Author Topic: Избор на струка  (Read 5364 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Избор на струка
« Reply #15 on 21.06.2013, Friday, 02:09:12 »
Абе есап по дома секој знае да прави.Ова го кажа за маалските хакери.кои заправо ни прават и највеќе промет - секоја нивна грешка,или непознавање ,газдата на РС то двапати го плаќа и потоа му иде памет!Не е баш едноставно сервисирањето( поготово хардверот ).Некојпат и два три дена се мачиме да дојдеме до решение на проблемот,особено кај лап топовите.ама и кај деск-топот ,ако се *поправани* од надри мајстори.Сервисирањето  треба да се научи,не е ни малку едноставна работа.а сепак пари земаш помалку од сработеното.Ако одсега така гледаш на работите,подобро запиши си гимназија.Адвокатите за две реченици и по 100 евра земаат 8)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #16 on 21.06.2013, Friday, 12:29:38 »
не дека правам есап на друг туку го имам видено како на листот за наплата пишува 2000ден за склопување, исто така не реков дека е многу лесна работа но едноставно во скопје,битола прилеп и другите поголеми градови има огромна конкуренција со тоа сите се помачуваат да ја завршат работата што подобро и  за поефтина пара, а овде само 1-2 коишто за 1 напојување ти зема 800 и сето ова што го кажав е вистина ништо не е изислива. а во врска со она да одам гимназија, гимназијата =4 одделение и затоа спаѓа во струка што не би ја одбрал истотака мразам економски и медицинска, едноставно не дека не е добра настава туку гледаш некој едвај минувал со 2 и се запишал на медицинска за 1 ден што се вели ке стане доктор и како ке ги лечи тој лугето, а јас со 5 треба да се клањам 10дена да ме запишат електро.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Избор на струка
« Reply #17 on 21.06.2013, Friday, 12:44:53 »
Е,па оваа година треба на осмоодделенците да ви се клањаат ;D Има 30% помалку завршени осмоодделенци  од лани на ниво на Македонија.И борба е за ученици.Во Велес се прават забави,разни  манифестации прават средниве школи,привлекуваат ученици.Така што  ако нема место во Кочани во Велес во УЗУС Коле Неделковски ке те запишеме! И Интернат без пари ке ти дадеме! ;D ;D
Се само да се запишеш тука!
Кај мене овде напојување 500W Hantol е 730 ден со монтажа,преинсталација 500 ден со 300 ден ако е од кај нас купен компјутерот! Ако купиш било каков уред или дел од мене монтажата е бесплатна.Ако купиш рутер инсталацијата и подесувањето е фри! ;D Ако купиш конфигурација од кај мене монтажата и инсталација на софтвер е бесплатна ( се разбира не е со лиценца) ,а имаш 1 година лиценциран антивирус,една бесплатна преинсталација,1 бесплатно чистење со компресор,менување термална паста...Воглавном си ги штитиме нашите муштерии.Даваме и други погодности за сталните муштерии.Едино немаме мобилна служба за интервенции ;D ;D ,па мораат компјутерите да се носат во дуќан.Но имаме и такви  муштерии кои само се јавуваат и не прават проблем за доплата за да го средиме комп. на лице место или со наша организација се зема и се враќа со такси машината.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #18 on 21.06.2013, Friday, 13:06:15 »
прво ке си ја пробам среката во кочани. ти што би ми препорачал да се запишам електротехничар за компјутерска техника и автоматика или електротехничар за електроника и телекомнукации.  еве и линк од страна на училиштето
Code: [Select]
http://gvko.edu.mk/
Kure je kupio novog BMW-a

Offline stefanstip

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 314
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #19 on 21.06.2013, Friday, 15:15:19 »
На мене кога ми дојде време да се запишувам средно училиште, си имав одлучено дека ке одам електротехничко и кога ми пресметаа колку поени имам можев на било која насока да се запишам. Така избрав електроника и телекомуникации и не сум зажалил ни малку дури и професорите во прва година пробаа да ме премислат да се преместам во автоматика и компјутерска техника ама тоа не и успеа. Ти запиши си се на таа насока за која имаш желба и дека сакаш тоа да го работиш инаку запиши си се во Штип поарно имаш платен превоз од Кочани бидејќи кадарот е за нијанса подобар од Кочани  ;)
Каква тишина ќе настане ако луѓето го зборуваат само тоа што го знаат

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #20 on 21.06.2013, Friday, 15:46:52 (Edited 21.06.2013, Friday, 15:49:43) »
јас имам околу 75-76 оти имам одено и на натпревар сите години минував со 5, што значи можам да отидам на било која струка.  јас не сум од кочани но планирам таму да одам така да секако патувам секој ден по 15км, има многу деца од виница коишто одат во штип некои остануваат во интернат а додека некои патуваат секој ден, инаку јас едно време се мислев да одам во штип и така сите другари ке одат таму па ако отидам и јас интернатот ке го срушиме ;D. и дали би можел накратко да ми објасниш што се изучува на електроника и телекомуникации? :)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline stiffy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 490
  • Gender: Male
  • ак сакам.
Одг: Избор на струка
« Reply #21 on 21.06.2013, Friday, 17:12:26 »
Кај мене овде напојување 500W Hantol е 730 ден со монтажа,преинсталација 500 ден со 300 ден ако е од кај нас купен компјутерот! Ако купиш било каков уред или дел од мене монтажата е бесплатна.Ако купиш рутер инсталацијата и подесувањето е фри! ;D Ако купиш конфигурација од кај мене монтажата и инсталација на софтвер е бесплатна ( се разбира не е со лиценца) ,а имаш 1 година лиценциран антивирус,една бесплатна преинсталација,1 бесплатно чистење со компресор,менување термална паста...Воглавном си ги штитиме нашите муштерии.Даваме и други погодности за сталните муштерии.Едино немаме мобилна служба за интервенции ;D ;D ,па мораат компјутерите да се носат во дуќан.Но имаме и такви  муштерии кои само се јавуваат и не прават проблем за доплата за да го средиме комп. на лице место или со наша организација се зема и се враќа со такси машината.
ПАМЕТНО! Мора да фрлиш рипче, да фатиш крапче. Јас сум во една фаза на “пробивање“ и работам за позитивна нула...ништо повеќе. Кога ќе научат квалитетна работа тоа е друго. Батка, поволно звучи, според ова изгледа како да имате квалитетна услуга...браво! :D

јас имам околу 75-76 оти имам одено и на натпревар сите години минував со 5, што значи можам да отидам на било која струка.
И јас имав за на медицина, ама се двоумев меѓу овие 2 смера...ко видов колку слаб е класонт електроника се одлучив за автоматика :D

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #22 on 21.06.2013, Friday, 19:24:21 »
абе и јас незнам што да одам ако отидам електроника бар кје учам она што ме интересира а доколку отидам автоматика само ке киснам на програмирање, но сепак ако отидам електроника пак можам да отидам на друга струка на факултет.
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Избор на струка
« Reply #23 on 21.06.2013, Friday, 19:56:22 »
јас имав еден професор по аналогна вака викаше, вие не ја сакате електрониката (на некои од класот) како сакте тогаш да ја учите.
И во право беше човекот, оди она што го сакаш, немој да избираш работи кој не ги сакаш оти ќе ти биде многу потешко после, одбери го она што знаеш дека ќе го завршиш и дека убаво ќе го научиш, без разлика на тоа какви ќе се твоите соученици, искористувај ги професорите до максимум
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #24 on 21.06.2013, Friday, 21:30:41 »
јас велам да одам на електроника и комуникации бидејки повеке ме интересира хардверскиот дел отколку софтверскиот. но никој не ми кажа што се изучува на електроника и телекомуниикации. ::)
Kure je kupio novog BMW-a

Offline JovanOH

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 203
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #25 on 21.06.2013, Friday, 22:10:15 »
Прва година сите учат исто: Електротехника, Електорнски материјали, Техничко цртање.
Втора година: Аналогна електроника: тука се учи општо за електрониката и без неа не ќе можеш понатака значи се учи за полупроводници диода, транизтор, операциски засилувачи, претворање на AC-DC и на крај нешто NTC и PTC отпорници
Дигитална електроника и микропроцесори: Исто се учи општо за дигитланата електроника најпрово се учат претворање од бинарно во децимално, бинарно собирање, одземање... логичките порти, потоа флип-флопови и слично
Основи на мерењата и електрични кола: Тука се учат основите на мерењата, принципот на работа на инстументите и некои електочни кола: филтри, CR кола и слично
Телекомуникации: Тука се почнува најошто со телекомуникациите општо за приемници предаватели, антени, кабли и слично
Трета година:Електронки склопови: во овој предмет во трета година се се учи за аудио техниката  најпрво се учи од физика карактеристиките на звукот, потоа се учат микрофоните и звучници па потоа засилувачите, има АМ ФМ приемници и предаватели
Телекомунукациски склопови и уреди: Со овој предмет во трета година воглавно се учат модулациите АМ, FM, импулсно кодните модулации
Дигитлана електроника и микропороцесори: Во овој предмет веќе се учат микрокотролерите и микропроцесори и то бааѓи се учат зошто имаш 5 часа неделно
И во трета година треба да имаш изборен предмет од Телекомуникациски склопови и уреди, Електронски склопови и уреди, Пракса, Физика, Математика од овие предмети треба да избереш два
Јас имав избрано Електронски склопови и уреди и Пракса 
По електронски склопови и уреди-изборен се учи повеќе за тиристори, тријаци, AC-DC, DC-AC, DC-DC претворувачи
По пракса-изборен има од се по малце од ауди техника: елвилајзери, миксери потоа има и видео техниника, има и за тиристори и слично
Четврта година:Електронски склопови и уреди: се учи за видео техника од физичкитекарактеристики на светлината, потоа следам PAL, NTSC, SECAM потоа се оди на дигиталните видео системи, потоа се учат екраните: со катодна цевка, ЛЕД и плазма и на крај се учи за кабловкса телевизија
Телекомуникациски склопови и уреди: Во четврта година веќе не се учи толку за пренос на говор и слика туку се учи за сигнализација пример LAN, ADSL, GPRS,
Електронски склопови и уреди-изборен:Тука вогнавно се учи повеќе за сензори, нешто малце за PLC

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #26 on 21.06.2013, Friday, 22:22:24 »
 благодарам за информација, сеа уште да дознаам што се учи и на компјутерска техника и автоматика ги ставам едно до друго и споредувам, и на крај кје изберам. би било  убаво некој што има учено компјутерска техника да напише овака па до споредувам  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #27 on 21.06.2013, Friday, 22:32:22 »
Во училиштето Гошо Викентиев во кое сакаш да се запишеш јас завршив во далечната 1998 година....Тоа време имаше две струки,електротехничар/електроничар и електротехничар/енергетичар.Јас завршив енергетичар бидејки имав од кој да учам електроника(практично).Во мое време немаше атмосфера за учење,како и во сите технички школи во државата во тоа време.Колку што знам сега ситуацијата е променета,дури има и девојчиња(во мое време беа две).Постарите професори беа спремни,сега не верувам дека помладите се толку добри.Старите во тоа време сите имаа искуство во индустрија па потоа станале професори.Сега критериумите за професори се членски книшки........Несакам да ти ја сменам одлуката доколку ја имаш донесено досега но најдобронамерно распрашај се за другите училишта во околината.
Околу тоа што се изучува,додека јас бев таму прва година сите учат исто додека одлуката за струката се донесуваше од втора година,нели овде беа важни и бодовите.
Имаше еден професор по Основи на електротехника кој што имаше своја изрека која што ја кажуваше на учениците првиот час.
*Ко зна зна,ко незна два.Кој има двојка од мене да не брка у струјата*

Мислам дека прашањето подобро би ти било да гласи во кое училиште да се запишам отколку избор на струка.И пак околу тоа што се изучува.........тие се предметите,во прва година најбитен ке ти биде основи на електротехника и по мое математика,ако овие два предмети не ги научиш префрли се во вашата гимназија која што има *одлична* репутација.
Се надевам ти помогнав колку толку..............
Дарко

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #28 on 21.06.2013, Friday, 22:49:47 (Edited 22.06.2013, Saturday, 00:05:12) »
електроника практично и јас по нешто чепкам овде онде онака за забава, значи имам познавања во врска со шемите и електронските компоненти, и да точно за да се вработиш ти треба партиска книша пример училиштето гоце делчев во виница каде што учев 10 вработени за 1 месец, но политиката настрана, сепак некако не ми се оди во штип. инаку исто е дали ке одам во кочани или штип,велес итн. секаде образованието е исто т.е. колку да се минава. јас сум решен да одам во кочани но незнам што компјутери или електроника не е проблем да отидам електроника ама после треба да р'мбам по некој сервис за тв и појачала а со ова компјутерите мислам дека имам поголеми можности. затоа барам да видам што се изучува и на компјутерите и да се одлучам 24 иде, не чека јас да се мислам.  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline ddd

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 276
  • Gender: Male
Одг: Избор на струка
« Reply #29 on 21.06.2013, Friday, 22:55:05 (Edited 21.06.2013, Friday, 22:57:45) »
Зарем не размислуваш за факултет???Со средно секако дека немаш некоја перспектива и ке рмбаш некаде како што кажа.Ако мислиш дека ќе рмбаш со електроника нама да поминеш подобро ако одиш на информатика или телекомуникации.Сепак е средно....
И уште ова,шемите и електронските компоненти се само мал дел од поимот електроника.Немој да мислиш дека имаш познавање за твој години,си ја утнал струката тогаш и како што кажа професорот не бркај во струја.............
Дарко