ако ја допреш само фазата ке те здрма струја ...пробано од мене е тоа...
Во право е, најчест начин на „здрмување“ од струја е овој, инаку, ако го затворите струјното коло, може да се случи да имате и мала изгореница и чувството на здрмување е далеку „поболно“ (ако може така да се изразам, не боли многу, повеќе би го опишал како многу непријатно чувство :S, иако доста интересна работа е тоа што потоа се чувствувате многу убаво, кога ќе престанете да пцуете се разбира, хахахахаах
).
а ако ја допрам нулата,нели нема да ме удри струја?
Не мора да значи, понекогаш према маса (човековото тело) и нултата жица од напојувањето може да постои и висок напон, мене ми се има случувано да ме здрма струја и од нултата жица, се разбира, многу помалку „удира“, но сепак, се осеќа. Мислам дека ова зависи од начинот на кој е изведена инсталацијата, лоцкацијата на станот/куќата, дали е на високо место, дали на ниско, дали е влажно или суво околу куќата, број на искористени трафо станици, нивна инсталација, начинот на кој се монтирани, итн., значи, со еден збор многу фактори
.
Како краен заклучок: не фаќајте голи жици од мрежно напојување, никогаш не се знае како е изведена инсталацијата
.
Нема да ве удри струја, ако сте добро изолирани од подот.
И ова е точно, но ретко кога се случува да имате толку добра излоација од подот, па вие да сте на оној потенцијал кој ќе го допрете. Се разбира доколку имате толку добар изолација од подот, тогаш нема да ве „удри“ струја ни доколку ја допрете фазата, ќе ве удри само ако ги допрете и двете (фаза и нула) истовремено, со што го затворате струјното коло.
Повторно, краен заклучок: не ризикувајте, теорија е едно, пракса е друго
. Според теорија, да, нема да ве удри струја доколку имате добра излоција према подот (масата), но ми се има случено да ме удри и со многу добра изолација, што значи дека некаде „процурела“ изолацијата, затоа не ризикувајте
.
Исто ми се случи и со CD плеер, ми прегоре аудио излезот од позади што е, бидејки лемев жичка на надворешно појачало која беше поврзана за кабелот приклучен во плеерот. Само не знам како до толку да се нема заштита ?
Не е до заштитата, едноставно станува збор за многу големи напони, од нив нема заштита, или статички електрицитет, кој може да достигне напони и од стотици волти, во дел од микросекунда, се разбира, но тоа време е доволно за да го оштети колото кое работи на низок напон
. Без разлика дали било електростатичко празнење или лошо изведена инсталација, сепак, тој напон е преголем за уреди кои работат на низок напон, особено дигитални уреди кои се многу остеливи на електростатички празнења, и мене ми се има случено да зезнам уред поради електростатичко празнење
. Кога работите со дигитални уреди, најдобро е да работите со нив кога се исклучени од се, освен од мрежен напон (ако ептен мора да стои питен мрежниот напон, ако тестирате нешто и за тоа е неопходен мрежен напон, инаку пожелно е и тој да биде исклучен) и да ги фаќате плочите за нивните краеви, не допирајте ги колата кои се на плочката, како и конекторите за аудио излезите, особено ако уредот сеуште е приклучен на мрежен напон и работи
. Работете со алки или со гумени хируршки ракавици (јас барем со хируршки ракавици работам).