Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Забава => Topic started by: GigaWatt on 20.11.2021, Saturday, 23:24:47
-
Не беше намерно :D, едноставно, немам адекватен ;D.
(https://i.imgur.com/HkNxjGF.jpg)
ПС: Случајно некој да не има 5.76MHz кристален/керамички осцилатор? ;D ;D ;D
Да не ви се верува... НИКОГАШ, ама буквално НИКОГАШ немам начекано расипан кристален осцилатор во било каков уред со MCU :D. Добро, да бидам искрен, овој е керамички, не кристален, а за нив знам дека знаат да се зезнат под екстремни услови (пад, удар, големи разлики топло/ладно, итн.), иако, да бидам искрен, и за нив немам начекано некој да биде зезнат :D.
ППС: Да не знае некој дали има нешто интересно за слушање од 65MHz до 79MHz на FM? ;D ;D ;D
-
По тој стандард нема радио станици кај нас. Сеуште има во Русија а до пред 10-15 години имаше и во Бугарија. Едино во доцна пролет кога има добри пропагации може да се чуе нешто од Русија на тој банд. Не се сеќавам колку радио станици емитуваат во тој опсег, но се сеќавам на едно Радио Мајак од Русија.
-
По тој стандард нема радио станици кај нас.
Не е по ниеден стандард, едноставно кристалот е со грешна вредност, затоа е изместен FM опсегот ;D. Работи, ама со изместен FM опсег.
Едино во доцна пролет кога има добри пропагации може да се чуе нешто од Русија на тој банд. Не се сеќавам колку радио станици емитуваат во тој опсег, но се сеќавам на едно Радио Мајак од Русија.
Не врзав ни звучник, ни антена. Тоа ми беше наредно во план, баш да видам дали има нешто таму :D. Кога ќе врзам, ќе снимам ;). Искрено, навистина ме интересира :D.
-
Нема ништо од радио дифузни станици со гаранција. Рачните радио станици од производителот Баофенг имаат радио приемник што иде и на тие фрекфенции. Едино што може да се фати се интермодулации од радио дифузери, празни (немодулирани) сигнали и телеграфскиот радио-фар кој емитува морзов код. Локацијата на радио фарот му е на врв на Водно а емитува со 10W некаде на 70-71 MHz.
-
Нема ништо од радио дифузни станици со гаранција.
Па не мислев на радио станици, мислев на тоа „се останато“ :D.
Сега моментално има кристал од 4.318MHz, а треба да има од 5.76MHz :D. Ако му ставам 1MHz, кој знае колку ќе падне надолу подрачјето ;D.
Локацијата на радио фарот му е на врв на Водно а емитува со 10W некаде на 70-71 MHz.
FM модулиран е?
-
Да, ФМ модулација се и тие.
https://en.m.wikipedia.org/wiki/FM_broadcast_band
Радиоаматерите имаат банд на 70MHz ама мислам дека не емитуваат ФМ туку само телеграфија, SSB модулација за говор и дигитални модови.
-
Ај, ќе пробам, ќе си играм :D.