Македонски форум за електроника

Останато => Сè останато => Topic started by: antonio005 on 13.09.2011, Tuesday, 10:53:29

Title: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: antonio005 on 13.09.2011, Tuesday, 10:53:29
знае ли некој од вас како да се стане хостер да хостира ГАМЕ Сервери? знае ли некој некоја добра хостинг компанија што продава VPS и да објасни малце што како треба да се има за да се стане ГАМЕ хостер?
Title: Одг: хостинг
Post by: DX-er on 13.09.2011, Tuesday, 15:40:09
antonio005 бидејки си нов член нема да ја бришам темата, среди си го насловот според правилата
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: GigaWatt on 13.09.2011, Tuesday, 18:32:04
Јас барем, не сум многу по овие работи, можеби некој од помладите членови на форумот ќе може да ти објасни повеќе околу ова ;). Јас уште сум на FPS home playing ;D.
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: kursum on 13.09.2011, Tuesday, 22:39:06
Code: [Select]
http://kgb-hosting.com/
во србија се серверите што значи мал лаг

готови гејминг сервери продаваат
Counter Strike 1.6, Counter Strike source, Call of duty 2 и 4
може имаат и за други игри

имаат и 20% попуст месецов

Во иднина кодирај линкови!
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: antonio005 on 14.09.2011, Wednesday, 11:13:05
не ми требаат готови сервери излгеда не ме разбра сакам да знам ккао ги хостираат серверите како иде тоа...
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: GigaWatt on 14.09.2011, Wednesday, 13:56:25
не ми требаат готови сервери излгеда не ме разбра сакам да знам ккао ги хостираат серверите како иде тоа...

Прво, за да направиш било каков тип на сервер, ти треба статична IP и огромен bandwidth, а во конкретниот случај и многу мал ping. Статична IP не може да ти гарантира никој ISP во државава, барем не за сумата на пари за обичен претплатник, огромен bandwidth со поголем upload одколку download исто така, а за малиот ping, само Телеком може тоа да ти го даде, и тоа само ако користиш fiber optic конекција.

Ако мислеше на градење на ваков сервер на некој странски сервер (не дома), тогаш идејата ти е на место, само не знам колку би чинел просторот и bandwidth-от за ваква работа.
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: Bojan on 14.09.2011, Wednesday, 15:01:32
гига има профи линии од телеком што даваат, ама 2-3000 со секакви попусти може да стигне (ако имаш некој вработен таму) и со него можеш да си правиш сервер...
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: kursum on 14.09.2011, Wednesday, 15:15:06
има готови сервер инсталации за игрите за на линукс. може на на впс да се инсталира без проблем.
за инсталација на интернет има доста туторијали зависи која игра ти треба.
инаку ако најдиш добра интернет конекција тука, со добар аплоад, барем 10мегабита може и дома да си направиш сервери. некои постари компјутери ќе најдиш, не мора графички јаки нормално.

инаку добри линукс впс на странски сервери може да најдиш и за 30$ месечно.
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: batka on 14.09.2011, Wednesday, 16:19:53
гига има профи линии од телеком што даваат, ама 2-3000 со секакви попусти може да стигне (ако имаш некој вработен таму) и со него можеш да си правиш сервер...

Прво,не можеш секаде да добиеш пример 50Мб/сек. Многу зависи од линијата.Иако имам профи-линија,ама без оптички приклучок сеуште , нема теорија во секое време да биде брзината иста. Има полно проблеми,поготово ако си некаде на локална периферија.Ако си пак на некој од кабловциве.... теорија нема линијата * профи* да биде,барем во остатокот на МКД ( надвор од Скопје!) ;D
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирањ&#
Post by: Bojan on 14.09.2011, Wednesday, 16:48:59
за кабловски тоа фала богу нема шанси да имаш профи линија, ама и како што кажа зависи од линијата, порано брзината ми беше 9kbps, и спојот од бандера што е накај нас го преправив онака асално ги поврзав тоа жиците и рипна на 15kbps и така си тера сега. а и фала богу дека нема шанси брзината да ти е 50мб/сек кога е преку бакар, да е оптика колку сакаш толку може да шиба :)

едит...

со татко ми сега правев муабет за тоа и он вика ако линијата е симетрична по една линија може најмногу по 5мб да оди (5мб аплоад и толку даунлоад), и може до максимум 8 линии да се пуштат до корисник и да си имаш интернет со 40Мб/сек... тоа било со опремата сега што ја имаат :)
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: batka on 14.09.2011, Wednesday, 17:13:00
Да,ама тоа важи за Скопје каде до свичот/рутерот иде фибер -оптик кабел! Јас во Велес и 5000 ден. да платам немам шанса да добијам ни приближно таков квалитет!!
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: SKOLS_OLD on 14.09.2011, Wednesday, 17:26:07
Да,ама тоа важи за Скопје каде до свичот/рутерот иде фибер -оптик кабел! Јас во Велес и 5000 ден. да платам немам шанса да добијам ни приближно таков квалитет!!
еден оф-топик,Батка тебе колку ти изнесува брзината на нетот?
И колку ќе биде брзина на оптички кабел во однос на овие бакарниве водови?
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: batka on 14.09.2011, Wednesday, 17:30:08
Морам да одам и да се исклучам - пред 2 часа беше 19/ 6,7 пинг 5 ,ама тоа е далеку од *профи*.
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: GigaWatt on 14.09.2011, Wednesday, 23:33:24
И колку ќе биде брзина на оптички кабел во однос на овие бакарниве водови?

Оптика може да тера и до стотици мегабити во секунда (за мултимодни влакна со градиентен инденкс на рефкелсија, може и гигабити), само што таа технологија е сеуште „непопуларна“ и неисплатлива. Има некои понови технологии (VDSL, ADSL+, ADSL2...), ама сите се сеупте скапи за обичните домашни корисници и се користат само за бизнис пратнери на компаниите кои ги нудат овие услуги (ова во странство, не знам дали ги има овие технологии кај нас).
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: Devil on 14.09.2011, Wednesday, 23:45:04
сепак на брзината ќе влијае и одалеченоста од операторот, пр. ти живееш до главна централа на телеком од каде што се дели цел нет за цела македонија, од неа земаш ти кабел до дома до кај тебе (500м кабел) ти ќе имаш брзина како што ја нудат тие по флаери и реклами (максимална брзина) јас во битола после ххх километри ќе имам само неколку мегабита брзина (2-3)
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: GigaWatt on 14.09.2011, Wednesday, 23:58:57
сепак на брзината ќе влијае и одалеченоста од операторот, пр. ти живееш до главна централа на телеком од каде што се дели цел нет за цела македонија, од неа земаш ти кабел до дома до кај тебе (500м кабел) ти ќе имаш брзина како што ја нудат тие по флаери и реклами (максимална брзина) јас во битола после ххх километри ќе имам само неколку мегабита брзина (2-3)

Затоа се ставаат таканаречени NTU-а, repeater-и и други уреди (искрено, за дел од нив и не ми текнува како им беше стручното име ;D), тие го „обновуваат“ и препраќаат сигналот кон централата, тоа е цела наука, пресметки има еден тон, од оддалеченост до колку корисници има на дестинацијата каде што тоа треба да се спроведе, до колку корисници би се приклучиле, колку би се проширила мрежата во наредните (на пример) 10 години... голем процент од телекомуникационата наука е во принцип статистика и предвидувачки алгоритми (алгорими за распределба на веројатност), не е баш просто ;). Како и да е, има начин се да се постигне ;).

Кабелските оператори (барем кај нас) немаат ни опрема ни кадар за да може да направат ваков зафат, да стават оптика или ја направат целата мрежа стабилна низ целата држава, поради тоа и не им се некоја голема конкуренција на Телеком. Во Македонија, само Телеком има такви способности, нитуедна друга компанија (можеби Телесмарт, ама они не се „бафтаат“ со вакви работи). Телеком имаа и доволно стручен кадар, и кадар со огромно искуство, како и многу опрема на располагање, која кабелските оператори ја немаат (а колку што имам чуено, не ни сакаат да ја набават, пред се поради тоа што немаат кадар кој ќе знае да ја подеси и да ја работи таа опрема, а и да најдат таков кадар, за парата која ја нудат никој нема да сака да се нафати на тоа :S).
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: kursum on 15.09.2011, Thursday, 01:58:57
отидовме оф топик

можат кабловските да направат стабилна мрежа. кабелтел еве сега прават нешто што телеком нема да го направат за 10 години. такви интернет понуди телеком нема никогаш да има затоа што се премногу алчни.
нормално некои на кебелтел повремено се жалат, но кога се работи на мрежата нормално е некаде да има прекини.
верувам дека до крајот на годинава кејбелтел во скопје ќе имаат екстра мрежа со брзини на интернет кои се споредливи со нормалниот свет.
штета што тука кај мене нема кејбелтел, па морам од овие пед*риве т-хоум да користам интернет.
Title: Одг: барам некој што се разбира од хостирање на гаме сервери.
Post by: GigaWatt on 15.09.2011, Thursday, 02:42:19
штета што тука кај мене нема кејбелтел, па морам од овие пед*риве т-хоум да користам интернет.

Не е лошо малку да се припази на јазик, ако не повеќе, барем ставајте ѕвездички ;).



Инаку, навситина е отидена темата off-topic, добро е што не мора секогаш ние (администрацијата) да потсетуваме дека нешто е отидено off-topic ;).