Moe мислење е дека не треба да се охрабруваат млади * научници* кои освен добра воља, напаленост и премалку теориско и практично знаење се зафаќаат со проблематични теми,во кои постои голем степен на ризик да предизвикаат штета за себе ,за околината и имотот. Овие * експерименти* со кои Киловолт се занимава можат да бидат ризични за неговото здравје и живот.Колегава добро кажа - премногу лесно ,наивно и пред се без некоја теоретска припрема покушава да направи уред кој ке дава висок напон.Сум гледал како струја убива луге,мајстори на занаетот,со долг стаж и опремени со заштитна опрема,која или не ја употребиле или го превиделе фактот дека и покрај искуството ,мерките за претпазливост и заштита при работа не ги испочитувале!! Затоа,личномислам дека Киловолт МОРА теоретски да се образува,да види ,прочита и стекне некое знаење,а потоа да врши некои експерименти и прави уреди! Овде се работи за ЕЛЕМЕНТАРНО НЕПОЗНАВАЊЕ на принципите на работа,елементите и процесите на добивање висок напон.Затоа мислам дека постирање на вакви теми ,во кој е содржан ризик опасен по живот,а и на околината и имотот, е бесмислен.Еден кикс и слободно ке бидеш *испечен* или ке гледаш како ти гори инсталацијата во ѕидот! Размисли малку,најдобронамерно!