Значи вака оваа тема ја отворам за дискусија околу идеи за некој голем проект што бара огромни финансии не во смисла на некојси 2-3к денари туку во смисла на 60-100к денари вака колку муабет да се прави и идеи да се разменуваат.
Имено јас дома имам доградба на станот во која едната соба сеуште е празна и мислам да ја направам домашно кино за 4-6 лица со кожени фотељи како за кино, потоа предзасилувачот што го правам при што привремено ќе бидат слабите 5x10W + 1x30W сараунд звучки - мислам да правам подобри и затскриени во ѕидовите, потоа направи сам проектор со 17" монитор и контролна плоча која е - при што пресметките се извршени да ми даде дијагонала од 2.2 метри со резолуција од 1080p резолуција на Full-HD (цената за целиот проектор е околу 18к денари). И најинтересното е градењето на изглед од Star Trek која ми е најомилена серија на сите времиња не само поради тоа што е SCI-FI туку и поради тоа што е единствена серија која се има емитувано повеќе од 40 години во етерот.
Потоа поврзување на компјутер како HTPC (Home Theater Personal Computer) кој ќе има 2 картички за дигитална и 1 картица за аналогна телевизија - едната дигитална за снимање на канали додека гледаш друг канал (замисли фудбалот како ќе изгледа на дијагонала од 2.2 метри).
Изработка на MP3 Player (сорс:
www.pjrc.com) и CD Player (сорс: СиликонЧип/Електор Списание).
П.С. Ако ми текне уште нешто ќе пишам.
П.П.С. Ми текна и на FM Ресивер но немам најдено квалитетен со ЛЦД екран и дигитална контрола со далечинско, а да се мачам јас да го мислам немам намера