Македонски форум за електроника

Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 21:02:00

Title: Како да поврзам LED диоди на моторче Tomos APN4 ?
Post by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 21:02:00
Прашањето е како да поврзам Лед диоди и да го стабилизирам тој напон на моторчето станува збор за постар модел на АПН 4 напонот не можам никако да го измерам колку му е ми го прегори дигиталниот инструмент. Исто така пробав и со исправувачки диоди за наизменичен напон ама и тие ми ги прегорува. Дајте некоја шема за : Стабилизиран напон и за поврзување на лед диоди или некоја слична варијанта . Може и да нема лед диоди или некое послабо светло. Поз.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: gocebabe on 13.03.2013, Wednesday, 21:09:50
земи поврзи кај што сијалицата поврзна таја струја е 12в иначе на друк начин нема :( а другата струја што иди од свекица јака е не мозиш да стапилизираш никако
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Devil on 13.03.2013, Wednesday, 21:10:47
овој напон што се добива од моторот мислам дека се користи за свекичките, ако е така, тогаш тој напон е премногу висок за она што ти сакаш да правиш :D

Доколку има постоечко светло или нешто слично од него би можел да извадеш сигнал
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 21:17:04
има посебен напон што оде на сијаличката за фарот. Не зборам за струјата на свеќичката туку за сијаличката. Е сеа мислам дека е 12в напон и баш на тој напон сакам да поврзам лед.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: MARK123 on 13.03.2013, Wednesday, 21:29:22
apn  4и6,томос 14,15 напонот е 6в.12в. не е во никој случај. Каква диода ќе ставаш?
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Toma on 13.03.2013, Wednesday, 21:30:21
Погледај ги сликите и дај линк кој е твојот Apn4 Tomos

Code: [Select]
http://www.google.com/search?oe=utf-8&aq=t&hl=en&q=apn4+tomos&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi&ei=DN1AUdbkI8nStAbOqoGYDA&biw=1024&bih=619&sei=mN9AUdfbCsOxtAaF2YDgCA#imgrc=_
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 21:51:37
Во пракса машината и струјата е исто со АПН 4 , томос 15 , томос 14 тл , и на некои постари модели на апн 6 инаку истото е на сликата како овоа
Code: [Select]
http://www.kupindo.com/Do-50-ccm/10713545_Tomos-APN-4
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: MARK123 on 13.03.2013, Wednesday, 22:15:29
да не разглабаме. Колку волти дава 6 или 12, јас тврдам =6В
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: StefanJapanac on 13.03.2013, Wednesday, 22:24:33
АПН 4 дава 6 волти. АПН 6 и понови мислам дека се на 12 волти. Ке ти треба грецов спој за да ја претвориш во еднонасочна струјата и потоа зависно од диоди колку ке имаш и какви направи пресметка за отпорници.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Dragan Stoilovski on 13.03.2013, Wednesday, 22:29:25
Генераторот на томос моделите е изведен од две намотки од кои едната е со потенка жица и многу поголем број намотки и дава многу повисок напон и таа е за палењето, додека другата е изведена со подебела жица и е со помал број намотки и помал напон(6 или 12в) која дава напојување на сигнализацијата т.е светла сирена... ако ти е здрав штопот или светлото види каква сијалица користи дали од 6 или 12в, ако користи од 6в врзи 3 диоди во серија и завршена работа, ако е од 12 волти врзи 5 диоди и ќе свети нема да имаш проблем.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 22:42:10
Ок ке пробам првин во серија од 5 диоди . па ако е слабо ке поврзам со 3 во серија и усте 9 во паралела. Фала дечки на помошта.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: MARK123 on 13.03.2013, Wednesday, 22:43:30
Да му кажам на Стефан, сијалица не познава напон дали е прав или наизменичен : ;D
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Pance24 on 13.03.2013, Wednesday, 22:50:45
Да му казам на Стефан, сијалица не познава напон дали е прав или наизменичен : ;D
Точно... Иако малце ке трепере на наизменичен али битно ми е да дава светлина.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: MARK123 on 13.03.2013, Wednesday, 22:54:57
какви лед диоди ,за кој напон и струја се работи
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Toma on 13.03.2013, Wednesday, 23:05:58
Погледај дали одговараат сликите

(http://img541.imageshack.us/img541/9572/image01kw.jpg)

(http://img571.imageshack.us/img571/4034/image02u.jpg)

(http://img571.imageshack.us/img571/8640/image03v.jpg)

(http://img812.imageshack.us/img812/6684/image04eh.jpg)
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: BOBO on 13.03.2013, Wednesday, 23:35:24
Најпрво треба да го одредиш типот на палењето дали е со внатрешна/надворешна бомбина,дали е 6 или 12 волти (не зависи од моделот или годината) па после ќе се одреди што и како треба.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: StefanJapanac on 13.03.2013, Wednesday, 23:41:26
Сијалиците да, ама бидејќи беше збор за ЛЕ диоди мислев да не прегорат од наизменичен напон.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: Pance24 on 14.03.2013, Thursday, 00:00:42
Најпрво треба да го одредиш типот на палењето дали е со внатрешна/надворешна бомбина,дали е 6 или 12 волти (не зависи од моделот или годината) па после ќе се одреди што и како треба.
Со внатрешна бомбина е . Е сеа не знам како да го измерам напонот бидеќи мерев кај сијаличката со дигитален инструмет и ми го прегоре.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: bicikle on 14.03.2013, Thursday, 00:16:58
Прво кажи колку диоди саксш да врзиш и во кој момент да светат... какао на примерт кога ќе пуштиш долго, кратко позиција или посебно... Не сум возел апн амн, ваљда има кратко средно и позиција... Сепак теба да го најдеш 12 в напонот(така е поедноставно) па да направиш регулатор на 3.6, 7.2. 9.8 или 14.4 волти, за да можеш соодветно да приклучиш 1,2,3 или 4 сериски врзани диоди, од кои може и д асе направи паралела... 4, 8, 12... 3,6,9.. 2,4,.6.. 1,2,3,  сериски врзани парови, према потребите... Сепак има високо квалитетни и ниско квалитетни диоди на 12 и 6 волти што можеш да ги поврзиш на напонот од 12 волти... или 6 волти ако дава, какао што спомнаа погоре.. Само во тој слушај нема да е баш згодно да проавиш стабилизатор на 9,8 и 14.4 волти...
Title: Одг: Како да поврзам LED диоди на моторче Tomos APN4 ?
Post by: Pance24 on 14.03.2013, Thursday, 01:46:23
bicikle Не сакам ни кратко ни долго да иам барем да имам доволно осветлување за да си гледам пред  мене :D .
Title: Одг: Како да поврзам LED диоди на моторче Tomos APN4 ?
Post by: milanmiki7 on 15.03.2013, Friday, 03:48:55
Незнам колку сте запознаени со оваа техника ама ова палење е за 12 в и е механичко што знаци теско е да се измери без додатна опрема. мерењето мозе да се изврши само после лимитерот на напон и стуја кој е монтиран на самата шасија на моторчето и лимитира на 12в 60вати што значи до максимум 5 ампера.жиците што доагаат во фарот се или две или три зависно од изведбата ако се две тогаш секоја треба да дава напон со маса за кратко и за долго светло.на тоа место треба да се постави грец не помал од 5 ампера и потоа да се направи пресметка за лед диодите рачунајки отпорници за лимитирање на струјата каде што низ една диода нетреба да поминува поголема струја од 25 мили ампера или ако бидат пет диоди во серија требаат да имаат отпорник со нив од 91 ом за на 12 волти односно пресметката се прави така сто на една лед диода стандардна потребни и се пад на напон од 1.2волти и струја низ неа од 25мили ампера и пресметката оди по познатиот омов закон.
Title: Одг: Како да поврзам LED диоди на моторче Tomos APN4 ?
Post by: GigaWatt on 15.03.2013, Friday, 07:29:07
Незнам колку сте запознаени со оваа техника ама ова палење е за 12 в и е механичко што знаци теско е да се измери без додатна опрема. мерењето мозе да се изврши само после лимитерот на напон и стуја кој е монтиран на самата шасија на моторчето и лимитира на 12в 60вати што значи до максимум 5 ампера.жиците што доагаат во фарот се или две или три зависно од изведбата ако се две тогаш секоја треба да дава напон со маса за кратко и за долго светло.на тоа место треба да се постави грец не помал од 5 ампера и потоа да се направи пресметка за лед диодите рачунајки отпорници за лимитирање на струјата каде што низ една диода нетреба да поминува поголема струја од 25 мили ампера или ако бидат пет диоди во серија требаат да имаат отпорник со нив од 91 ом за на 12 волти односно пресметката се прави така сто на една лед диода стандардна потребни и се пад на напон од 1.2волти и струја низ неа од 25мили ампера и пресметката оди по познатиот омов закон.

Друже, дај малку потруди се... за џабе ти е Македонскава поддршка ако не ги користиш сите букви... „мозе“ не е исто што и „може“.

2.1 Задолжително е користењето на сите Македонски букви при пишувањето на коментарите (post-овите) и насловите на темите (topic-ите), како на пример: ж, ч, ш, ќ, ѓ.
Title: Одг: Како да поврзам ЛЕД диоди на моторче томос АПН 4 ?
Post by: totomkd on 29.03.2013, Friday, 18:27:06
Најпрво треба да го одредиш типот на палењето дали е со внатрешна/надворешна бомбина,дали е 6 или 12 волти (не зависи од моделот или годината) па после ќе се одреди што и како треба.
Со внатрешна бомбина е . Е сеа не знам како да го измерам напонот бидеќи мерев кај сијаличката со дигитален инструмет и ми го прегоре.
   другар јас го праев мојот томос со диоди...   ако ти е 12В поврзи ги сериски (  +,-,+,- и отпорник 220ома).. ова ти е за 2 диоди..   за 4,6,8,10 диоди само повторувај ја оваа комбинација... јас ставив 4 диоди на штопот и веќе терам 3та година