Македонски форум за електроника
Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: BorceBT on 13.03.2010, Saturday, 17:35:40
-
Доколку ги имате прочитано добро правилата на форумот:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0 (http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4.0)
Знаете дека расправии и користење на говор на омраза на форумот е забрането макар и некој навистина да не е во право.
Исто така во правилата пишува дека е забрането користење на функцијата „Репутација“ во лоши цели и како замена за расправија или омаловажување на одреден член. Иако на прв поглед функцијата „Репутација“ е анонимна администраторите имаат можност да проверат кој член ја злоупотребува оваа функција затоа молам таа да се користи во рамките на нормалната употреба а тоа е да му заблагодарите на некој член доколку ви помогнал или да му „заблагодарите“ доколу згрешил и ве навел на лош заклучок.
Се надевам на соработка од сите.