Значи прашањето е релативно просто, ми треба сет од магнетизирани штрафцигери со цена до кај 1000 денари. Не барам нешто екстра квалитетно, само да не биде ептен шкарт :S. Имам многу штрафцигери дома, ама нитуеден од нив не е нешто посебно квалитетен и нитуеден од нив нема магнетизирани врвови :S, а некогаш навистина ми требало да имаат, да не морам цело време да користам пинцети
. Прашањево го поставувам бидејќи многу време ќе изгубам шетајќи се по продавници (штрафцигери има да се купат скоро секаде
), па за да не губам, сигурен сум дека некој купил или планирал да купи сет во последниве 3, 4, 5 месеци, па има информација од прва рака каде може да се најде тоа што го барам. Сетот не мора да биде преголем (5 до 6 штрафсигери со различни форми и големини се доволно), исто така не мора баш да биде сет од 5, 6 посебни штрафцигери, може и да има магнетизирани врвови на наставување (една дршка, повеќе врвови, мада пожелно е ако може за оваа сума на пари да се најде баш сет од квалитетни штрафцигери некаде), штрафцигерите не мора да се големи (не знам дали има димензии за овие работи, но не треба да се преситни и не треба да се преголеми, не планирам џамбо џет да расклопувам
). Исто така, не мора да ги има во сетот оние шестоаголните штрафцигери (оние што се слични на имбус клучевите, обично Philips на нивните уреди ги ставаат, и многу ги мразам
, скоро секогаш по расклопувањето на уреодт ги фрлам тие и ги менувам со обични
, освен на лаптопите
). Би било пожелно ако може во сетот да има барем еден штрафцигер од оние што може да одвртуваат триаголни штрафчиња (гледам дека на некои Турски уреди често се поставуваат, како на пример калорифери, фенови, итн.), мада не е задолжително, ова го спомнувам чисто како опција
.
Ако ве интересира уште нешто друго што би можело да биде релевантно кај сетот на штрацигери, прашајте, ќе ви одговорам дали ми одговара или не. Или само дајте ми листа на продавници каде што може да се купат солидни сетови на штрафцигери (тука спаѓаат и брендови/марки, искрено, порано Unior важеа за квалитетни, ама ми спомнале дека сега се за никаде, така да искрено не знам кој бренд моментално важи за релативно квалитетен производител на штрафцигери
) и јас ќе одам и ќе си разгледам.
Однапред да наведам за кои продавници знам дека продаваат вакви работи: Хубо, Unior, Euro Tools, (имаше една во Автокоманда, не ми текува сега како се викаше, ама и таму имаше вакви работи), Електрометал (или како и да се вика сега, преку мостот Близнак во Аеродром/Ново Лисиче кога се оди за накај Маџари се наоѓа)... сигурно знам уште некои други, но сега не ми текнуваат. Како и да е, колку што ми се важни продавниците, толку ми се важни и брендовите/марките на штрафцигерите, така да, ако може да ми наброите некои (заедно со локациите/продавниците каде што може да се купат), би било супер
.
Однапред благодарам
.