Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: filipbc on 23.04.2013, Tuesday, 11:53:07

Title: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: filipbc on 23.04.2013, Tuesday, 11:53:07
Ми треба помош за одблокирање на веспа 150 кубици , дали некој знае како се прави тоа некоии велат дека се вадела електронската блокажа , а некои велат дека во кабутаторот се штеловала иглицата..

Што мислите вие како се прави тоа ?? ?  ???
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: bicikle on 23.04.2013, Tuesday, 15:53:29
Дај малце поќе детали.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: StefanJapanac on 23.04.2013, Tuesday, 16:48:51
Што ти е блокирано? Ротации на моторот или силата ? Ако се РВМ тогаш во електрониката ке бараш решение, ако мислиш дека има помалку сила моторот а нов е може да ти е ограничен доток на воздух/бензин во тој случај се штелува карбураторот.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: masterficx on 23.04.2013, Tuesday, 16:58:13
Да не мислиш на граничникот за брзина ?
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: BOBO on 23.04.2013, Tuesday, 17:12:50
Ако мислиш на блокажа односно ограничување на вртежи исклучија розовата жица од CDI  електрониката.Можно е да имаш и прстен на вариоматот и секако осигурачот на иглицата од туражата премести го за степен погоре.Верувам дека мисли на веспа од кинескиве модели.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: filipbc on 23.04.2013, Tuesday, 18:33:14
да мислев на блокажата на вртежи ии каде да ја најдам таа розова жица од CDI каде ја има од каде излегува каде оди, аа за карбураторот нема проблем лесно е то

Мојата веспа ии како сите 150 ки веспи оди 90 еден другар порано ја одблокира ии одеше 140км/ч
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: BOBO on 24.04.2013, Wednesday, 01:55:42
Таа се наоѓа на самиот конектор кој ти оди на CDI-to(се наоѓа под десната пластика кај седиштето).Само извадија од конекторот и ништо друго.Сепак би ти препорачал да видиш да не случајно има прстен на вариоматот.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: GigaWatt on 24.04.2013, Wednesday, 02:03:25
Мојата веспа ии како сите 150 ки веспи оди 90 еден другар порано ја одблокира ии одеше 140км/ч

Морав да пишам откако го прочитав ова.

Не се за џабе тие скутери ограничени на брзина до 90km/h. Да, моторот можеби може да постигне и поголема брзина, ама шасијата... кој знае дали ќе ја издржи таа брзина. А и да може да поднесе, ако е скутерот Кинески, гумите се за никаде, ептен лизгаат, повеќе пластика имаат отколку гума.

Правете како сакате. Ова е чисто предупредување, да не настане „од играчка, плачка“.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: masterficx on 24.04.2013, Wednesday, 04:16:43
Јас чисто да пишам дека имав прилика претходниве 2 недели наново да пуштам кабли на кинески скутер, точниот модел е Baotian BT49QT-12. Каблите имаа проблем од искусни “мајстори“ но тоа не е причината поради која ви пишувам. Скутерот со “граничникот“  развиваше брзина до кај 40 до 45 км/ч но откако го откачив граничникот и со некои модификации забрзуваше над 70 км/ч. Јас лично 2 пати ќе паднев од неа, затоа што тркалата и шасијата не се предвидени за таа брзина. Скутерот практично не допира на земја. НЕ СЕ ШЕГУВАМ СО ОВА!!! Правев споредба со мојот велосипед и со скутерот. Ги намачкав тркалата со моторно масло на скутерот и на велосипедот и гледав кој ќе остави поширока трага. Знаете ли дека моите гуми на велосипедот допираат со поголема површина на асфалтот од скутерот ??

Внимавајте што правите не е играчка тоа.
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: warningteam on 24.04.2013, Wednesday, 09:30:34
Искрен да бидам сум против ова пошто ако нешто било за повеќе да вози со (поголема брзина) тоа фабричко би го направиле и би коштало нешто поскапо од сегашната цена.Логично би било фирмата да заработи не за џабе се ставени граничници ако мислиш на нив и јас имам слушано нешто ги ваделе едно друго ама ипак јас сум за да не чепкаш околу тоа од безбедносни причини! Народско кажано магарето е магаре и никогаш неможе да стане коњ :D
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: filipbc on 24.04.2013, Wednesday, 11:52:49
Се сложувам со сите ваши предлози на сакам да видам дали поубаво ќе работи ско но направам то нешто ии за жал на мојот кинески мотор имам гуми мишелинки ии не се многу лоши

Позз  ;)
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: 386ka on 24.04.2013, Wednesday, 16:13:35
Јас не би го правел тоа.. It's a death trap!

Патем, види радиус на тркалата на скутерот? Зарем мислиш дека тркалца од количка за супермаркет се адекватни да ја издржат таа брзина, одржувајќи достојна контрола, без разлика на гумите!?

Поздрав и со ум. :)
Title: Одг: Ми треба помош за одблокирање на веспа
Post by: StefanJapanac on 24.04.2013, Wednesday, 19:23:04
Мислам дека попрво ке попуштат цевките(местата каде се заварени) од конструкцијата на моторот, ако ја има, отколку што ке изгуби триење со земјата така да death trap indeed