Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Jovicar on 03.05.2013, Friday, 00:17:53
-
Еден другар ми зборуваше дека успеал но сеуште неможам да верувам додека не видам со свои очи, ми вели дека од Фрижидер успеал да направи клима уред за во кола кој работел на следниов принцип.
Компресорот го палел на напон 220волти (преку инвертор), и местото после каде што фреонот се лади ставил ладњак од парно од застава, и после ладилникот ја продолжил цевката. Од после го полнел со фреон, и вика лади ненормално, дали е можно дали има уште некој што го извел истиот експеримент ???
-
може, зашто да не, само колку место му фаќа тој систем и колку троши тоа е веќе друго...
-
Дада апсолутно може, и си го користи системот за парно за да се лади автомобилот. Само повеќе ке троши автомобилот и ефикасноста на климата е веројатно помала од веќе вградена клима.
-
Се зголемува потрошувачката кога влече струја???
-
Да, секако дека се зголемува.
-
дап, зашто енергијата што треба за компресорот треба да ја направи алтернаторот, алтернаторот зема енергија од моторот и со тоа моторот треба поголема сила на излез да даде со што се зголемува потрошувачката на гориво
-
:) а како тоа успеал да го наполни од после со фреон? се полнат ли фрижидерите од после со фреон?
-
:) а како тоа успеал да го наполни од после со фреон? се полнат ли фрижидерите од после со фреон?
Фреонот е гас кој се полни од боци под притисок во системот за ладење на секој фрижидер.Малку темава е чудна ,бидејки и оригиналните клими уградени во колите енормно ја зголемуваат потрошувачката ,а можам да замислам ова направија која ја споменува членот.Не верувам дека има било каква економска оправданост за правење на клима во автомобил.
-
Па потрошувачката не би требало многу да се зголеми, бидејќи фрижидерските компресори јас претпоставувам не трошат повеќе од 1 киловат, така да 1 киловат на 35(Ако е Застава у прашање) киловатен мотор нема да е многу пореметено. Максимум до 1.5 литар на 100 да троши повеќе
-
зависи колку се вози со нејзе, производители „слават“ ако потрошувачката на некој модел ја намалат и за 1%
-
Јас колку шо знам еден мотор од фрижидер е околу 120w,а не 1kw
-
Не верувам дека нешто многу ќе лади, полнењето со фреон не ззнам колку чини, ама мислам дека е 500-600 денари, башка све треба да е добро залемено/зашвајцано, и најбитна работиа, системот од фрижидерот може да издржи притисок од 35-40 бари, податок кој воопшто не треба да се занемари.
-
35-40 бари??? многу тоа бе....100% си сигурен дека е толкав притисокот???
-
Па потрошувачката не би требало многу да се зголеми, бидејќи фрижидерските компресори јас претпоставувам не трошат повеќе од 1 киловат, така да 1 киловат на 35(Ако е Застава у прашање) киловатен мотор нема да е многу пореметено. Максимум до 1.5 литар на 100 да троши повеќе
Потрошувачката на струја на компресорот нема врска со киловатите на моторот.
Цитирам:Не верувам дека нешто многу ќе лади, полнењето со фреон не ззнам колку чини, ама мислам дека е 500-600 денари, башка све треба да е добро залемено/зашвајцано, и најбитна работиа, системот од фрижидерот може да издржи притисок од 35-40 бари, податок кој воопшто не треба да се занемари.
Не пишувајте произволни и од ракав податоци.Една автомобилска гума има 1,5 бари. 8)
-
епа не е автомобилска гума ова... Како што памта еден мајстор го проверуваше фрижидерот дома, го напумпа до 30 да види дали пушта некаде, најверојатно во бари или атмосвери беше мерачот, што и да е многу е...
-
не е муабетот дали е автомобилска гума или не, 30 бари се многу за било што...
-
Ете де, да не се дангараме безвезе, има гугл...
Споено мислење: [time]04 Мај 2013, 18:03:31[/time]
Еве едно видео патем
Fridge compressor pressure test - 40 bar max (http://www.youtube.com/watch?v=088ttjyG9xw#)
-
Вака кажано домашните клими на Ладење имаат притисок околу 5 бар. а на Греење зависно од фреонот имаат околу 30 бар па споредите ;)
-
Абе лугево можат да тестираат колку воопшто системот може да издржи,ама 30 бара во фрижидер.Климата во колата има налепница гледам 6 бара.
-
P\Па и 6 бари не се малце, можи така е дизајнирана таа за во кола, али во секој случај треба добро да дихта, да не испушта фреон.
-
Мислам дека се отиде малку во офф топик.Да се вратиме на темата ,ако нема друго темава нека се затвори.