Author Topic: Чудо во црквата Свети Димитрија- фреските „крвават“ и сами се чистат  (Read 4494 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
(обновено) Несекојдневна појава или Божје чудо се случува со фрескоживописот во црквата Свети Димитрија во Скопје, кој се чисти сам од себе. За само неколку минути фреските и ореолите на светците и ангелите добиваат боја како да се сега сликани.



Со утринската литургија по повод Цветници чиноначалствувал отец Зоран, кој пред камерата на Канал 5 го опиша чудото.

Само уште во една црква во Русија, вели отец Зоран била евидентирана ваква појава. Во православната вера, вели тој, се случуваат чуда. Бог ни праќа порака дека треба повеќе да се вртиме кон духовното, а не кон материјалното.

За настанот бил информиран и поглаварот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија господин господин Стефан. Засега се воздржа од коментар, но не го криеше изненадувањето од појавата.

И екипата на Канал 5 беше сведок на, ако може да се нарече така, појава на самочистење на фреските, кои за само неколку минути добиваа живи и прозрачни бои, а црвената како мали реки се протегаше по крилата и телата на фрескоживописаните ангели. Свештенството од црквата Свети Димитрија ова го толкува како влог од Бога во пресрет на велигденските празнувања.

Велат црквата долго време, цели три години не е посетувана од верниците поради градежните работи и задолжителното плаќање паркинг простор.

Деновиве ќе се контактира со надлежните институции по што ќе се излезе со поконкретна информација за оваа појава и со што би требало да се потврди верувањето на свештенството од храмот дека станува за едно верско чудо.

Мирјана Трпческа

извор:
Code: [Select]
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=89744
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline stefan1984

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 116
демони, Исус никогаш не рекол ниту барал од слика, кип... тие се вметнати подоџна во христијанството. Шејтанска работа

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
stefan1984 може ли да ти поставам едно прашање на четот ?

Значи се работи за чудо, кој што сака нека каже!
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Cobe

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 245
  • Gender: Male
Освен тоа и позлатени се , еве ви слика !



Биди упорен , се ќе си дојде во свое време!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
јас колку што гледам не се од исти агол сликани, рефлексијата на светлината од секој агол е различна, ова го има само во таа црква која ја наведовте и во русија негде, сите други си признаа дека си плаќаат луѓе што им ги чистат :)
кај нас што е црквата колку што знам си плаќаат фирма да ја исчисти да ја среди сега за празникот :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Не е така! Зошто?

Фала му на Бога, и на едно девојче што не натера да идеме. Бев во црквата Св. Димитрија и лично се уверив во вистинското чудо кое се случуваше пред мене и пред другите луѓе. Се слушаа извици и муабети од луѓе како викаат: ова не беше преѓеска, ова не беше исчистено пред малце, се појавило квадратче на сликата во кое се гледаше чистота од слика како некој да го исчистил тој дел но тоа никој не може да ме убеди дека е од човечка рака.... јас лично видов на зидот лево од кога ке влезеш каде е насликана една икона која беше затемнета од чадот што се таложел низ годините, по само неколку минути почнаа да се појавуваат вертикални линии кои наликуваа како кога ке поминеш со мали парчиња наводенет сунгер по некоја испрашена слика, но во овој случај не се работеше за човечка рака, крпа и било што друго. Значи каде беа линиите се гледаше чиста слика од иконата. Имаше еден камерман кој снимаше еден зид повеке од 30 минути, знам како рече: ке ја убрзам снимката и треба да се види разликата, а знам дека ке се види бидејки јас забележав дека има разлика. Навистина е Божјо чудо! Најпрво се појавуваа црвени во форма на капки но ако допреш со рака не беа влажни туку сосем суви. Блеснуваше златната боја околу главите на насликаните а потоа и се останато. Интересно е што вакво нешто се има случено во триесеттите години во црква во Православна Русија, како што дознав и во една црква во Ватикан, а еве во 2012 година на ден Цветници и во нашата Св. Димитрија.

Како што викаат Христијаните, Божји Благослов и секое добро
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
во ватикан 102.5% не се има случено, католичката црква нема икони, тоа го има единствено кај православните христијани, протестантите веќе ништо немаат :)

немам јас ништо против ова само онака чисто разговараме, еве што прочитав на друг форум
Quote from: pilch@rd
..Интересно ми падна коментарот на една докторка сабајлево на Канал5 во емизијата во живо "Доброутро Македонијо", која тврдеше дека пред некој ден отишла во таа црква и ги забележала човекот кој што ги продава свеќите и уште еден помошник, како ги бришат иконите и фреските во црквата. Дури и за да не испадне после дека е лажга, си го кажа името и презимето, па дури и кажа доколку сака може да се соочи со човекот што ги продава свеќите во таа црква, за да покаже на народот дека чуда не постојат, и дека црквата сака на подол начин да си ги зголеми финансиите..Јас лично и верувам на жената, бидејки лично изјави јавно дека видела што и како се работи во црквата пред да се појави "чудото", и дури го кажи и своето име и презиме, доколку некој сака да ја контактира...

незнам колку е вистина или невистина, ама ако е така срам да им е на тие што измислуваат приказни
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
во ватикан 102.5% не се има случено, католичката црква нема икони, тоа го има единствено кај православните христијани, протестантите веќе ништо немаат :)

Од кај го извади муабетов жити све?
И каква врска имаат протестанти со католиците???
Апсолутно не е точно дека во католичка црква нема икони...И немаш сигурно влезено и затоа зборуваш напамет...


ЧУДО или не, ке видиме за некој ден...Или е некој тежок фејк, или е навистина ЧУДО..
Доколку некој видел со свои очи, не гледам зошто не би му верувал...Еве Декстер кажува дека видел ЧУДО...
Господ напомош ако е така...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
во ватикан 102.5% не се има случено, католичката црква нема икони, тоа го има единствено кај православните христијани, протестантите веќе ништо немаат :)

Од кај го извади муабетов жити све?
И каква врска имаат протестанти со католиците???
Апсолутно не е точно дека во католичка црква нема икони...И немаш сигурно влезено и затоа зборуваш напамет...


никаква врска немаат протестанти со католици, кај спомнав дека имаат некаква врска, иконите кој што ги има по православните цркви се од Византиско потекло, јас досега во католичка црква не сум видел икона на која светец има ореол ?!
тоа колку што знам го има само кај православните
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Па нашиша дека во католичка црква нема икони.За ореолите не сум сигурен, ме мрзи да барам по екстерниве ХДД-а слики што сум ги сликал по католички цркви, а за икони и те како има да видиш...
Одкако ке ја прочиташ реченицата што си ја напишал се добива такво мнение...Можда не си го мислел тоа, но така ти е напишано.
А за протестантите мислев дека ги ставаш во ист кош со католиците..Затоа...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
dx-er сакашд а кажиш дека процесов сеуште трае?

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
на pilch@rd му укажувам да не биде толку наивен бидејки секој може да се сили преку телефон и да се јави кај јанко јади бурек, бумбар, и слични емисии и да си каже што сака и да се претстави под било кое име, било со името на комшивката и сл. Не е важно тоа. Јас неможам да и верувам на таа "докторка" или што и да е вистински. Едино да почекаме да видиме што ке кажат конзерваторите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Еве што најдов на едно место:

Quote
Значи луѓе за ова со црквава не е ни местенка, не е ни чудо. Се работи за појава на фотохромизам, а златната и црвената боја се особено подложни на оваа појава. Муабетот е што ја предизвикало баш сега појавата, а тоа е најверојатно влажното време деновиве. Мислам дека во Русија пред едно 20-30 години пробаа едни вака да лажат народ па завршија во затвор.

Извадок од сајтот на:
Code: [Select]
http://www.kmhem.net/archives/o3/fotohromne_boje/
Ова само колку за инфо...Доколку сакате да дознаете нешто повеќе, слободно прочитајте...Латиница се надевам сите разбирате, а и српски...

Quote
Fotohromizam je reverzibilna promena hemijske supstance koja nastaje kao posledica apsorpcije elektromagnetnog zračenja (svetlosti) na različitoj talasnoj dužini.
Fotohromne boje su supstance koje ispoljavaju fenomen fotohromizma. Usled izlaganja UV zračenju, fotohromne boje podležu promeni konformacije, što se vizuelno manifestuje kao promena boje, najčešće iz bezbojnog u obojeni oblik

Ништо чудно ова да се случува од таканаречените штедливи сијалици...Можно, претпоставувам...ке видиме со какви изјави ке се излезе по испитувањата...
Искрено многу ме интерсира крајниот исход...
Што мислите вие во врска со ова?
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Во ред е секое мислење, но сепак да почекаме до вторник кога и конзерваторите ке излезат со своја оценка. Сега за сега јас верувам дека е чудо. За муабетот со Русија, знам дека во тоа време во (комунизмот) христијаните биле прогонувани од тајната полиција, дури некоја црква била претворена во психијатриска болница.
Мое мислење е дека не се работи за фотохромизам врз златната и црвената боја бидејки влажното време би влијаело на сите фрески низ црквите а не само во конкретната црква. Исто така влажното време би "делувало" и лани и прехлани кога исто така имавме периоди со покачена влажност во воздухот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
знам дека во тоа време во (комунизмот) христијаните биле прогонувани од тајната полиција, дури некоја црква била претворена во психијатриска болница.

Сите ние сме христијани, а они се делат на православни и католици...
Односно по христијанска и поголема православна нација од руската нема...+ кумунистите немаат никаква врска со тоа, тоа е само една голема заблуда и еден голем МИТ...Незнам кој го измисли, но ете...
Еве јас ке ти кажам конкретен пример...Таткоми работел цел живот во полиција, бил член на ЦК на КПМ и јас сум роден 1977 година кога КПМ била на чело на државата...Дома сме славеле куќна слава, доаѓал поп, јас сум крстен во црква...Сестрами е родена 1968 година, таткоми и во тоа време работел во полиција, исто така бил член на ЦК КПМ и КПЈ, и она е крстена во црква и никогаш никој не му рекол нити споменал ништо...
Инаку функцијата која ја работел не била уличарска, него била баш поврзана со служби кои денес се нарекуваат државна безбедност или 6-та управа или појма немам како...
Ова чисто онака, муабет...
Е сега...Црквата во која имало таква појава во русија и јас имам читано дека по скандалот или чудото е претворена во санаториум, односно душевна болница...Инаку и во времето на владеењето на комунистичката партија во Русија, црквата имала огромна улога и била една од најбогатите во тоа време...Злато, кралски круни итн итн...
+ руските попови во моментот се едни од главните на православието...

Е сега и мене ме интересира конечниот исход од целото случување...

А на кратко ке ти го објаснам моето гледиште ако ја земеме науката...
Дали е чудо или не, не сум паметен да објаснам, не сум бил да видам и не сум доволно компетентен да коментирам и да давам суд...Сепак дали верувам или не, ни самиот незнам...
По науката, фотохромизмот се случува на златна и црвена боја, како најподлежни на оваа појава...
Во таа црква неколку години луѓе на прсти можат да се избројат што влегле...Дури ни за велигден нема...
На времето се палеле свеќи, иконите биле зачадени...Сега, сакајќи да се живне црквата која има голема улога, се менуваат сијалици, со штедливи, а тоа придонесува да почне да се случува она што се случува...
Точно е дека влажност имало и порано, но кој да знае што се случило во меѓувреме...
Незнам...Ова викам е само некое си мое ете да речам видување ако ја умешаме науката...
Затоа и чекам да видам што ке се случи до вторник...
 ;)
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...