Македонски форум за електроника
Останато => Сè останато => Topic started by: GigaWatt on 17.01.2019, Thursday, 19:03:53
-
Ултра брз, или лепак што се стврднува под дејство на ултра виолетова светлина, исто е. Не напишале колку нанометри се, и мене ми изгледаст идентични.
И мене ми изгледаат исти ;).
А да, и ми стигнаа кернерите, одлични се ;).
-
Тогаш оди в корпа. Ауу да кернерите се закон, и за ппк и за метал и за дрво. За стакло едино не чинат :D
-
За стакло едино не чинат :D
Зависи што ти е целта :P :D.
-
Е да, за итни случаи пак е топ :)
Леле колку чеканчиња за стакло(или како се викаа тие црвените) се искрадоја од афтобусине...
-
тие дечки кирнери се викаат кај нас, кирнирање е чукањето...а на англиски center punch ги викаат. Ме заинтересира муабетов, дали имаат убав удар за алуминиум и мек челик ме интересира, дали му е врвот доволно јак?
и исто, мислам дека може од волфрамови бургии скршени да му смениме само врвот и да буши се живо ако има добар удар.
Иначе, јас рачно чукам за све во машинство со кирнери челични, некои од бургии....а најдобар кирнер можете да си направите од винт бургии (врезници) скршени, само на убаво камче на тоцило направите еден тап агол убав и то нешто нема смрт.
а за убави нарезници и винт бургии барајте стриктно јус стандард, од некој стар алатничар, тоa е машинерија :D
-
И на инокс оставаат добар отпечаток, инаку ок се и тие со чекан, ама овие се далеку позгодни. Има и уште појаки, овие прават дупка за помала бургија до крај 4-ка или 5ка, но се таман за пертинекс и витропласт како и за ѕид, алуминиум некалено железо, челик не сум пробал, во инокс оставаат употреблива дупка, е кај хром ванадиум на пример скоро ништо но тоа сепак е високо калена легура, али од 2-3 пати се познава и тамо. Мене ми беше најмногу за ппк и лимарија и за тоа се покажаа таман.
-
Ме заинтересира муабетов, дали имаат убав удар за алуминиум и мек челик ме интересира, дали му е врвот доволно јак?
Можам да потврдам за тврдо железо (железна шина) и алуминиум дека одлично кирнира и не се тапи врвот ;).
а за убави нарезници и винт бургии барајте стриктно јус стандард, од некој стар алатничар, тоa е машинерија :D
Тешко се наоѓаат веќе, за жал :-\. И Кинескиве не се лоши ;). Имам нарачано урезници од Кинезиве, 3, 4 и 5mm, до сега, добро се покажаа ;).
-
не постои калено железо, само челик може да се кали, а росфрај(инокс) е уствари не’рѓосувачки челик со средна јачина, значи сепак е челик и тоа јак. И хром ванадиум е класа на челик, ама е веќе со 8-9 квалитет и е мнооогу јак :D
Чим во росфрај остава дупче, ќе си порачам еден...за меки челици би ги вервел ко алва...јас не ги преферирам, ама ако работиш како мене (со една рака, во темница ;D хеххе) пример ако со една рака држиш и неможеш да земиш чекан и кирнер, многу се погодни, макар и колку за бележење, па после со асолен кирнер да го лупниш машки :D
-
Секој метал се кали мислам, само нема ефект.
Нема да имаш потреба да го лупак повторно, на не калено железо прави солидна дупка, чим на инокс прави солидна дупка што останало за обично железо. Земи, нема да си пишман.
-
процедура на калење мојш и на путер да извршиш, ама калење нема да се случи. Постои термичка обработка за секој метал...и има различни резултати, ама калење слабо :D
Железото нема доволно јаглерод во себе за да има можност за калење, иноксот може да се кали пошто е челик.
Ќе земам сигурно, да разглеам по шо пари се денојве...мада шо се сомневам дека ќе најдам поевтино од линкот од гига :D
-
Калење како што се сеќавам е подредување на молекули. На тоа мислевв. Ене имам приметено на ладилниците што се, ако го прегрееш после станува драсртично помек, а е алуминиум (вањда), иако нема потреба од некоја цврстина. Исто и винкла на пример ако ја загрееш на некое место, околу најлесно се витка, различни својства има него предходно а сепак не е челик нити има различито јаглерод. Најново вророто калење го извршуваат со ладење на ектремно ниски температури т.е. да се намали стресот во металот.
100 денара е, нема поефтин :)
-
Ене имам приметено на ладилниците што се, ако го прегрееш после станува драсртично помек, а е алуминиум (вањда), иако нема потреба од некоја цврстина. Исто и винкла на пример ако ја загрееш на некое место, околу најлесно се витка, различни својства има него предходно а сепак не е челик нити има различито јаглерод.
е е то...то е термичка обработка, некои прередувања на молекулите под дејство на топлина да речиме....ти овде ништо не си искалил, си сменал некои својства ама не си го подобрил железото. Уствари калењето е само еден вид на термичка обработка :D
винклата е мек челик, со нулти квалитет...задоволува стандард на челик ама скоро и да не може да се искали...може да се добие некое маало подобрување шо во 90% е само површински зацементирана а не и искалена.
Јачината, цврстината на материјалот, во случајов челикот му ја дава содржината на јаглерод, која што при калење се заробува во молекулите на железото со брзо ладење и со тоа се добива подобрен, кален материјал.
иначе линкот шо го најдов овде немаше шипинг во Македонија.
-
Giga од каде ги порача кернерите, може линк? Претходниот линк, не испраќаат до Македонија.
-
Стифи, додавањето јаглерод мислам поинаку се викаше. баш тоа е тоа што од обично железо го прави челик, па после со термичка обработка ги подредуваш молекулите. Инаку овие два процеси одат заедно за да добиеш ефек. Точно дека ако калиш обино железо нема многу да постигнеш.
едната процедура е оваа, американците го викаат „Quench“,
другата е термичка обработка ака калење, и има ефект само ако материјалот поминал низ првата процедура
и ова не знам што е, може 2 во 1
Никол4е јас нарачав од тука
https://www.ebay.com/itm/Automatic-Centre-Punch-Steel-Spring-Loaded-Marking-Starting-Holes-Hand-Tool-Kit/401544156096?ssPageName=STRK%3AMEBIDX%3AIT&_trksid=p2057872.m2749.l2649
-
абе во муабетов сега на видеово од кликспринг од железо прајт челик....значит буквално вбризгуват јаглерод во материјалот...ова не е веќе термичка обработка него го менува составот на железото.
Стифи, додавањето јаглерод мислам поинаку се викаше. баш тоа е тоа што од обично железо го прави челик
баш првово видео е тоа.
едната процедура е оваа, американците го викаат „Quench“,
Quench е фраза за гасење, за потопување шо е дел од калењето и е второво видео, нема врска со првото.
Во второво видео од ко поминала првата процедура, шо значит од ко веќе имаме челик а не железо, тогаш веќе го кали челикот. Едноставно.
па после со термичка обработка ги подредуваш молекулите
да, да...молекулите на железо и јаглерод се подредуваат.
Во третово видео ова е успешно само на тенки материјали со што ќе се опфати поголем дел, се работи за еден вид термичка обработка, ама е површинско цементирање, креирање на цементит на површина, шо уствари е многу јаглерод и железо со аморфна структура и огромна цврстина и може да се креира само во слоеви. Внатрешноста останува мека и имат моментално еден куп хемикалии кои шо тврдат дека може да се искали мек челик и железо, ама чиста лага е, само површински успева да се протне малку јаглерод и да се зацементира површината додека внатрешноста останува непроменета.
Иако сум скоро електро инженер, 80% од времето последниве години го трошам на металство машинство алатничарство и го имам се ова учено и пробано, зато со сигурност тврдам :D размисли ќе видиш дека за исто зборуваме ама ги имаш помешано термините и процесите.
п.с. кај и да е модераториве нова тема за ова ќе ни отворет хахха xD
-
Како се калеше челикот :)
-
Најважното го заборавивте, tempering ;), по калење челикот е премногу тврд и кршлив, па мора да му се одземе дел од цврстината за да биде употреблив, мене тазе калено парче челик ми пукна како стакло кога ми падна на бетон... :P Цела наука е ова hardening и tempering на челици... 8)
-
Да, цело време се работи за компромис меѓу цврстина и "еластичост“ во зависност од намената на материјалот :D
мене тазе калено парче челик ми пукна како стакло кога ми падна на бетон...
исто... xD
-
Да да истото го зборуваме, само немаме баш соодветни термини зато доаѓа до забуна да речам. Инаку искусните ковачи кога го калат железото го ладат до крај 300 степени по што настанува тоа омекнување ака темперинг.
Него ако имаш некоја литература би ти бил благодарен доколку ми ја пратиш( исли споделиш).
-
Нешто набрзина од интернет на темата метали и нивна обработка, материјалот од линковите е на Српски или Хрватски.
http://afrodita.rcub.bg.ac.rs/~rzoran/6-MM_ho.pdf
http://repozitorij.fsb.hr/626/1/18_06_2009_diplomski_rad_Marko_Paleka.pdf
https://lms.oss.unist.hr/pluginfile.php/43357/mod_resource/content/1/MATERIJALI%20%20II%20skripta%20svibanj%202015.pdf
https://bib.irb.hr/datoteka/665477.Diplomski_rad_Ivo_Matija.pdf
https://repozitorij.vuka.hr/islandora/object/vuka:214/preview
http://afrodita.rcub.bg.ac.rs/~rzoran/VDj-TO.pdf
-
Слабо бг и хр али што разбирам ќе ѕирнам.
-
На Хрватски и Српски се, не се на Бугарски ;).
-
Убава тема, па ај да си прашам, може има некој искуство.
Јас го одржувам уличното осветлување во една општина (поран во две ама нмв..) смрт ми е кога ке побараат нов приклучок/ламба.. многу тешко се наоѓаат вандерми, особено од тие постарите со „тегла“... па ми дојде едно идеиче, бидејќи не се нешто баш комплицирани, од што би можел да направам калап за да можам да направам некое вандермиче?! п.с воедно што материјал би можел да стопам, и да го турам во калапот?! се надевам некој се има занимавано или му дошла идеа, за нешто слично.
-
Алуминиум, не рѓосува и е постојан на надворешни услови, а можеш релативно лесно да топиш и лиеш во домашни услови, разгледај, има еден куп видеа на јутуб.
-
Да тоа, Алуминиумот е најдобар за таа намена, но сепак не знам дали на пример калап направен да речиме од глина при тоа добро испечен... би бил доволно отпорен да можеш да направиш со истиот калап повеќе вандрми.. бидејќи тоа што гледам, со ситна песок.. к***, палци.. некако изгледа досадно а воедно и долга процедура...
-
би требало од глина да крепи повеќе кратно лиење, па можда и од железо би крепел, железото нема да се спои со аломинот, нити па ќе се стопи на 800-900 степена, поготово ако го напудиш со прашина(не знам што е точно ама на некоја ситна песок ми изгледа. Онда има материјал старлит кој крепи температури над 10.000 степени и топ е за вакви работи, само што се држи во најстрога тајност.
-
Калапот-моделот на предметот што го лиеш се обликува од стиропор или восок, околу него убаво се набива се песок, течниот метал после ќе го стопи калапот и ќе навлезе на негово место.
-
Финтава е да не правиш на секое модели... Као калап за колачи на пример.
-
Јас го одржувам уличното осветлување во една општина (поран во две ама нмв..) смрт ми е кога ке побараат нов приклучок/ламба.. многу тешко се наоѓаат вандерми, особено од тие постарите со „тегла“...
Што е ова ???.
-
Калапот-моделот на предметот што го лиеш се обликува од стиропор или восок, околу него убаво се набива се песок, течниот метал после ќе го стопи калапот и ќе навлезе на негово место.
Да друже тоа, ама како ке направиш од стиропор?! фактички вандермата ти е како тегла, со навој за да можеш да го ставиш заштитното стакло.. а навојот тешко рачно да го одработиш.Јас го одржувам уличното осветлување во една општина (поран во две ама нмв..) смрт ми е кога ке побараат нов приклучок/ламба.. многу тешко се наоѓаат вандерми, особено од тие постарите со „тегла“...
Што е ова ???.
по правило е „улична арматура за Живина сијалица 125W со пригушница.. тинтири пинтири..“ ама по познати се околу мајНцторите, како вандерми :) Финтава е да не правиш на секое модели... Као калап за колачи на пример.
Даам само што, некако тешко дека би се изведил калап мисам....
-
Да друже тоа, ама како ке направиш од стиропор?! фактички вандермата ти е како тегла, со навој за да можеш да го ставиш заштитното стакло.. а навојот тешко рачно да го одработиш.
На стиропор можда не, ама на восок лесно може да го обликуваш навојот... Е сега друже, ако сакаш резултати, мора да вложиш малку труд, тоа е.. ;)
Ако не, барај некој со 3D принтер да ти ги прави „вандермите“... :D
-
А нели ги има да се купат?
-
Дајте линк да видам како изгледа тоа чудо „вандерми“ ;D.
-
Еве го чудото...
http://www.maktrade.rs/ARMATURA-STUBNA-ZIVA-125W---HGL-EE-724_14158
.. шо не се користи/произведува уште од пред 10тина години... т.е тешко и Живини сијалици се наоѓаат, а уште потешко пригушници..
(http://www.mediafire.com/convkey/900c/j7ceo06dzf9qq3mzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/99e3/8882gc0ya6qk3cjzg.jpg)
(http://www.mediafire.com/convkey/667c/l34cu9vrg09t6yrzg.jpg)
-
А нели ги има да се купат?
Многу многу, редко се наоѓаат, т.е нови шанса нема да најдиш, можеш само половни и тоа вадени од општини каде што се „софистицира“ де уличното со лед арматури..
-
Је*оте :o... глорифициран држач за сијалици ;D ;D ;D.
Дај не зезај, ова се прави без лиење, без ништо. Само алуминиумска шипка ти треба и еден апкан за виткање на шипката, толку. Се друго се набавува, и фасонки и кутиичка (држач, што и да е) и стеги ;).
-
Је*оте :o... глорифициран држач за сијалици ;D ;D ;D.
Дај не зезај, ова се прави без лиење, без ништо. Само алуминиумска шипка ти треба и еден апкан за виткање на шипката, толку. Се друго се набавува, и фасонки и кутиичка (држач, што и да е) и стеги ;).
имам пробано, 100 начини не еден.. само успеав да направам калап, (преса) со хидраулична дизалица, и тоа за арматура, што одговара на 55W флуресцентна ламба „неонка“ :) :) :)
-
Нели е попрактично да се стави некое лед сијаличе 20-30 вати со рефлектор. Не знам како е политиката на евн, дали таја ги покрива трошоците дали мештаните, но за 50 еу би се нашле солидни водоотпорни рефлектори што ќе светат одлично и долго, а ако се 10-тина куќи еднаш ќе ги дадат парите за следните 5-6 години...
-
@bicikle: Изгледа не сваќаш... поентата е да ги одржува, не да ги направи и да ги заборави :P :D.
имам пробано, 100 начини не еден.. само успеав да направам калап, (преса) со хидраулична дизалица, и тоа за арматура, што одговара на 55W флуресцентна ламба „неонка“ :) :) :)
ОК, ај вака... бидејќи очигледно не разбирам :P :D. Што сакаш да направиш со калап? Мислиш на она што ја штити сијалицата од озгора од непожелни временски услови?
-
Според тоа како изгледа на сликите погоре мислам дека секоја лимарска работилница би можела да изработи нешто такво или многу слично.
Не гледам потреба од калапи лиенје или нешто слично сите метални делови се едноставни нема нешто што би требало да се лие во калап или изработува на некоја специфична машина.
-
Навојот е тежок за изработка. И ттеба да е лесен, не да го свитка држачот.
Гига не размислив дека треба и да се расипува нештото :)
-
Навојот за заштитното стакло на сликата ми изгледа како да е од пластика, ако се направи од некој метал немора да биде со навој може да биде изведено со некој вид на жлеб да се заглави заститното стакло.
Целата арматура е метална или пластична кутија една цефка и парче лим со некој вид на држач за заштитното стакло, според мене секој способен лимар би можел да го изведе тоа.
-
Нели е попрактично да се стави некое лед сијаличе 20-30 вати со рефлектор. Не знам како е политиката на евн, дали таја ги покрива трошоците дали мештаните, но за 50 еу би се нашле солидни водоотпорни рефлектори што ќе светат одлично и долго, а ако се 10-тина куќи еднаш ќе ги дадат парите за следните 5-6 години...
Па искрено, во некои Х ситуации, сум ставал рефлекторчина 50W, кога ке прегори особено чипот, вадиш се од внатре, растураш една лед сијалица, ке ја напасираш плочката на средина, и за изненадување плочка од лед 15w сијалица појако свети од фабричкиот чип. Ама сепак не е тоа тоа..
Иначе, трошоците ги покрива општината, поточно еднаш годишно (по правило) се објавува тендер, аукција шандара бандара, и убаво можат да те споебат другите, да работиш за ич пари ..
@bicikle: Изгледа не сваќаш... поентата е да ги одржува, не да ги направи и да ги заборави :P :D.
имам пробано, 100 начини не еден.. само успеав да направам калап, (преса) со хидраулична дизалица, и тоа за арматура, што одговара на 55W флуресцентна ламба „неонка“ :) :) :)
ОК, ај вака... бидејќи очигледно не разбирам :P :D. Што сакаш да направиш со калап? Мислиш на она што ја штити сијалицата од озгора од непожелни временски услови?
Друже, едноставно само Главицата, во која стои фасонче и на која се навртува заштитното стакло, толку треба, не треба ни цевка ни кутија ни ништо.. Навојот за заштитното стакло на сликата ми изгледа како да е од пластика, ако се направи од некој метал немора да биде со навој може да биде изведено со некој вид на жлеб да се заглави заститното стакло.
Целата арматура е метална или пластична кутија една цефка и парче лим со некој вид на држач за заштитното стакло, според мене секој способен лимар би можел да го изведе тоа.
Алуминиумски се Арматурите.. него знаеш дека има логика, за тоа со жлебот, некој едноставен малце накосен жлеб..
-
Нз колку греат, ако може пластика може и инженерска пластика на дребонг многу лесно ќе се обработи но не држи температура многу.
-
Друже, едноставно само Главицата, во која стои фасонче и на која се навртува заштитното стакло, толку треба, не треба ни цевка ни кутија ни ништо..
Па не мора да е на навртување... мислам дека и dr-mr го спомна тоа.
Фасонките колку што сватив може да се најдат (да се купат... не знам дали се класичните Едисон фасонки за домашна употреба)... може и мало проектче (скица) да се направи во Corel за виткање и сечење на алуминиумски лим, однеси ја скицата некаде кај што извршуваат такви услуги, кажи им да ти го направат тоа во 5, 10, 15 примероци, ќе се свитка лимот, поп нитни за стегање по рабовите и готово ;).
-
Нз колку греат, ако може пластика може и инженерска пластика на дребонг многу лесно ќе се обработи но не држи температура многу.
Греат, колку што грее една Лед сијалица.. п.с каде се наоѓа таа инжинерска пластика? шо пари е?!
Друже, едноставно само Главицата, во која стои фасонче и на која се навртува заштитното стакло, толку треба, не треба ни цевка ни кутија ни ништо..
Па не мора да е на навртување... мислам дека и dr-mr го спомна тоа.
Фасонките колку што сватив може да се најдат (да се купат... не знам дали се класичните Едисон фасонки за домашна употреба)... може и мало проектче (скица) да се направи во Corel за виткање и сечење на алуминиумски лим, однеси ја скицата некаде кај што извршуваат такви услуги, кажи им да ти го направат тоа во 5, 10, 15 примероци, ќе се свитка лимот, поп нитни за стегање по рабовите и готово ;).
Ами сосема обична класична фасонка со Е27 грло.. а и друго, па и не мора да е прицврстена на нешто фасонката, обично ја затегам со жичките/кабелот :) п.п.с едно време едно пријателче на дребонг ми правеше такви, мое беше само да собирам алуминиум да го топам и да правам широки цилиндри.
-
Види/прашај овде
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=1329616
https://zk.mk/plastika-izrabotuvanje-kalapi-i-alati/skopje
https://marketkonekt.com/makedonija/guma-i-plastika/obrabotka-na-uslugi/28.htm
https://inotek.mk/производи-2/
Накнадно и на фб можеш да побараш а имам гледано реклами по патон кога идеш од куманово до пластичарска имаше по мостовите.
-
Ами сосема обична класична фасонка со Е27 грло.. а и друго, па и не мора да е прицврстена на нешто фасонката, обично ја затегам со жичките/кабелот :) п.п.с едно време едно пријателче на дребонг ми правеше такви, мое беше само да собирам алуминиум да го топам и да правам широки цилиндри.
Имаше едно клипче, правеше исто што и дечково на клипов, ама со многу поголемо тенџере (калап :P)... не знам колку лименки стопи, само знам дека фрлаше една по друга додека не го наполни целото. Мислам дека некој русин беше, ама не можам сега клипот да го најдам :P.
Кога ќе размислиш и не е баш така тешко, секој кој има куќа може ова да го прави ;). Земи стари дрва, запали ги, направи жар, стави го во некоја ваква дебела железна лименка и терај ;).
-
од лименките ептен малце аломин излегува, инаку за топење подобри се бренерите кај кои горивото е под притисок наместо воздух (потопли се ), работат и на прегорено уље
https://www.trademe.co.nz/antiques-collectables/tools/listing-1918998318.htm
(http://www.mediafire.com/convkey/f9f2/xwf6dvce442ywtjzg.jpg)
-
Мислам дека е добро да бидат и во темава
https://www.ebay.com/itm/223209369443
(http://www.mediafire.com/convkey/0a7e/jcmp1bd81ejuevezg.jpg)