Author Topic: Помош на избор за жици и кабли за автомобилска инсталација  (Read 2183 times)

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Помош на избор за жици и кабли за автомобилска инсталација
« Opened on 24.05.2013, Friday, 09:59:13 (Edited 24.05.2013, Friday, 16:32:30) »
Здраво, како што кажува самата тема , работам со инсталации на автомобили и  механизација (постар тип).
Повеќето жици и кабли ги придавам со каква ќе најдам жица затоа што немам други, и  не ги правам прописно какви по боја и т.н
Ако има некој што знае нека пиши каде ги има во сите бои,  дебелини, правила за поврзување и се што знае за оваа работа, исто така немам никаде сретнато од оние заштитни (да ги наречам) грклани, тоа се оние шупливи црева во кои целиот сноп од жици стои во нив и како таков е позаштитен од надворешни влијанија (вода, прашина и др) . Имам стретнато како овој сноп е изолиран со некој специјален изулир, кој потешко се одлепува...    
Повеќе ако можи за правилата, секоја жица си има свој број и боја, како и за дебелината на жицата колку ампери може да поднесе определен дијаметар (зборувам за лицнаста жица) .....

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Ако стигнам до веќер ќе ти напишам убаво ознаки на кабли, дебелини, и се останато, имам материјал ќе земам ќе препишам од него :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мое мислење е дека кабли (жици, жили) со силиконска изолација би било најдобро решение бидејќи може да издржат високи температури и се прилично отпорни на временска деградација (распаѓање на пластиката со текот на времето поради повишена температура, надворешни „ладно-топло“ влијанија, временски услови, итн.). Единствен проблем е тоа што каблите со сликонска изолација се прилично скапи :S. Еднаш сакав да купам силиконско црево... кога ми кажаа дека метро е 1000 денари, веднаш се откажав.

Кабли со силиконска изолација има во Електроелемент, но и тие се прилично скапи (100 до 200 денари по метар, зависи од дебелината на жилата).

EDIT: Околу групирањето на каблите, можеш да ги искористиш оние спирали како на сликата долу. Единствен проблем е што, исто како и обичните кабли, и овие не се многу отпорни на топлина, а за временски промени... не знам :S.

It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Точно дека силиконските кабли се квалитетни, отпорни на високи температури, но и се скапи. Во возилава немам стретнато проводник со силиконска изолација (можеби има некаде ставено во некој пооделен дел , но тој е краток и служи за посебни уреди , грејач и т.н).  Мислам дека нема потреба од толку квалитетни проводници да се ставаат, а и дека треба да се  ставаат некој најлоши што би дошло до нивно горење. Имам доста стретнато од следнава марка лицнасти жици *Fabrika kablova Zaječar * и доста се еластични и добри за понатамошна употреба , иако се стари 15-20год.  Има можеби и кај нас , се произведуваат во фабриката за кабли во Неготино, имам стретнато по железарии и продавници за  електро материјали. Овие на сликата немаат врска со оваа темава (немојте да ме сватите погрешно) ,во инсталација немам стретнато вакво нешто што наликува на посовремено, со  конектори кој се употербуваат за современи  возила, каде има вградено ЕУЕ и т.н

Споено мислење: [time]24 Мај 2013, 16:29:24[/time]
Ако стигнам до веќер ќе ти напишам убаво ознаки на кабли, дебелини, и се останато, имам материјал ќе земам ќе препишам од него :D
     Ајде чекам  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Овие на сликата немаат врска со оваа темава (немојте да ме сватите погрешно) ,во инсталација немам стретнато вакво нешто што наликува на посовремено, со  конектори кој се употербуваат за современи  возила, каде има вградено ЕУЕ и т.н

Па ни јас не верувам дека има вакви спирални пластики за групирање на кабли, ама па, си викам, ајде да предложам ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Овие на сликата немаат врска со оваа темава (немојте да ме сватите погрешно) ,во инсталација немам стретнато вакво нешто што наликува на посовремено, со  конектори кој се употербуваат за современи  возила, каде има вградено ЕУЕ и т.н

Па ни јас не верувам дека има вакви спирални пластики за групирање на кабли, ама па, си викам, ајде да предложам ;D.
Нема проблем, секој си има свое мислење  ;D

Споено мислење: 24.05.2013, Friday, 17:36:49
Дали можи да се употребуваат лицнасти жици за висок напон од 220 вол.или силиконски жици  за инсталации во возила ,т.е дали ќе смета нешто ако се употреби ваква жица (кабел)?, јас искрено мислам дека нема врска и може да се употреби слободно, се разбира со одреден дијаметар на пр 1.5 мм .
исти е , да за ваква инсталација , да за висок напон.
Ова го прашувам затоа што не знам каде се продаваат проводници специјално за ваква намена, а има доста проводници во продавниците за електро материјали, па можам од нив да си купувам ако е потребно.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
што кола е? Напонот и нема врска толку(бидејќи е до 15в мах) па некој стандард е 220в, така да нема да најдеш жица со напон до 15в, но моногу битна е амперажата. Кај мене во голфон има едни како нишки, низ нив си врви жицата, накнадно може да се уреди со изолирбан или пластични стеги или врфка од коноп(за разлика од пластичните поотпорни се на некои влијанија, ама имаат и недостатоци...) Добро е да ги групираш и подредиш жиците, да не ги наставуваш, и да ги мениш конекторите т.е. папучите(така ги викаат мислам) и жиците да се залемени за конекторите. Кај што врви поголема струја (сијалиците од фаровите на пример), 4-ка жица нема на одмет да ти е ни 6-ка... ако има греачи, минимум 6-ка, а добро е 8ца или 10-ка. Исто и кај моторот за парно и алтернаторот 6-ка или поголема. Зависи колата во каква кондиција е... Уште колку време ќе се вози, ако е за година-две да прокрпиш, можеш секако да комбинираш... ако е за подолгороча експлоатација би требало да е какао шт пишав. Пред некој ден менував маса од акумулатор на сузуки интрудер 1400цц3. Предходната беше поќумурена баш на споевите, а и внатрешно беше оксидирана. Сега нема никаков проблем, бидејќи на спојот со клемите е залемена и заштитена со изолирбан од надворешни влијанија. секако и клемите од акумулаторот предходно беа исчистени. Главните жици треба да се поголеми, т.е. да имаат поголем пресек. Зависно од тоа што кола е, одприлика се 20-30мм2.
 

Offline ISKRA ERO

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
што кола е?

Постари типови на коли, стоеден, реновки, трактори и приклучни возила (приколки) и др, земјоделска механизација....

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
За дизелите посебно ќе водиш сметка за греачите, мене ми прави зимно време проблем(од непотега ги немам менето...). Значи старите ќе ги замениш со малце подебели и добро да се сврзани со спојниците, како што кажав по можност залемени. Обрни внимание на тие кабли што носат струја до сијалиците од фаровите, вентилатор за кабина, вентилатор за ладилник на течност(антифриз) анласер и алтернатор, како и главните терминали. Од прилика, сијалиците се 55/60W, е сега има некои и 90/100W, што грубо значи струја од околу 5 односно 9 ампери. Бидејќи не може секогаш да се предвиди какви сијалици ќе има во фарот по следната замена, подобро е кабелот да е димензиониран за 100 ватните сијалици. Значи околу 6-ка кабел е препорачливо да се стави на тоа место. Вентилаторите за партно во кабина се околу 60-вати па може и 4-ка кабел да се стави. Вентилаторот за ладење е околу 100-тина вати што значи исто како за сијалиците-треба 6-ка кабел. Моторите за бишачите се 60-100 вати, па ќе оди кабел 4-6мм. Овие податоци се према некој калкулатори на сајтојве, секако можеш да најдеш и подобри сајтови, кои ќе ти бидат позгодни за работа.
Code: [Select]
http://circuitcalculator.com/wordpress/?p=75/
Code: [Select]
http://phd.boschsecurity.com/wiregage_cal.cfm
Code: [Select]
http://www.engineeringtoolbox.com/amps-wire-gauge-d_730.html димензиите се прикажани во AWG(америчка мерка за пресек на жица)
Code: [Select]
http://www.engineeringtoolbox.com/awg-wire-gauge-d_731.html конвертор од awg во мм квадратни