такви во серија, можно е и воопшто да не му светат :D. Затоа и ја предложива оваа комбинација, бидејќи е сигурна ;). Какви сакаш диоди стави во оваа комбинација, сигурно ќе светат ;). Можно е да треба само да се штелуваат малку вредностите на отпорниците за да се извади од LED диодите максимална сјајност, но нема некое поголемо подесување освен тоа ;). А околу дисипацијата на моќност на отпорниците, да, ќе се јави дисипација на моќност (што значи дека дел од моќоста што може да ја даде USB портот неповратно ќе се претворува во топлина), се разбира, тоа е неминовно, но барем сигурно ќе светат ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: bicikle on 13.09.2012, Thursday, 16:45:56
Незна зошто му давате шеми за усб кога човекот сака да направи нештото да работи на батерии?
Значи за нештото да биде покомпактно, прво најдобро е да најдеш батерија од телефон или ли-ион батерија, со што уредот ќе работи на една батерија. Во спротивно ќе работи на 2 до 3 батерии.
Ако најадеш батерија од телефон, едносравно ќе поврзиш неколку диоди паралелно, ќе ги туриш на батеријата и готово. Батериските телефони имаат напон од 3.6-3.7 волти, така да нема да имаш никаков проблем.
Бидејќи литиумските батерии имаат напон од 4.2 волти, ќе додадиш еден отпорник од 22 оми 2 вати помеѓу плусот од батеријата и плусот од диодите, односно да биде среиски врзан. Вредноста на отпорникот не е критична, може да пробуваш со вредности блиски до оваа, но не треба да биде со помала вредност од 15 оми, доколку не користиш повеќе од 10 диоди.
Батериите имаат напон од  1.5 волти. Доколку ти брка работа светлинада добиена со поврзување сериски на 2 батерии, односно од 3 волти, тогаш само треба да ги повзиш и тоа е тоа. Доколку сакаш малце појака светлина треба да врзиш сериски 3 батерии, но ќе мора да ставиш отпорник од 22-47 оми 2 вати (слично какао кај литиумската батерија, но овде бидејчи напонот е 4.5волти, погигурно е отпорникот да нема помала вредност од 22 оми)
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 16:51:14
Незна зошто му давате шеми за усб кога човекот сака да направи нештото да работи на батерии?

Епа јас не го сватив така ;D. Он нешто спомна USB, камера, ова она, и јас помислив дека сака на USB да го врзе ова чудо ;D.

Шемата е иста и за батерии, со таа разлика што врендоста на отпорнците ќе треба да се дигне на околу 200 или 220 ohm-и ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 17:16:18
Сума сумарум,за 5 паралелно поврзани диоди,вклучени на напон од 9в,,ќе ми биде ли доволен само еден отпорник од 850 оми
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 20:22:46
Сума сумарум,за 5 паралелно поврзани диоди,вклучени на напон од 9в,,ќе ми биде ли доволен само еден отпорник од 850 оми

Не би препорачувал паралелна врска (директна) на повеќе диоди. Секоја од нив има различен пад на напон, дури и да се од иста серија и ист производител, падовите на напоните никогаш не може да им бидат идентични. Така да, една диода ќе свети појако, една послабо, а некои може и воопшто да не светат.

Затоа, препорачлива е паралелна врска на диоди, но секоја да си има засебен отпорник од по 0.25W, како на шемата од овој post.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9303.msg81842#msg81842
Ако користиш батерија од 9V, тогаш отпорноста треба да биде поголема, на пример, јас би пробал со 470 ohm-и отпорник (не вршев пресметки за оваа вредност, „од ракав“ ја истресов ;D), ако многу јако светат, ќе ја зголемиш малку отпорноста (на пример, 560 ohm или 620 ohm), ако светат многу слабо, ќе ја намалиш отпорноста (на пример, 330 ohm или 390 ohm). И онака се отпорниците евтини, по еден денар е еден, така да, не гледам причина да не пробаш ;). А плус, и нешто ќе научиш ;).

Во однос на бројот на диоди, ако се bright white, од оние помоќните, да, 5 би биле доволно и јас не би ставал повеќе од тоа, инаку, батеријата многу брзо ќе се испразни ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 20:25:26

Што би ми препорачал како друг извор на енергија?
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 20:42:20
Што би ми препорачал како друг извор на енергија?

Имаше пишано bicikle да пробаш со Li-Ion-ска батерија од мобилен, но за ова ќе треба да се прави и систем за полнење на батеријата (не се како Ni-Cd или Ni-Mh, остави ги на полнач и заборави се ;D, Li-Ion батерија ќе се упропасти ако нема контрола на полнењето, како што има во мобилните телефони). Дури и да планираш да ја полниш на мобилен, а да ја „празниш“ со LED диодиве, повторно, батеријата ќе се зезне бидејќи освен тоа што не смее да се наполни над определена граница, не смее ни да се изпразни под определена граница, а ако се наполни или испразни под или над овие граници, батеријата (во принцип) е неупотреблива :S. Така да, ова не е едноставно решение.

Ако веќе мораш да користиш батерии, купи си батерии на полнење од 1.2V неколку (на пример, 3 или 4) или една од 9V ;). Ni-Cd или Ni-Mh, било што од ова би ти одговарало бидејќи векот на траење на овие батерии не им се скратува значително ако се преполнат ;). Од друга страна, не може да дадат толку mAh како што може да дадат Li-Ion-ските батерии за исти димензии на батеријата (исто така, и тежнина, Li-Ion-ските се многу полесни од Ni-Cd и Ni-Mh батериите).

Можеш да ги врзеш на USB од некој транспортен уред, на пример лаптоп... што и не е баш толку транспортно :S, така да, ова решение е само за ситуации кога со себе го имаш лаптопот.

Мене лично ако ме прашуваш ;D, би си купил еден Nokia, Simple модел, скоро сите Simple модели имаат светилки на врвот од телефонот, баш како батерија ;), светат прилично јако (имам таков телефон, дефинитивно може да се читаат партитури со него, сум пробал ;D), може многу долго да свети (мислам дека еднаш така ја заборавив да свети светилката, сум заспал, се будам наредниот ден, светилката уште свети, а батеријата, само две цртки и се исторшиле ;)), така да, тоа би бил мој избор ;D.

ПС: Сега ми текна дека има и Li-Ion-ски батерии во форма на AA или AAA батерии ;). Во нив има посебен систем за полнење, така да, не мора да се пази дали ќе се преполни батеријата или не ;). Едноставно се става на обичен полнач и батеријата сама си врши контрола на тоа колку е полна или не ;). Две вакви батерии би ти биле повеќе од доволни ;). Секоја дава напон од 3.6V или 3.7V, така да, ќе имаш една за резерва и една за користење ;). Повторно, не би препорачал директно да се врзат овие батерии за LED диодите, бидејќи по некое време, диодите ќе почнат да зезаат (да не објаснувам што, зошто, како... наједноставно... ќе се зезнат). Прво врзи ги преку еден отпорник од 47 ohm, ако прејако светат, зголеми ја отпорноста, ако преслабо светат, намали ја отпорноста ;). Вакви батерии немам видено по продавнициве во Скопје, но во Алфа во Битола има вакви батерии ;). Ако некој знае каде има и во Скопје, нека пише ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 20:45:27
Како што иде работата,ништо нема да биде од мојата замисла  :(
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 20:51:04
Како што иде работата,ништо нема да биде од мојата замисла  :(

Друже, ама ти не спомна кои ти се на тебе приоритетите ???.

1) Да биде транспортна (да користи батерија, да не работи на напојување на транспортен уред, како лаптоп).
2) Светилката да работи на батерија за полнење.
3) Светилката да работи на обични алкални батерии.
4) Колку јако да свети, дали да има повеќе диоди или само една.
5) Колку време треба да свети, дали треба да свети, еден час, два, три, или цела вечер.
6) Дали треба да има дршка да се монтира некаде или ќе се држи рачно.

Ти ништо од ова немаш одговорено. Пишуваме врз база на информациите кои ни се дадени. Затоа постојат 1000 и кусур решенија за ваква работа, а не едно ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 20:55:52
Светилката треба да биде транспортна,во кое и време да ја вклучам, да работи непрестано 3 саата,да користи било каква батерија,по можност да се полни,треба да свети доволно јако за да би можел да читам од песнарката,а за дршката,надворешниот изглед,сам ке се погрижам.На мене  ми е битна електронската шема и напојувањето секако,затоа што нејкам секое второ вклучување да купувам батерија
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 13.09.2012, Thursday, 21:03:36
Светилката треба да биде транспортна,во кое и време да ја вклучам, да работи непрестано 3 саата,да користи било каква батерија,по можност да се полни,треба да свети доволно јако за да би можел да читам од песнарката,а за дршката,надворешниот изглед,сам ке се погрижам.На мене  ми е битна електронската шема и напојувањето секако,затоа што нејкам секое второ вклучување да купувам батерија

Во тој случај, еве ти го решението, ако успееш да најдеш вакви братерии ;).

ПС: Сега ми текна дека има и Li-Ion-ски батерии во форма на AA или AAA батерии ;). Во нив има посебен систем за полнење, така да, не мора да се пази дали ќе се преполни батеријата или не ;). Едноставно се става на обичен полнач и батеријата сама си врши контрола на тоа колку е полна или не ;). Две вакви батерии би ти биле повеќе од доволни ;). Секоја дава напон од 3.6V или 3.7V, така да, ќе имаш една за резерва и една за користење ;). Повторно, не би препорачал директно да се врзат овие батерии за LED диодите, бидејќи по некое време, диодите ќе почнат да зезаат (да не објаснувам што, зошто, како... наједноставно... ќе се зезнат). Прво врзи ги преку еден отпорник од 47 ohm, ако прејако светат, зголеми ја отпорноста, ако преслабо светат, намали ја отпорноста ;). Вакви батерии немам видено по продавнициве во Скопје, но во Алфа во Битола има вакви батерии ;). Ако некој знае каде има и во Скопје, нека пише ;).

Ако не, остануваш со идејата за Ni-Cd или Ni-Mh батерии. И тоа е добро решение, но не мислам дека ќе тера ова решение цели три часа. Барем не со bright white LED диоди и не со константен интезитет (ќе светат, ама ќе светат најјако првиот час, па потоа вторит малку послабо, па уште малку послабо... мислам дека разбираш).

Во принцип, тоа што го бараш го имаат само телефоните... јас друг ваков уред, барем во МК немам видено. Има „рударски“ светилки со вакви перформанси кои работат на Li-Ion-ски батерии и се многу робустни и издржливи, се полнат на USB или со посебен полнач (најчесто, стигнува заедно со светилката), дури некои од нив (барем што имам гледано online) имаат и држачи, така да, не значи дека мора да се монтираат само на глава, може да се постават и некој статив или нешто слично (имаат штипки). Ако го бараш ова, кај нас не се наоѓа, а и да го најдеш, ќе има цена од 1000 или 1500 денари. Така да, не знам колку ќе ти се исплати :S. А online, има вакви работи, се продaваат и се бааги поевтини отколку кај нас, така да, ако сакаш, може online да си нарачаш.

Изборот е твој, јас ти понудив неколку решенија, па сега, ти размисли си ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: angeliste on 13.09.2012, Thursday, 21:21:49
Blagodaram na pomosta :)
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: bicikle on 14.09.2012, Friday, 04:35:55
Според мене бартерија од телефон која ќе ја полниш на телефон и само врзи ги батерите ти е најдобро решение и најдесноставно,единствен недостаток на овој предлог е тоа што цената на овие батерии е малце повисока, но затоа: во телефгонските батерии има страбилизатори регулатори компаратоти така да нема потреба да се грижиш дали ќе се ја оставиш предолго да се полни или да се празни. Ако се испразни под одредено ниво сама се исклучува. Исто ако дојде и до краток спој си има самата заштита, а  телефон кој веќе го имаш  можеш да го користиш какао полнач.
ако имаш полнач за 9в батерија, проблемот е решен, треба само да ставиш отпорник од 56 оми за 5 диоди да ставиш прекидач и да го пуштиш прекинувачот.
патем, батерија за телефон би "светела" 8-12часа, во завбисноост од типот на диодите и од типот на батеријата.
9 волтна батерија би траела 4-15 часа....

Споено мислење: 14.09.2012, Friday, 04:43:28
еве тука имаш и програмче за пресметуване на отпорник, доколку користиш батерија над 3.6 волти....
Code: [Select]
http://led.linear1.org/led.wiz
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: GigaWatt on 14.09.2012, Friday, 06:43:17
Според мене бартерија од телефон која ќе ја полниш на телефон и само врзи ги батерите ти е најдобро решение и најдесноставно,...

Не, не е најдобар. Батеријата ќе ја зезне во рок од неколку дена (сум пробувал вакви „деветини“) бидејќи, колку што е лошо да ја „преполниш“ Li-Ion-ската батерија на мобилниот телефон, толку е лошо и да ја „препразниш“.

ПС: Извини, сега го прочитав ова ;).

...единствен недостаток на овој предлог е тоа што цената на овие батерии е малце повисока, но затоа: во телефгонските батерии има страбилизатори регулатори компаратоти така да нема потреба да се грижиш дали ќе се ја оставиш предолго да се полни или да се празни. Ако се испразни под одредено ниво сама се исклучува. Исто ако дојде и до краток спој си има самата заштита, а  телефон кој веќе го имаш  можеш да го користиш какао полнач.

Да, ако ја користи така, нема да има проблем ;). Едноставно нека залеми две жици за + и - изводите од батеријата и тоа е тоа ;). Ама па тогаш треба да купува цел телефон и да се пушта истиот (без притоа да врши никаква функција) само за да може да врши контрола врз нивото на батеријата... не викам дека не е решение, ама премногу „крпење“ е, барем според мене... се разбира, секој со своите убедувања ;).
Title: Одг: Како да направам ламбичка која работи на батерии
Post by: bicikle on 16.09.2012, Sunday, 10:14:34
не морља да ја залеми, може и друг вид на конектори да срави, нема да врви 50 ампери струја па да треба кој знае какаов контакт, може и две федерчиња од упаљач да стави. нешто какоа далечинските да испадне. Патем има разлика од диода до диода, не велам не, но гарантирам дека нема да се приметува со голо око, имама направено 2 сијалици (за кола и велосипед) од 64 односно 72 паралелно врзани диоди, не се приметува ама баш никаква разлика, а не ни можеш да им погледнеш директно.
Значи треба најесноставен функционален уред, кој нема никаква потреба да се комплицира, се шт треба е да се залемат неколку диоди, отпорник во зависност од батеријата, кутинче едно и прекидаче по желба.