Македонски форум за електроника
Други технологии => Автоелектроника => Topic started by: nikola_bb on 07.02.2013, Thursday, 22:58:36
-
Со помош на оваа шема може да се автоматизира било кој постоечки полнач за акумулатор. Со помош на тп1 и тп2 можеме да подесиме на во кој опсег би работел склопот, на пример кај мене е наместено на 12,5В да почне да пуни додека на 14,2В се исклучува и седи исклучен се додека напонот повторно не падне на 12,5В. Шемата е едноставна и евтина а врши многу работа. Еве и слики од изработеното и вклопено во веќе постоечкиот полнач
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG006.jpg)
(http://i1162.photobucket.com/albums/q537/0x4E4F/IMG008.jpg)
-
А ќе може ли склопот да се подеси за да вклуќувањето на полнење да биди од 10..5 волти и да исклучи на 14.
-
А ќе може ли склопот да се подеси за да вклуќувањето на полнење да биди од 10..5 волти и да исклучи на 14.
На било кој напон под 12.5V (како што има подесено nikola_bb), полначот ќе почне да полни ;). Сигурно може да се подеси и за 10V ;). Ако не може, може малку да се модифицира шемата и ќе може ;).
-
Гледам дека не си ја ставил заштитната диода 1N4148 паралално со намотките на релето, стави ја бидејќи без неа може да прегори интегралецот.
-
И од мене уште нешто - добро е да ставиш повеќеобртни тримери за подесување на горна и долна граница на напонот.
-
Ставена е диода на релето ама од долната страна е ситничка беше и успеав тамо да ја пикнам :). Да со повеќеобртни ќе биде уште попрецизно ама за сеа само овие ги имав и нив ги ставив
-
дали може со оваа да се автоматизира полнач за 6 волтни батерии
-
Да ,само вредностите на повекето елементи треба да се променат!
-
За тие што ќе сакаат да го прават овој уред, еве го и изгледот на плочката во sprint layout, вредностите на елементите се гледаат кога ќе се застане со курсорот на нив.
-
Ставена е диода на релето ама од долната страна е ситничка беше и успеав тамо да ја пикнам :). Да со повеќеобртни ќе биде уште попрецизно ама за сеа само овие ги имав и нив ги ставив
Може да ставиш и појака, на пример 1N4007 ;). А друи и брза може ;).
-
како со ја гледам шемава, некако не ми фаќа глава дека ке работи ???
би работела доколку таа зенерката не би постоела
имам направено слични полначи за 24 волти и работаат перфектно
-
За информација,шемава е од Електор од 80- години и работи сигурно.Ја имаше едно време и во САМ свој мајстор,ако постари членови се сеќаваат. ;D
-
И јас ја имам направено, работи со гаранција... ;)
-
За информација,шемава е од Електор од 80- години и работи сигурно.Ја имаше едно време и во САМ свој мајстор,ако постари членови се сеќаваат. ;D
Јас пак ке речам АКО НА НЕКОЈ НЕ МУ РАБОТИ ДА ЈА ИЗВАДИ ЗЕНЕРКАТА или да стави 12Волти
-
А,добро не те сватив така ;D.Иначе ,555 и на 6V ке работи.
-
А,добро не те сватив така ;D.Иначе ,555 и на 6V ке работи.
Тригерот и трешхолдот на НЕ555 е 1/3 и 2/3 од напојување така да тоа треба да биде 4волти и 8 волти
доколку има зенерка од 5 волти тригерот нема да биде никогас постигнат
ова би работело добро на пример за литиумска батерија во оваа ситуација
доколку сакате да го користите за понење на акумулатори 12в или 24 в ВАДЕТЕЈА ЗЕНЕРКАТА!!!
-
Епа тогаш како работи со 12В акумулатор кај мене?
-
Таман е зенерката од 5,1V.Нека си стои .На пин 2 и 6 е доволен овој напон за трешхолд,а напојувањето на колото е 12 V.Ако се полнат 6V акумулатори тогаш и 6V ке биде доста за напојување на колото,а треба само можеби со тримерите и нивната вредност да се поработи.Ама иако за 6V полнач не сум го пробал,мислам ке работи.
-
Јас пак ке речам АКО НА НЕКОЈ НЕ МУ РАБОТИ ДА ЈА ИЗВАДИ ЗЕНЕРКАТА или да стави 12Волти
Ова ќе беше точно доколку го немаше 1K отпорникот пред зенерката ;).
-
дали билокое реле би завршило работа или треба некое посебно.
-
Било кое чии што контакти ќе ја издржат струјата на примарот на трафото во полначот, во пракса може да ставиш реле за 5A или уште подобро за 10A, а пожелно е да ставиш и кондензатор 0,1uF/~250V (обавезно класа Х2 - предвидено за мрежен напон) паралелно на контактите за да се сузбие нивното варничење.
-
Релето треба 12 V да биде,со тоа да контактите треба да издржуваат 220V и да го исклучуваат/вклучуваат полначот од мрежата кога полначот е во функција или кога полнењето ке заврши.