Македонски форум за електроника

Општа дискусија => Општа дискусија => Topic started by: BorceBT on 08.03.2010, Monday, 23:36:05

Title: Препирки и расправии?
Post by: BorceBT on 08.03.2010, Monday, 23:36:05
  Би сакал да ве советувам дека е беспотребно на форумов да има кавги, расправии, препирки од сите типови а најчесто од типот „јас знам а ти не“. Форумот е направен за размена на информации и дружење на електроничарите од секаков калибар, и почетници и професионалци. Навредување на некој што не знае што е „ова“ или што е „она“ не му оди во прилог на никој а најмалку на новите електроничари. Сакам да апелирам никој да не користи навредлив говор во своите пораки и да проба да помогне! Ако некој не е во право може да речете „јас мислам дека ова не е така туку е вака:“ а ако речете „појма немаш кој те учел така“ или слично беспотребно влегувате во конфронтација од која единствено што може да се добие е исклучување од форумот кое не е во прилог ни на вас, ниту на другиот а ниту пак на форумот бидејќи целта е сите да соработуваат.
  Исто така да немате предрасуди во врска со тоа што некои членови се ВИП или не се или се Модератори или Администратори. Кога се води дискусија сите членови се еднакви а доколку некој се истакне со време автоматски добива ВИП (над 100 поста), а ако има желба може да стане и Модератор па дури и Администратор што во суштина и не е никаква придобивка бидејќи форумот е 100% отворен за членовите - што гледате сите тоа гледа и Модераторот и Администраторот.

Благодарам на разбирањето.