Author Topic: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!  (Read 9217 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ако се организирате повекето и пружите отпор се надевам дека нема некои да ве прогласат дека сте биле партиски поттикнати и организирани со цел на рушење на ххх (знаете што) како што беше направено на оние што протестираа за убиеното дете.

Се надевам дека нема да дојде до таква крајна перверзија
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
А, ништо чудно да се случи тоа, моментално власта само на тоа се вади за кој и да фати да протестира против нив... навистина подло, но од друга страна, паметно, така стојат работите :S. Политизирање на чисто непартиски протести е моментално најупотребувана практика.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
НАјмалку сега ни треба политика! ПОлитиката ке доаѓа од страна,веке се виде со судската одлука,ама верувам дека кај сите Велешани веке е втемелен генот да нема загадување во Велес,како што имаше порано.Доста жртви дадовме и нема веке назад! Топилница - ама барем 20-30 км надвор од градот!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Само гледајте да не ви ги исполитизираат протестите и сите останати активности... гледајте да се тргате од било какви политички обележја на настаните. А за политика... на никој не му треба, тоа е општо правило ::)... и оние кои мислат дека „не можат да живеат без дневна доза на вести“, се во ооооогромна заблуда.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
сите здружени и храбри и нема да проработи тој загадувач.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Гласањето е затворено голема благодарност до сите кои одвоија време да гласаат посебно за оние кои беа против а на останатите не им се лутиме затоа што сигурно си имале свои сопствени убедувања за нивниот избот. Големо благодарам за 64.5% посто подршка што значи дека не сме погрешиле што сме против ова рестартирање .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
« Reply #36 on 03.11.2011, Thursday, 23:10:54 (Edited 03.11.2011, Thursday, 23:34:17) »
Информација за сите на Форумот: Околу 19 часот заврши вонредната седница на Совет на Општина Велес на која едногласно се донесе заклучок да не се дозволи никакво рестартирање на Топилницата.Се донесоа едногласно 14 точки (заклучоци) според кои на Градоначалникот Петров му беа дадени ингеренции да превземе мерки со кои се предвидуваат темелни и исцрпни чекори до донесување на промена на деталниот урбанистички план на градот со кој во таа зона би се забраниле секакви активности на тешката индустрија,односно би се спречил транспорт и складирање на било каков отпад од индустрија на тешки метали.Освен тоа ке се бара од Владата да се донесе Закон во Собранието на РМ со кој на територијата на град Велес би се забранила градба на било каков загадувач.Ке се собираат 10.000 потписи со кои граѓаните би иницирале донесување на таков Закон,а и би се иницирале најмалку 22 пратеници во Собранието да стават потпис за донесување на Закон со кој би се спречила повторната изградба на Топилницата .Факт е што некој им дозволува на газдите да настават со процесот на добивање дозвола за рестартирање ,при што е обелоденето дека потребните измени во постапката која е почната од нив ,наместо за 2 недели како е предходно речено,веке се готови и тие се надеваат дека на мала врата ке ги *спровнат*.Апел до сите : Велес ке се бори до последен граѓанин без разлика на политичка,верска или било каква друга различност.Едно е сигурно - еколошката свест е заедничка,непоколеблива и нема сила да не разубеди! Ако некој покуша против народот - ке си го добие.

Споено мислење: 03.11.2011, Thursday, 23:34:17
И уште нешто: во писмото за намери се предвидува финансирање на 150-160 милиони евра за некој технолошки процес со кој би добивале 60,000 тони метали годишно!! експертите и бившите вработени велат дека во најдобрите денови ,со полна парева Топилницата не давала толку !!! И дека овој процес е одамна забранет со закон во една Германија!!!! Веројатно се планира да се купи за евтини пари некоја постројка во која би се вршело топење и на стари акумулатори! Лугево се луди ако мислат тоа да помине! >:( >:( >:( >:( >:(

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како што реков, имате поддршка од мене, само кажете каде треба да се потпишам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Под мотото „Никогаш повеќе Топилница во Велес“, Зелената коалиција од Велес денеска ги повика жителите на градот да се приклучат на утрешниот протест против рестартирањето на Топилницата, што треба да почне во 17 часот на плоштадот „Сармаале“. 


Протесната поворка на граѓаните од плоштадот „Сармаале“ ќе се движи долж главната улица „Благој Ѓорев‘‘ покрај  Гимназијата и седиштето на ЕВН, па, се до пред вратите на Топилницата за олово и цинк.

Протестот го поддржаа Општина Велес и Советот на општината, Одборот за спас од Топилницата,  бизнисмени, лекари, спортистите и спортските работници, пензионери, борците, младите и Повардарската епархија на Македонската Православна Црква и Исламската верска заедница во Велес, информира на денешната прес-конференција Ненад Коциќ од Зелената коалиција.

- Од оваа битка не зависи само нашата туку и иднината на идните генерации на Велес да живеат во здрав град. Победата против рестартирањето на Топилницата ќе значи и победа на идните генерации, потенцира Коциќ. Тој истакна  дека протестот е граѓански и се оградуваат од сите политички настапи.

Од Зелената коалиција информираат дека покана за присуство на протестот со кој се бара спас за Велес и велешани упатиле до премиерот Никола Груевски, претседателот Ѓорѓе Иванов и претседателот на Парламентот Трајко Вељановски.
текстот е преземен од Sitel

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ние си го кажавме своето! Нема Велешанец што не е расчистен со ова прашање! Иако газдиве на Топилницата ке бараат начин како да ја намалат,згазат или онеоправдаат улогата на граѓаните на Велес,нека знаат - не само што не се добредојдени во Велес,ами ке се соочат со многу јак граѓански отпор!! Мораме да мислиме на нашите идни генерации.
Заедно со нас беше и црквата,целото свештенство,сите невладини организации што постојат во Македонија.Не имаше скоро 20.000 граѓани.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Гледав прилози за митингот и право да ви кажам, сум изненаден од тоа што имаше и партиски луѓе а притоа никој да не злоупотреби и да рече дека митингот бил партиски. Секоја чест! Према тоа што го видов, одлично беше организирано и се поминало во најдобар ред, и најважно без насилство.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Вистината за Велес и Велешката топилница !!!
« Reply #41 on 15.11.2011, Tuesday, 20:46:29 (Edited 16.11.2011, Wednesday, 08:38:26) »
Да,се беше во ред ,а имаше околу 20.000 луѓе! И на крај - честитки за Премиерот Груевски за неговата изјава во која се поддржува дислокација на Топилница! Тоа ни значи многу,верувајте.Значи,засега целта е постигната.Имавме револуција,без крв,подржана од сите ! И што е најбитно - победува вистината за здравјето на Велешани ,како и нашата грижа за младите што доаѓаат на ред да живеат во Велес.Верувајте,особено ми е мило ако се ова што го постигнавме успее и Велес се ослободи од едно навистина тешко бреме на минатото!!

Споено мислење: 16.11.2011, Wednesday, 08:38:26
Навистина еуфорично беше откога ја слушнавме интегралната верзија на изјавата на Премиерот Груевски на кого му веруваме дека навистина нема да дојде до рестартирање на Топилницата на старата локација.Со парите што мислат(ако мислат) да ги вложат во рестартот на Топилницата ,газдите на нова локација,без никакви пречки нека си ја изградат повторно.Под услов сите пропишани стандарди да се запазат.Гледате ли што направија * Индоминерали и метали* со јаловиштето??? Не казна,ами затваорање на една година и расчистување на проблемот.Цевководот е крив!?? Па ,што не инвестирате и не го поправите како што треба!? Велешкиот* Грин пауер*мислам дека е водечка и моторна сила на целата еколошка свест на Р.Македонија .Го натеравме еден митрополит да ни пристапи и застане зад нас ,ги натеравме сите партиски кадри да бидат како еден,имаме еколошки градоначалник ( секоја чест!) и имаме - народ!! Не е баш нај-еколошки ( според сметот кој го ствара секојдневно!) ама мислам дека е разбуден,самокритичен и доволно свесен за последиците од досегашното загадување! Ова што го направивме на многумина се уште не им е јасно,ама верувајте некогаш можеби сите учебници по екологија кај нас и пошироко ке се занимаваат  со овој успешен пример на колективна совет! По некои направени сметки биле присатни безмалку 22.000 присатни на митингот!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Quote
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде

Па нормално дека никаде кај ќе ја сака сега кога се виде колку ние Велешани не ја сакаме

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Quote
Дефинитивно топилницата нема да проработи во Велес!
Сега е прашање каде ке ја дислоцираат? Најдобро е никаде

Па нормално дека никаде кај ќе ја сака сега кога се виде колку ние Велешани не ја сакаме
ако ме прашате мене, би му ги вратил парите на газдата и ке ја земам назад топилницата и ке ја расходовам. Друго НЕМА! Барем фер ке бидам и према градот и граѓаните и према газдите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.