П.С. Некој пробал да ги искушува границите на едноставноста и успеал, дефинитивно најпростиот двојно-резонантен теслин трансформатор (DRSSTC) што постои, шемата е всушност шема на Драјвер за сплит трафо, некогаш користена како индуктивен греач, но наместо да топи метал, драјвува секундар на теслино трафо во резонанса. Подолу линкови од шема и видео... Кондензаторот треба да се подеси заедно со примарот да имаат иста резонантна фрекфенција како саморезонантната фрекфенција на секундарот...
SSTC using ZVS flyback driver
Малку ја модифицирав шемата:
- 25A ETIMAT6 автоматски осигурувач сериски со колото, за да се осигурам дека било каков краток спој нема да ги стопи жиците.
- 1.5KE180C бидирекционален TVS помеѓу дрејн и сорс на двата мосфети,
- 18V, 3W зенер диоди (анода на сорс, катода на гејт) за заштита на гејтовите
- Отпорниците кон гејтовите беа 200 оми, 5W.
- MOSFET-ите беа IRFP260N
- Таа намотката кон плус што е ми беше направена од 20 навивки мотани со 2mm полна бакарна жица намотана на сино-зелено јадро од компјутерско напојување.
- Кондензаторите што ги ставив беа 4 паралелни кондензатори (2x WIMA FKP1 22nF 1250VDC и 2x WIMA FKP1 1nF 1600VDC)
- Намотката ми беше мотана првично 3+3 намотки, потоа пробав 2+2, па 1+1 навивки со дијаметар на тело 100mm, дебелина на жицата 1,7mm. Најдобро работеше таа со 1+1 навивки. (Најголема моќ во споредба со греењето на MOSFET-ите во сите три случаи)
Првично користев акумулатор 12V 55Ah за напојување на колото, без секундарна намотка, сакав да пробам како ќе работи само како индуктивен греач. Резултатите беа задоволувачки, загреваше шајка од 15cm до вжарување за 20-ина секунди. Време беше за тестирање со секундар.
Го наместив секундарот и добив претерано слаби резултати, секундарот можеше да запали неонка на оддалеченост од 1cm од горниот дел на секундарот. би рекол едвај 700-800V релативно со маса.
Извадив еден кондензатор од 22nF, и еден кондензатор од 1nF, правеше жежок лак што можеше да се повлече до 1cm далечина. Решив да го отстранам едниот преостанат кондензатор од 1nF. Искрата сега се палеше на далечина од 4mm и се извлекуваше до 2cm. беше доволно жешка да стопи дупка низ стаклениот балон од една малечка сијаличка од 5W.
Задоволен од резултатите, решив да ги поврзам двата кондензатори од 22nF сериски за 11nF и да ги поврзам двата кондензатори од 1nF паралелно, вкупно 13nF. Го вклучив напојувањето, во моментот кога го гледав драјверот, краткотрајно светна сина светлина која го осветли драјверот и сите околни неонки светнаа, а се слушаше звук сличен како пиштење кое постепено си ја зголемува фреквенцијата. Додека да погледнам нагоре да ја видам искрата, таа исчезна. Ладилникот беше млак. Се обидов да го вклучам по втор пат- ништо. Ги одлемив MOSFET-ите и ги измерив, двата беа прегорени.
ЗАКЛУЧОК: Иако на изглед колото изгледа релативно просто, ефективно и со сите пренапонски заштити изгледа дека е релативно отпорно на прегорување, праксата ми покажа дека дури и пикофаради промена во капацитетот на главниот кондензатор може да доведе до голема промена на перформансот на целиот склоп. при овие фреквенции на работа ова коло е релативно нестабилно и јакото електромагнетно поле околу секундарот доведува до несакани последици, во мојот случај поради непознати причини изгореа MOSFET-ите. Така да, ова го пишувам за на сите што сакаат да го пробаат ова коло, да им посочам дека не е доволно добро за да се трошат пари на него, затоа што во пракса се докажа дека е релативно нестабилно.