Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: aleksandar on 19.02.2010, Friday, 22:48:19
-
Дали некаде во Скопје или во Македонија има некоја фирма што продава или евентуално произведува магнети? Барав во „Златна книга“ и општо на Гугл но не најдов ништо.
-
На какви магнети мислиш?
-
Значи вака, феритни магнети можеш да направиш и сам, треба да видиш од каде можат да се набават феритните јадра (торусите), знам дека еден битолчанец ги набавуваше на големо од некаде ама не знам од каде :) После тоа ти треба магнетизатор (уред - калем кој се поврзува на 220V) и за неколку минути го магнетизира перманентно торусот. Типот од битола ја користеше оваа работа бидејќи произведуваше сам звучници.
Но ти можеби си заинтересиран за тие многу силните неодимиумски магнети (што изгледаат како да се од хром светли и мазни) тие можат да се набават за жал само од странство, најблиску имаш во грција и во хрватска но за жал неможам да ти посочам фирми, само знам дека некои луѓе од таму набавуваат.
-
Мислев дали можат да се набават обични магнети, на пример алнико магнети во вид на прачка или слично. А тоа за магнетизирањето, сум слушнал дека било кој челик може да се магнетизира со помош на калем, вистина ли е тоа?
-
Хммм, челик...не, треба да е специјално меко железо за да може да остане намагнетизирано, иначе се друго губи магнетизам за неколку саати :) Меѓутоа железото е слаб магнет, мора да најдеш ферити (како што се магнетите за звучници) а за магнетизатор се прави од стар трансформатор и диода.
-
Ќе ти биде ли проблем подетално да го опишеш тоа? Како се поврзува магнетизаторот, диодата, каква диода итн. ?
-
Значи отприлика вака. Земаш трансформатор со потребната големина на телото за да биде иста големина со магнетот кој сакаш да го магнетизираш... и да биде минимум 500W. Ги растураш лимовите Е и I. Ги редиш само Е лимовите за да добиеш „отворен“ трансформатор. Приматор на трансформаторот (220 волтниот дел) го поврзуваш на 220 волти но преку моќна диода (барем 6А) за да трансформаторот добива само една (позитивна) полупериода од наизменичната струја. Не користете грецов спој ако не сакате да се запали трансформаторот!!! Само 1 моќна диода. Магнетот (торусен или труг тип) го ставате на местото каде што требаше да стојат I лимовите на трансформаторот за да го „затворите“ магнетното коло. Го вклучувате трансформаторот на 220 волти притоа пазејќи да не прегрее трансформаторот (ако грее правете го ова со паузи). За силна магнетизација (за разбира зависи од моќта на употребениот трансформатор) доволни се неколку минути. Се надевам е јасно меѓутоа ова не го препорачувам на почетници бидејќи има растурање на трансформатори и работа со 220 волти и можност за прегревање и пожар и затоа да се прави ова со ГОЛЕМО ПАЗЕЊЕ.
-
lesno do magneti
treba da najdes rasipan hard disk i vo nego imas odlicnii dva neodim magneti besplatno
posle od rasipani zvucnici
-
јас имам еден расипан хар диск каде мижам да ги најдам тие магнетчиња
-
јас имам еден расипан хар диск каде мижам да ги најдам тие магнетчиња
Магнетите ти се наоѓаат на самата глава од хард дискот. Расипи ја нејзе и ке видиш дека има магнети.
-
ок а дали може да се искористи и за нешто друго осем за магнети
-
ок а дали може да се искористи и за нешто друго осем за магнети
Па ако не е расипан моторот што ги врти плочите од хардот може да го искористиш и него, инаку тоа ти е чекорен мотор кој се контролира на посебен начин. Така со него можеш да направиш мини брусилка за острење ножеви, потоа целиот хард диск можеш да го направиш да ти покажува време и сл.
-
зарам има толку мокен мотор
-
зарам има толку мокен мотор
Можеби нема да е толку моќен за да го држиш претиснат ножот, но врти со 5400 до 7200 ротации во минута. И повремено благо потстругнување ќе го наостри ножот.
-
а дали имаш да ми дадеш шема како да направам да покажува време
-
Еве Генератор од магнети од хард дискови:
http://www.theworkshop.ca/energy/hdgen/hdgen.htm
Еве како да направиш часовник од хард дискот:
http://alan-parekh.com/projects/hard-drive-clock/
http://www.elektroda.pl/rtvforum/viewtopic.php?p=6984995
http://sensi.org/~svo/strobeshnik/
Еве тесла турбина од плочи на хард диск:
http://www.phys.washington.edu/users/sbtroy/Tesla_Turbine/Tesla_Turbine.html
-
интересно нема што
-
Јас имам два хардиска кои не работеа и им извадив сите ѕрцки од нив при што моторите со електрониката останаа бидејќи на едниот му работи целосно моторот (има закон вртење), а другиот нешто ми прави заврти паузирај заврти паузирај - незнам што му е нему.
И што ми беше муабетот, можеби ќе ми текне да направам нешто со нив. Пр. Часовник :)