Author Topic: Дискусии за туѓина, јабана, селење, плати, доктори, мајстори, итн.  (Read 4018 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Не реков дека во Холандија е полошо од Македониа само дека не е така како што мислат многумина.
Пред 2 месеци во Македониа ме праша еден пријател што работам му реков бармен зимам 2 илјади евра, ми вика зошто не одиш во некоја фабрика даваат по 6 7 илјади евра, тоа мислење за европа го имаат многу луѓе.
За цените во европа и Македониа секој има различно мислење, линк од еден од најголемите маркети во Холандија.
Code: [Select]
https://www.ah.nl/producten/vlees-kip-vis-vegaЕве и просечни пларти во Холандија
Code: [Select]
https://www.iamexpat.nl/career/working-in-the-netherlands/salary-payslip-dutch-minimum-wage
За нестручен кадар во Холандија колку што знам јас не примаат ако ги нема соодветните квалификации, а општите работници или струки кои со 2  3 недели обука се добиваат ги деградираат со помали обврски и помали плати или ги отпуштаат.

Ако не ми одговара платат не ја прифаќам работата.
Не реков дека сакам максимално добра услуга за минимални пари, туку да се дојде до максимално добри пари треба максимално добра услуга да се нуди од самиот старт и кога се зимаат минимални пари, Добрата плата треба да се заслужи/заработи, знам дека во Македониа има многу фирми кои иако заслужена не даваат соодветна плата. Јас мислам дека една од причините е и големиот дел на работници кои викаат мала плата ама  па затоа нема ништо да работам за тие пари ке се шупкам лево десно и ќе кукам по луѓето дека платат ми е мала а пред газдата: дојди газда да ти бацам газот ти си најдобриот газда :( .
Што се однесува до работењето на проект или слично нормално е да се земе одредена сума однапрет и да се направи договор, коментирав за работењето за месечна плата.
Не реков дека сите што отишле во европа се вратиле или дека се неспособни или дека сите што се врачаат се мрзеливи, далеку од тоа знам многу луѓе кои работат низ европа и кои го прифатиле европскиот начин на работа. Работиш 8 часа обично од 9 до 5 почнуваш со работа во 9, не доагјаш во фирмата во 9 и го напушташ работното место во 5 а не дома да си во 5, ги исполнубаш сите работни обврски професионално и прописно без разлика дали мислиш оти ти е мала платата или заслужуваш повеке. Си прифатил за одредена плата да работиш одредена работа и ке ја работиш целото работно време, прописно и професионално ако не ти одговара барај нова работа.
Иако дел од работите кои ги пишувам изгледа како да ти се обраќам директно тебе GigaWatt не е така, се што имам пишано е општо иако има реченици со ако ти или ако тебе.


Мајками цел работен век го помина како шивачка знам кои се платите и знам кои се условите, а и знам колку работат, работев обезбедување/чувар во неколку Струмички шивални. конкретно во Струмица платите ги расипаа Струмичките "менаџери" кога дојдоа грчките фирми нудеа плати по 300 евра (пред 13 14 години) но менаџерие за неколку месеци ги убедија газдите дека работниците ке работат за 100/150евра ако они зимаат поголема плата.
Квалитетот и ефикасноста на мнозинството во Струмичките шивални беше едвај функционално, се имаат враќано цели камиони со роба поради лоша изработка, сега има некои фирми кои работат редовно за европски пазар и квалитетот е многу подобар а и платите.
 
Сега е полесно за способни и стручни луѓе да работат со странство од Македониа, посебно во техничките струки има многу работи кои се работат online.
За да добијам одредена плата треба да вредам за тие пари, тое е Европскиот начин на работење, платите во Македониа се многу помали од Европските но и во Европа неспособните мрзеливите и забушантите зимаат минимална плата.

Се е мое мислење и мое искуство никој немора да го чита или размислува за него а најмалку да го прифати или се согласи со него  :)

За крај, јас мислам дека ако како работник си добар професионален стручен ќе добиеш подобри услови ако не од еден тогаш од друг газда или од друга држава.

Доста беше off-topic  ;D 8)
Сепак се ВРТИ !!!

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3184
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Уште една работа за крај - ваков башибозук и беззаконие како овде нема никаде на запад... Но, ако знаеш го свртиш тоа во своја корист и знаеш да  „пливаш во матно“ ич нема да ти фали западот... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
...Три-четири реда од мене за приказната што ми се случува мене:

Голгота 1

- Во август наоѓам куќа што ми се „свиѓа“. Барам кредит од бака. Банката вели - Стара е бараката, вреди местото (Тафталиџе).Средете документи за местото. Само таа банка барала такво непто.  Продавачката и куќата лепенка до бараката се полубрати полусестра. Скарани. не сакаат да потпишат договор за „разграничлување“.

- Банката не ми дава кредит и по 4 месеци молење и обиди за нормален приод кон проблемот - дајте кредит
- Се откажувам.
- Сопругата презема „мерки за заштита на семсјтвото“. Од инат бидејќи многумина сакаа да ја купат куќата. Ги „составува“ и смирува полубратот и полусестрата и - во февруари добивме кредит.
- Јас нема сили да се израдувам ниту да се добилижам до нејзините јајцеводи. Жртва сум на гама радијација.
-
Голгота број 2

- Барам мајстор(и) за „сечење“ на бараката 50 см бидејќи таков беше договорот со соседот да ни јачува бараката..

- Се понудија од Куманово некоја фирма. Велам - ОК...Се јавувам утреденат и ми викаат - А, дечко, касниш - земавме друга работа! (цена - 300 евра само за поставување греди и сечење кров.
- Друга фирма бара 500 евра (со железни профили) без ѕид и без сечење кров
- Трета фирма бара 51.500 (со дрво) сечење кров без ѕид.
- Четврт мајстор - Дечко, 1150 евра за ова...Фала пријатно...
- Петти мајстор: - Абе да си најдеш некои јас сум зафатен? - Па, што дојде лебати?
- Шести мајстор - Овде има ногу работа, 2000 евра...

После 3 недели такви напори одам дома и се обидувам да изберам: - вештачко дишење врз флаша ракија или песмејкер..

Најдов мајстор кој работеше на зграда спроти мене каде сум под наем. Се согласи.

работи - како вистински масјтор. Има 55 години. Се понудува асе да направи со цигли. И да го сече кровот. И да ми направи кошулица во ВЦ и стави нов водовод (цевки) и бетонираше мал простор зад бараката...Се за 2 недели...Остана уште нешто да доработи...ВЦ-то е како портал во нова димензија..

Цената за ѕидот беше 3 евра квадрат х 40 квадрати - 120 евра +плус мој материјал..
Стави и стиропор на надворешниоит ѕид, 3 евра квадрат, и ја поместивме влезната врата и дел од подот...

Во фирмата каде работел (Даа не јас поменувам јавно) НЕ е пријавен и ако дојде на работа - дошол ако не - здравје..Дневница им била 1300 денари без јадење..(јас му купував и појадок и ручек и заедно работевме)...

Го видоа соседите од бараката..Го ангажираа секој за себе по нешто из а свои пријатели...По 1500 денари дневно или - по договор...

Зарабопти и ќе заработи доволно за добар живот во МКД, Скопје.

Соседите исто така ми кажаа дека со месеци НЕ можеле да најдат мајстор..

остана уште струјата - Мајсторот Златко (друг човек) бара 5 евра од „сијалично место)...Се мислам САМ да го направм тоа ама некако НЕ ми се праи ќеиф..

Мојот мајстор заработи за 2 недели речиси колку и јас за цел месец...Сакал да оди за Хрватска пред 2 месеца. Сега - НЕ сака веќе...
Со сопругата повторно влеговме во естрогено двојство. Јас почнав да зборувам паленечко-кумановски...Постарата ќерка ми рече дека „тешко ќе сум поминел низ метал детектор со таков говор“.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Тоа со мајсторите е башка муабет....
Јас 3 пати го преправав купатилото и на крај сам си го направив. Инсталацијата морав сам да ја преправам, кај имаше две фази, кај две нули.
Добро е тамо што ги средиле колку-толку платите со шивачките, ене ск уште си тераст по старо, ма каков викенд, какво прекувремено, а све мора да е цакум пакум и навреме за само 200 еу...
Генералнл работниците ја вршат цела работа,  а се нај неплатени.
Познаничка. Е.л. инжињер врвна во својата класа штотуку го напушти ова за ккндензатори како се викаше, за да отвори бутик, да си биде сама газдарица.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Имaм некoлку пријaтели кoи се зaминaти вo Гермaнијa и Хoлaндијa, вo рaзгoвoри сo нив јaснo ми беше кaжувaнo декa не плaнирaaт дa се врaќaaт тукa,  тaмo цените нa хрaнaтa се кaкo кaј нaс a некoи и пo евтини a квaлитетoт нa пoвисoкo нивo oд кaј нaс. Секoј штo мoже гледa кaкo дa му јa здувне oд тукa. Сaмo јaзик дa знaеш, мислaм нa гермaнски aкo oдиш вo Гермaнијa. Дoмa си е дoмa и тoa не гo oспoрувaм aмa ситуaцијaтa вo МaкедoниЈa сo текoт нa гoдиниве стaнувa тaквa дa брoјките нa иселени грaѓaни се пoвеке oд oчигледни.

Зa мнoгу гoдини Велигден !
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Знајш колку е казна пајак ако те крене германија ? за пијан возење? за скара на тераса ? за гласна музика ? Ќе ме сања германија, Кај им рмбаме за (за нивни услови) за безпари уште закони ќе ми кажуваат. Ќе рмбам овде за 200 еу ама слобода ќе имам.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не реков дека во Холандија е полошо од Македониа само дека не е така како што мислат многумина.

Пак ќе пишам, ружи сигурно не цветаат... ама па и сигурно не е како што е тука ::).

Пред 2 месеци во Македониа ме праша еден пријател што работам му реков бармен зимам 2 илјади евра, ми вика зошто не одиш во некоја фабрика даваат по 6 7 илјади евра, тоа мислење за европа го имаат многу луѓе.

Искрено, не те сватив што сакаш да кажеш со ова... ако ти е доволно 2000 евра и ако мислиш дека немаш потреба од повеќе, ни јас не гледам причина да смениш работно место ???. Да, можеби и јас би те прашал зошто не работиш ваму или таму, каде што се плаќа повеќе, но ако не сакаш... тоа си е твоја одлука :).

За цените во европа и Македониа секој има различно мислење, линк од еден од најголемите маркети во Холандија.
Code: [Select]
https://www.ah.nl/producten/vlees-kip-vis-vegaЕве и просечни пларти во Холандија
Code: [Select]
https://www.iamexpat.nl/career/working-in-the-netherlands/salary-payslip-dutch-minimum-wage

Еве, баш сега ги разгледав цените. Да, повисоки се, некои работи и дуло од тука (мислам на Скопје, во Струмица не знам како е)... но и платите им ги разгледав... барем 5, 6 пати е повисока во однос на просечна плата тука. Ајде еве, билети поскапи, се плаќа данок за коли, ова она... ајде еве нека е 200 евра, се тоа вкупно, трошоци за кола и амортизација, и 100 евра за гориво, 300 евра... па пак ти остануваат 1700 за трошење или чување ;D. Ајде еве и кирија нека ти биде 600 евра. 1100 евра... само за храна и сметки. Ајде вкупна режија на се нека биде 400 евра. Па 700 евра да ти остануваат само за храна ???... па толку немаат вкупна плата некои фамилии тука ???.

Не зезај, далеку од лошо е ;). Ако не беше така, немаше да си таму ;).

Не реков дека сакам максимално добра услуга за минимални пари, туку да се дојде до максимално добри пари треба максимално добра услуга да се нуди од самиот старт и кога се зимаат минимални пари...

Епа не знам што да кажам... ти ако си го правел тоа, очигледно си исклучокот... а и сам кажа дека кога си побарал повеќе, не си добил повеќе (тука) и затоа си заминал.

Тука така е, ќе побараш повеќе, ќе ти се изнасмеат и ќе си заминеш како по*ран ::). Е ај потоа иди и давај максимум од себе, кога некој у фаца ти се изнасмеал и те направил будала, а ти си дошол најпошетно да си бараш пари за твојот екстра вложен труд ::).

Добрата плата треба да се заслужи/заработи, знам дека во Македониа има многу фирми кои иако заслужена не даваат соодветна плата. Јас мислам дека една од причините е и големиот дел на работници кои викаат мала плата ама  па затоа нема ништо да работам за тие пари ке се шупкам лево десно и ќе кукам по луѓето дека платат ми е мала а пред газдата: дојди газда да ти бацам газот ти си најдобриот газда :( .

Пак ќе кажам, апсолутно ги разбирам... генерално земено, за таа плата, добро е што се појавуваат на работа... и тоа е многу за тие пари.

А ако газдата го глорифицираат пред него, тоа да, се сложувам, не е во ред. Никогаш не сум го правел тоа иако го имам гледано. Јас лупам во фаца... газда, не газда, не ми е гале... он нека си го свати како сака... а на крајот на краиштата, да не сум бил во право со она што сум го кажувал, сигурно ќе ми се ределе отказни решенија едно по друго... од ниедно работно место немам добиено отказно решение, јас лично сум си дал отказ и сум си заминал ;).

Што се однесува до работењето на проект или слично нормално е да се земе одредена сума однапрет и да се направи договор, коментирав за работењето за месечна плата.

Да, ама пак, не можеш да негираш дека овде (во Македонија) знаат така да прават газдите. Да работиш месец, два и кога ќе си ги побараш парите, да ти кажат дека фирмата нема пари ::)... не знам како не им е јасно тоа на нашиве газди, МЕНЕ ТОА НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА! Сме се договориле да работам за плата? Да. Дефиниравме сума? Да. Ме исплати? Не. Па како очекуваш да ме задржиш како кадар ???... или како очекуваш да имаш квалитетен производ ако не плаќаш или плаќаш помалку од договореното ???.

Не реков дека сите што отишле во европа се вратиле или дека се неспособни или дека сите што се врачаат се мрзеливи, далеку од тоа знам многу луѓе кои работат низ европа и кои го прифатиле европскиот начин на работа. Работиш 8 часа обично од 9 до 5 почнуваш со работа во 9, не доагјаш во фирмата во 9 и го напушташ работното место во 5 а не дома да си во 5, ги исполнубаш сите работни обврски професионално и прописно без разлика дали мислиш оти ти е мала платата или заслужуваш повеке. Си прифатил за одредена плата да работиш одредена работа и ке ја работиш целото работно време, прописно и професионално ако не ти одговара барај нова работа.

Околу ова, да, се сложувам. Ако не ти чини, напушти си ;)... токму тоа го имам правено и јас ;).

Е сега, од друга страна пак, ај размисли колкави ти се примањата, колку може некој максимум да ти даде за тој труд тука, во Македонија и дали ќе ти се исплати да одиш до „пи*ке материне“ и назад секој ден за 50 или 100 евра повеќе што ќе понуди некој друг ???... земи ги и тие фактори во игра и ќе видиш дека одлуките тука и не се баш едноставни... особено ако земеш дека сите останати цени на производите се, горе-долу, Европски... а платите ти се Македонски.

Еве, прост пример, имав понуда да работам во една фирма на која канцелариите и се во населба Илинден, за 100 евра повисока плата од онаа која ја земав во тој период. Па чоек... кај ми е безнин/плин, кај ми е амортизација на кола, кај ми се два сати дневно секој ден до работа и назад ???. Да имаа организиран превоз до таму и назад, ај, можеби и ќе размислев... немаа. Епа не ти одам, одбив... и што? Ќе речеш дека сум имал избор? Кој избор, жити се ;D. Тие 100 евра плус што ќе ги земав, на крај пак ќе ги лупнев за гориво и поправки на колата ;D. И што, колку да ми се води дека сум сменил работно место и земам повисока плата ??? ;D... јас барем, не гледам логика да го правам тоа ако овие ми се единствените причини :D.

И, да бидеме искрени, ти фамилија претпоставувам немаш, а изгледа и како да не планираш во догледно време да ја имаш, така ;). Кога си сам, работите се далеку поедноставни. Донесуваш одлука и тераш. Кога си со некого, мораш да мислиш и на него, како тоа што ти ќе промениш било што во твојот начин на живот и работното место, ќе влијае на партнерот, децата и заедничкиот живот. Не се прават вакви промени на бафтаана.

Иако дел од работите кои ги пишувам изгледа како да ти се обраќам директно тебе GigaWatt не е така, се што имам пишано е општо иако има реченици со ако ти или ако тебе.

Да да, јасно контам ;), уживај, нема проблем ;).

Мајками цел работен век го помина како шивачка знам кои се платите и знам кои се условите, а и знам колку работат, работев обезбедување/чувар во неколку Струмички шивални. конкретно во Струмица платите ги расипаа Струмичките "менаџери" кога дојдоа грчките фирми нудеа плати по 300 евра (пред 13 14 години) но менаџерие за неколку месеци ги убедија газдите дека работниците ке работат за 100/150евра ако они зимаат поголема плата.

Да, имам чуено за ова, не знаев колку е вистина, но... види, бизнис како бизнис, на некој мора да му се стемни за мене да ми осамне, така? Затоа јас не сум кадар кој треба да работи на менаџерско место, јас нешто вакво ни на сон не би можел да направам.

Сега е полесно за способни и стручни луѓе да работат со странство од Македониа, посебно во техничките струки има многу работи кои се работат online.

Епа затоа и најдов некоја средина ;). Не можам да одам на запад, но затоа, тоа што можам да го работам, можам од било каде да го работам ;). Е сега, не си платен колку на запад, ама па повеќе си платен отколку тука што сум... искрено, не би се жалел дека ми е лошо :). Можеби не ми е добро колку што би сакал да ми биде, ама, генерално земено, не ми е лошо :).

Се е мое мислење и мое искуство никој немора да го чита или размислува за него а најмалку да го прифати или се согласи со него  :)

Така де, си разменуваме мислења, си коментираме, ништо страшно :).

За крај, јас мислам дека ако како работник си добар професионален стручен ќе добиеш подобри услови ако не од еден тогаш од друг газда или од друга држава.

Околу ова се сложувам... и затоа ни се иселија сите што беа одлични во својата работа. Ама што да прават многу добрите и добрите овде ???. Не секој е супериорен во својата работа. Има некои, едноставно толку им фаќа... знам и такви, едноставно менталниот капацитет им е тој... а си работат, не е дека не си работат... муааетов излегува, ако не си супериорен во тоа што го работиш и си роден во Македонија, цркни ::).

Уште една работа за крај - ваков башибозук и беззаконие како овде нема никаде на запад... Но, ако знаеш го свртиш тоа во своја корист и знаеш да  „пливаш во матно“ ич нема да ти фали западот... ;)

Токму така... арно ама, треба да си факма. Ако не си, ќе пропаднеш :-\. Не секој е роден да биде факма, ниту пак знае како да биде. Мене пред се ми е жал за тие луѓе, кои најпоштено си ја работат работата, но, ете... едноставно не знаат како да се снајдат во ова време тука, на Балканов :-\. А има такви многу, далеку од тоа дека се малку.

@bumbar: Не знам што да кажам :-\. Слични проблеми имаме и ние сега со сопругата... бараме мајстори за реновирање, едвај усепавме да најдеме за некои од работите, а за другите... ќе видиме ::).

Ако не повеќе, барем да знаеш дека со терминологијата што ја користиш, секогаш успеваш да ме насмееш ;D.

Генералнл работниците ја вршат цела работа,  а се нај неплатени.

Да, би се сложил со ова. Генерално, сметам дека повеќето си работат фер и за онолку колку што се платени. Според мене, супериорен квалитет за супериорна плата (не Македонска супериорна, бидејќи кај нас тоа значи максимум 50 евра плус). Може да му се покаже на газдата кои ми се можностите и што знам да правам, но за тоа, ќе си платиш... ако сакаш, ако не, квалитетот ќе ти биде на тоа ниво на кое ти е, тоа е тоа ;).

И да, среќен Велигден :), за многу години нека е :).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
„Да, би се сложил со ова. Генерално, сметам дека повеќето си работат фер и за онолку колку што се платени. Според мене, супериорен квалитет за супериорна плата (не Македонска супериорна, бидејќи кај нас тоа значи максимум 50 евра плус). Може да му се покаже на газдата кои ми се можностите и што знам да правам, но за тоа, ќе си платиш... ако сакаш, ако не, квалитетот ќе ти биде на тоа ниво на кое ти е, тоа е тоа ;).

И да, среќен Велигден :), за многу години нека е :).“
Истиот работник во мк ќе забушава во германско ќе рмба ко вол. Е сега проблемот е овде што ако рмбаш ко вол ќе бидеш едини и ако ти дадат 700 еу плата на пример одма ќе почниме, види го него, му се лижит на газдата вака така, сакаме и ние плата толкава, што е тој подобар од мене итн итн... миљон примери имаш.
На изненадување во една фирма кај што работев газдата секако го јадеше најголемиот дел од колачот, али беше крајно фер и коректен према вработените со плати со денови слободни, пост-работен саат беше х2 од работен саат во нормално време, и за наши услови сосем солидно. За автомеханичарски сервис се работи. И кон вработени и кон муштерии имаше коректен однос.
За многу години!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Знајш колку е казна пајак ако те крене германија ? за пијан возење? за скара на тераса ? за гласна музика ? Ќе ме сања германија, Кај им рмбаме за (за нивни услови) за безпари уште закони ќе ми кажуваат. Ќе рмбам овде за 200 еу ама слобода ќе имам.

Секој со својата логика... јас пак, радо би се помрил со тоа дека нема гласна музика, паркирање како сакаш итн. за таа сума на пари која ја земаат. Скари на тераса и тука не правам :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
и на 15 год си бил против гласна музика ? А олкав вака си в парк да пиеш пиво :) е немат тамо...

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Реков за крај но  ;D ;D
Кога ме прашаа за плата и промена на работното место, поентата ми беше да кажам колку грешка информирани луѓе има за тоа колку се заработува и кои се трошоците Европа. Плата од 6  7 илјади евра во фабрика во Холандија само во ретки случаи и никогаш како работник на лента или машина, имам пријател кој работи во фабрика и зима таква плата можеби и повеќе, работи како process developer, за машини за изработка на силиконски плочи за чипови, еден од неколкуте во светот е што го работи тоа. имам пријаткој работи како обичен работник на цнц машина  cnc operator  не програмер и платата му е 1450 евра, во погонот во кој работи зависо од машината зимаат помеѓу 1400 и 1600 евра.
Платите од линкот незнам дали виде дека се бруто не нето, нето се 21 22 % помали.


Подобра плата независи само од повеќе пари,зависи и од патните трошкови, работното време и обврските и ред други работи.


Трошковите, во Холандија за другите држави нема да коментирам, се многу поголеми од тие што народот во Македониа си ги замислува.
 Подобро е далеку подобро од Македониа но не само поради повисоката (ако разликата е само повисоката плата јас утре ќе се вратам) плата, фамилија немам, но тоа нема да ми го смени карактерот и моралните вредности.

Сите знаеме дека ЕУ е подобро од МК а скор никој несака да работи како во ЕУ за да го постигне стандардот и нормите во ЕУ, прво се бара Европска плата а потоа се почнува со европски начин и квалитет на работа, ако воопшто се направи тоа.
За да се добијат европски плати и животен стандарт прво мора да се промени Македонскиот менталитет и начин на работа во Европски, со голем дел од луѓето со кои сум разговарал го бранат Македонскиот начин на работење и живеење а сакаат Европски примања и стандард на живот.
Европа не е падната од марс со тој стандарт со тие плати со тие услови и се друго, тие се створени. А Македониа чека некој да и ги даде. Утре да почнат во Македониа газдите да даваат европски плати мнозинството од работниците ке си тераат пак исто. Да ги дигнеме сите од Македониа и ги ставиме во Холандија а тие од Холандија во Македониа, јас мислам дека за 2 до 5 години Македониа ке стане како сега Холандија а Холандија ке стане како сега Македониа.
Дали бил крив газдата работникот владата или господ (за тие што веруваат) не е важно, додека не се смени начинот на однесување/ размислување и моралните вредности во Македониа нема ништо друго да се смени.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
и на 15 год си бил против гласна музика ? А олкав вака си в парк да пиеш пиво :) е немат тамо...

Не, јасно дека не сум бил, ама како сите, така и син ми/ќерка ми ;). Таму ќе бидат растени, не тука, ќе се навикнат да прават како и сите тинејџери таму, со слушалките на тебе и ајт, бркај работа ;).

А јас нема да морам да пијам пиво во парк ако можам да си дозволам да си купам 10 пива во кафич или дискотека. За жал, не можам :-\.

Кога ме прашаа за плата и промена на работното место, поентата ми беше да кажам колку грешка информирани луѓе има за тоа колку се заработува и кои се трошоците Европа. Плата од 6  7 илјади евра во фабрика во Холандија само во ретки случаи и никогаш како работник на лента или машина, имам пријател кој работи во фабрика и зима таква плата можеби и повеќе, работи како process developer, за машини за изработка на силиконски плочи за чипови, еден од неколкуте во светот е што го работи тоа. имам пријаткој работи како обичен работник на цнц машина  cnc operator  не програмер и платата му е 1450 евра, во погонот во кој работи зависо од машината зимаат помеѓу 1400 и 1600 евра.
Платите од линкот незнам дали виде дека се бруто не нето, нето се 21 22 % помали.

Е добро де, тие работни места се насекаде платени, ама навистина маста ти ја вадат... затоа и толку те плаќаат... освен тоа, не те плаќаат за фички труд, за паметот те плаќаат 8). Само кај нас паметот џабе е ::).

Платите од линкот незнам дали виде дека се бруто не нето, нето се 21 22 % помали.

Да да, видов, и затоа и пишав „барем 5 пати повисоки“... направи проста математика, ќе видиш дека е толку ;).

Подобра плата независи само од повеќе пари,зависи и од патните трошкови, работното време и обврските и ред други работи.

Апсолутно, затоа и го дадов овој пример.

Еве, прост пример, имав понуда да работам во една фирма на која канцелариите и се во населба Илинден, за 100 евра повисока плата од онаа која ја земав во тој период. Па чоек... кај ми е безнин/плин, кај ми е амортизација на кола, кај ми се два сати дневно секој ден до работа и назад ???. Да имаа организиран превоз до таму и назад, ај, можеби и ќе размислев... немаа. Епа не ти одам, одбив... и што? Ќе речеш дека сум имал избор? Кој избор, жити се ;D. Тие 100 евра плус што ќе ги земав, на крај пак ќе ги лупнев за гориво и поправки на колата ;D. И што, колку да ми се води дека сум сменил работно место и земам повисока плата ??? ;D... јас барем, не гледам логика да го правам тоа ако овие ми се единствените причини :D.

Трошковите, во Холандија за другите држави нема да коментирам, се многу поголеми од тие што народот во Македониа си ги замислува.

Да де... ама не се 5 пати повисоки, така :P :D... знам, зависи за што, ама правам муабет за егзитенција, на крајот сигурно не излегува дека се 5 пати повисоки, така ;).

Сите знаеме дека ЕУ е подобро од МК а скор никој несака да работи како во ЕУ за да го постигне стандардот и нормите во ЕУ, прво се бара Европска плата а потоа се почнува со европски начин и квалитет на работа, ако воопшто се направи тоа.

Еееее, ај да не почнувам за ова :P ::) :D. Па грцине се типичен пример за земја членка на ЕУ со несразмерно високи плати во однос на тоа колку работеа. Је*оте, исто ко кај нас беше, превработена администрација, превисоки плати во однос на тоа колку работат, 13-та, 14-та плата... па им се можеше цели 30 и кусур години и ги одраа Европјаниве 8). Алал им вера, не знам што да кажам ;D. Не за џабе се вели „дужен ко грчка“ ;D ;D ;D.

И не е грција единствена таква земја, тука некаде е и Шпанија и некои други појужни држави... сите тие се јужњаци, како и ние, не ни е ист начинот на размислување на нас и на северниве народи ;)... па зошто Шведска, Норвешка и останативе северни нејќат да чујат за ЕУ... за да ги ранат овие јужниве ??? ;D. Англија што се заеба, се заеба, ама тоа е, после е*ење нема каење ;D. Мада, јас тек сега разбрав дека и кај нив референдумот бил консултативен ??? ;D... кој да знаел ;D.

За да се добијат европски плати и животен стандарт прво мора да се промени Македонскиот менталитет и начин на работа во Европски, со голем дел од луѓето со кои сум разговарал го бранат Македонскиот начин на работење и живеење а сакаат Европски примања и стандард на живот.

Е тоа можеби не им е јасно, но ќе им стане јасно ако сакаат да си ги лапаат тие паричиња 8).

А околу Македонскиот начин на живот... друже... не знам како е кај тебе, во Скопје се е сменето од пред 10-тина години наваму... нема забави, нема седење до сабајле, журки итн. Сите се на работа утре, а и да не се, имаат домашни обврски, така да, генерално земено, барем во Скопје работите се одамна сменети. Тоа што го викаш „лаган начин на живот“, веќе го нема во Скопје... криво ми е, барем на мене, но, тоа е тоа... одиме кон начинот на живот кој го имаат Европјаниве... не ми се допаѓа, особено поради тоа што не ја земам таа плата, а се очекува да работат како Европјанин, но што е тука е... ќе се издржи ;).

Утре да почнат во Македониа газдите да даваат европски плати мнозинството од работниците ке си тераат пак исто.

Пааа... зависи. Ако ги седнеш и им објасниш дека ова големо покачување не е за џабе... не верувам дека ќе биде баш така како што викаш. Е, ама ако не им објасниш, да... па на крајот на краиштата, поголема плата, никој ништо не кажал за покчување, седи си, трај си, што јас прв да бидам, да прашам, да си ставам трн во здрава нога 8).

Да ги дигнеме сите од Македониа и ги ставиме во Холандија а тие од Холандија во Македониа, јас мислам дека за 2 до 5 години Македониа ке стане како сега Холандија а Холандија ке стане како сега Македониа.

Не верувам во ова... треба векови за ова што се заебувало да се оправи... 5 века Турско, не е малку :-\.

Дали бил крив газдата работникот владата или господ (за тие што веруваат) не е важно, додека не се смени начинот на однесување/ размислување и моралните вредности во Македониа нема ништо друго да се смени.

Ни ова не верувам дека ќе се случи, но... мееех, можеме да се надеваме ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
„Не, јасно дека не сум бил, ама како сите, така и син ми/ќерка ми ;). Таму ќе бидат растени, не тука, ќе се навикнат да прават како и сите тинејџери таму, со слушалките на тебе и ајт, бркај работа ;).

А јас нема да морам да пијам пиво во парк ако можам да си дозволам да си купам 10 пива во кафич или дискотека. За жал, не можам :-\.“
аее, ти си го проживеа, па децава твои / мои нека патат :) Номално е на 15 год да урлаш, да ојш на журки, да правиш глупости, ај сега да те видам излези до 5 сабајле и од тука на работа продолжи. Германија да ни одат децата на геј паради? не, благодарам, подобро е в парк.
кафичите/дискотеките странство се уште поголем луксуз. Едино кафе-чорба од нан нога е поефтино. А и друг е филмот, крај краева ти ја кратат слободата, оти да неможеш да пиеш пиво в парк? илиред други работи....
А и да си се паркираш кај што ќе ти текне што ќе ти фали. Нормално, ако си со кола, кога си пешки работите стојат поинаку :)
Едино сатот(сметањето на времето) им е ок по мое :)
Инаку немој да мислиш дека нешто здравството е по ок, еден заб е ѓаол ипол, башка другрка се пораѓаше норвешка, плацента и заборавиле. Па ајде делкај на ново...

„Дали бил крив газдата работникот владата или господ (за тие што веруваат) не е важно, додека не се смени начинот на однесување/ размислување и моралните вредности во Македониа нема ништо друго да се смени.“
Мене арно си ми е вака, не ни сакам да се смени, јас сакам башибозук, безредие, така лабаво. едино овде ми смета неправдата. На пример ако си некој и нешто можеш чојк да утепаш и да не одговараш, ако си обичен смртник и за 10 ќебаси мојш да окапиш робија... Е германско двајцата ќе окапиме робија или двајцата ќе шетаме слободно, без разлика кој си што си. Крај краева ако си стварно способе за нешто, работи си сам, отвори си сам бизнис, не мора да е кој знае што, ете за погореспоменатит мајстор ти треба 100 еу инвестиција и македонија ќе ти биде германија. Имаш и онлајн работа и све. Едино што треба да работиш :)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Кај нас џабе е паметот оти се прават сите паметни а на дело многу малку.
Знам колку се платите и трошковите, затоа реков ако е само платата одма се враќам.
30 год прекарале грците па ги примиле ЕУ (што и како грците нема да  дискутирам.) Македониа како дел од Југославија го има проживеено истото,  е сега Македониа продолжува без ништо да понуди или промени. Кај нив БЕШЕ кај нас е сеуште така.
Според мене европските држави прават нешто друго нешто различно или имаат нешто друго затоа се други имаат повеќе и ги третираат поинаку. Некои Европски држави се со сличен менталитет на Македонскиот но и со сличен животен стандард.
Македонскиот начин на живот пред се мислев на почитта културата моралните вредности  работните навики, општото однесување.
Европејците го живееле тој начин на живот мнооогу пред да ја имаат таа плата и тој животен стандард, платата е последното нешто што се зголемува.
Зошто да седниш и да им објасниш дека треба да равотат добро за добро да заработат, тоа се учи во прво одделение.
 Ако седнеш и им објасниш дека се примени да работат одредена работа професионално и квалитетно, за одредена сума на пари  па понатаму доколку продолжат така ке им се подобри платата што е правило во цел успешен свет, кај нас не функционира и никој не го прифаќа.
За да бараш повеќе пари треба да понудиш повеке/подобар услуга/квалитет, а не обратно.
Неможе прво да јадеш домати па потоа да одиш да ги сееш обработуваш и собереш, какви домати ќе јадеш зависи пд како си работел на нив, каква плата ќе добиеш зависи од како си работел.
Знам дека кај нас најголемиот дел од газдите се користољубиви/лакоми  и не го даваат заслуженото но каква причина имаат они за да се сменат?
5 века сме биле под турско па потоа под до ден денешен под некој друг поради менталитетот и моралните вредности (недостатокот на морални вредности).
И јас не верувам дека ќе се случи барем не овој век, но додека не се случи нема да има никакви промени.

 Дефиниција за лудило, да го правиш секпј ден истото и да очекуваш различен резултат.

@bicikle заедно со башибозукот и безредието доаѓаљ и неправдата , за некој лабаво за некој уштеполабаво а за некој јаже околу вратот.

Тоа е мое гледање на работите, мој став за тоа што и како во Македониа и знам дека многу тешко да се сменат работите, не само пматите (мене ми смета башибозукот и анархијата која владее) затоа заминав.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4079
  • Gender: Male
Мене арно си ми е вака, арно е имат и полошо.