Author Topic: Термоелектричен нож за стиропор  (Read 3838 times)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Термоелектричен нож за стиропор
« Opened on 17.12.2011, Saturday, 20:05:37 (Edited 08.09.2019, Sunday, 07:31:03) »
Конечно го направив склопот, но сеуште го немам пробано оти неам трафо, се скапав барање неможев да најдам па ке чекам некој ден ке треба до скопје со таткоми да одам и таму ке побарам би требало да има.

Еве слики.














stefanjanevski

  • Guest
Што трафо треба за овој уред, мене татко ми ми донесе едно, ми рече дека е за ваков склоп да направам, после тоа го мерев јас на излез дава 28 волти, околу 10 ампери.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Треба трафо од 70-100 W и на излез да дава 18/20 или 24V но можи и на 15V да работи.

stefanjanevski

  • Guest
А оваа дополнителнава плочка за што си ја правел, зашто таа другата е контролата, таа од емитер што е, јас ја имам таа завршено, сега кажи ми за што служи другата.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Другата плочка е заштитата т.е пет отпорници паралелно за ако канталот го згрешиш да не рокне транзисторот. А тој елктролитот и диодите се исправувачкиот дел за напојувањетп(според шемата од емитер). Да те прашам само исправувачот за 24V како го напрај , ако го имаш да ми дадеш шема.

stefanjanevski

  • Guest
Тој од емитер јас го правев, пиши меил на пп, ќе ти го пратам, само нема да можам сеа одма, имам нешто работа.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Многу време и пари си потрошил,ама ист резултат ке добиеш и вака ( на словенски е)Место батерија стави исправувач 5V барем 1А и одмарај го малку поччесто уредот.Или стави некое постаро напојување од ПК на 5V  и грејната жица да има барем 12-15 оми отпор.

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Вака е многу просто, но овај шо го направив јас ке нема потреба од одмарање. Иначе вака, ни трафо, ни плочка, ни ништо.Само постојле, батерија и жица. А батка да не знајш како се пресметва електричната отпорност на жицата според колото( да знам на пр колкава должина и дебелина жица да ставам).

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
R=Ro*L/S

кај што
R-отпор што ке го добиеш
Ro-релативен отпор на материјалот
L-должина на жицата
S-површина на попречен пресек на жицата
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Фала многу

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Вака е многу просто, но овај шо го направив јас ке нема потреба од одмарање. Иначе вака, ни трафо, ни плочка, ни ништо.Само постојле, батерија и жица. А батка да не знајш како се пресметва електричната отпорност на жицата според колото( да знам на пр колкава должина и дебелина жица да ставам).

Во зависност од јачина на трафото еве една табела за пресметка на греач со кантал жица.