Македонски форум за електроника
Други технологии => Сè останато => Topic started by: laze on 05.02.2011, Saturday, 23:34:00
-
за оваа работа имав желба од поодамна и конечно после кратко истражување на интернет и многу експериментирање успеав да добијам пристоен квалитет на штампана плочка. Идејата е со модифициран
принтер да се испринта директно на бакарот па после се пече плочката за да се исуши тонерот и на крај се нагризува.За ова да биде изводливо треба штампач со пиезо глава и можност да печати со мастило на база на пигменти и нели нормално да не е скап . Епсон д92 идеален за оваа намена и со малку повеке труд може да се направим одличен пцб штампач.
modified epson D92 (http://www.youtube.com/watch?v=2I9ToRyfL5k#)
direct pcb printing (http://www.youtube.com/watch?v=IwP66DzPOZo#)
(http://pic.mk/thumbs/0502201296946009.jpg) (http://pic.mk/?v=0502201296946009.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/0502201296946146.jpg) (http://pic.mk/?v=0502201296946146.jpg)
(http://pic.mk/thumbs/0502201101.jpg) (http://pic.mk/?v=0502201101.jpg)
-
Секоја чест. БРАВО :)
-
Супер е ова би те замолил да објасниш подетално ако може све околу проектов
-
многу корисна работа, браво за проектов но знае некој колку пари е принтерот идеален за него т.е. Епсон д92 ? :D
-
Браво супер работа, сега како што спомнаа дај повеќе инфо како се модифицира ..
-
малку сум слаб со време ама инфо ке има , баш се спремам да го растурам цел за пак да го склопам и нели све у еден дел да биде :) па ке сликам све и детално ке објаснам .Инаку д92 е најевтиниот нов печарат што може да се употреби и е некаде 2000 денари ,можеби може да се најде и некој друг на оглас ,само треба да се внимава да има пиезо глава за да може да користи пигментни бои. ова на сликите е првата плочка изработена со овој печатар и како што се гледа бакарот е малку нагризан,сите водови се цели и не се прекинати но ме нервира што е така,најверојатно не беше доволно испечена бојата. Сега експериментирам со различно мастило и температура на печенње и се што ке добијам ке биде објавено тука
-
Браво laze супер изработено т.е модифицирано :). Ова и јас го пратам веќе подолго време на интернет и никако да седнам да го реализирам :D, а имам дома еден инкџет принтер епсон кој не го употребувам и еве ветувам дека кога ќе имам повеќе слободно време ќе се потрудам и јас да го модифицирам за директно печатење на плочки :). Еве уште некое видео и една страна за модифицирање на инкџет принтери ;).
Homemade inkjet pcb printer-1 (http://www.youtube.com/watch?v=6jncYUwvO7g#ws)
Direct PCB printer in action (http://www.youtube.com/watch?v=FkHpjzOhzxA#)
http://techref.massmind.org/techref/pcb/etch/cx4200-vs.htm
-
Секоја ти чест, ОДЛИЧНО, воодушевен сум навистина :)
-
Навистина, и јас ;D, за ова се зборуваше на форумов во темата за тонер трансфер, но не сум видел некој до сега да модифицира ;D. И јас чекам дополнителни информации како да се модифицира ;D ;).
-
јаууу закооон, а тоа другите плочки што ти се за што се???
-
вакво нешто има направено СКОЛС, ама не му беше нешто како што треба така да он ке викаже што како, иначе за 2000 ден е ств корисна и исплатлива работа
-
еве и неколку слики
(http://pic.mk/images/0802201101.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297369842.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297369915.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297369997.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370187.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201102.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370346.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370402.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370450.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201103.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370577.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370624.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370678.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370723.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370788.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201297370833.jpg)
(http://pic.mk/images/0802201104.jpg)
-
А ќе има нешто скици/нацрти како ова може да се изведе?
-
а тоа плочките зашто се??? и ти не си го преправил принтерот, сосема нов принтер си направил :D
-
скици и нацрти немам бидејки е се правено онака во лет, т.е. имам нешто по кое сум се водел јас и се однесува на мојава конструкција така да незнам колку ќе помогне на некој кога би работел со други материјали или што би се рекло кој како ќе се снајде со делови, а и затоа што дизајнот може да се менува во зависност од потребите на тој што би се решил да го направи ова. Замислата ми беше сликите како идеа и ако некој ме праша да објаснам нешто околу конструкцијата па секој да работи со она што има, да реши некој проблем или сосема на различен начин да го изведе принтерот, па сите ќе имаме повеќе можни решенија. Како и да е ако има интерес ќе се фатам за работа и ќе направам скици водени од мојата конструкција заедно со некои подобрувања на пр. лагерите на осовината (страшно многу време ми одзема ) :) а она што се однесува на електрониката да планирам да ставам шеми и да појаснам како уствари све работи
-
а и тоа моторче што ти е со ластиче поврзано зашто е ???
-
step motor најверојарно за движење или ан плочката или на главата... Според мене.
Патем како што забележав има и дополнителна електроника што си ја рпавел самиот, нели треба посебна програма за контрола на истата ...?
Импресивна изведба.
-
не не, тоа моторче му е поврзано со осовина од друг мотор со гумичка, и тоа е поврзано на некоја електроника...па затоа се чудам зашто му е...
-
малото моторче работи како генератор и заедно со плочката до него служат како детектор на движење на осовината и тоа кога се движи осовината на лево електрониката дава континуиран сигнал на еден излез , кога се движи на десно континуиран сигнал на друг излез, а кога мирува оската и на двата излеза има 0.
ова може да се реши и механички па би отпаднал малиот мотор и целата електроника после него но мене вака ми беше полесно.Овие излези понатаму се користат за погонување на H-bridge за пумпата и за тригерирање на електрониката за стартот на штампање и ослободување на кочницата на подвижната плоча
-
скици и нацрти немам бидејки е се правено онака во лет, т.е. имам нешто по кое сум се водел јас и се однесува на мојава конструкција така да незнам колку ќе помогне на некој кога би работел со други материјали или што би се рекло кој како ќе се снајде со делови, а и затоа што дизајнот може да се менува во зависност од потребите на тој што би се решил да го направи ова. Замислата ми беше сликите како идеа и ако некој ме праша да објаснам нешто околу конструкцијата па секој да работи со она што има, да реши некој проблем или сосема на различен начин да го изведе принтерот, па сите ќе имаме повеќе можни решенија. Како и да е ако има интерес ќе се фатам за работа и ќе направам скици водени од мојата конструкција заедно со некои подобрувања на пр. лагерите на осовината (страшно многу време ми одзема ) :) а она што се однесува на електрониката да планирам да ставам шеми и да појаснам како уствари све работи
Не е лошо се ова да се направи како скица и да има шема ;). Не ради друго принтерот е евтин и може да се најде кај нас, на net имам гледно други преправки, ама се или на постари модели кои веќе не се продаваат, или на модели кои не може да се купат кај нас, па дури и да поставил некој скици и нацрти како ја направил преправката, не може да с енајде принтерот кај нас :S. Така да, не е лошо ако можеш да го направиш тоа ;). Никој до нас не се брза, сите ,до некаде барем, имаме разработено една или друга постапка за изработка на плочки ;).
-
Секоја чест ти можеш да отвориш штампара со ова комотно, само дали се исплати т.е. дали троши многу мастило?
-
Ооооодлично laze ;D ;D ;D
-
Браво супер е изведено .