На следнава шема е прикажано регулирано напојување (од 0 до 20V) во кое е вградено подесиво ограничување на максималната струја од 0.1 до 1А (може и повеќе со промена на некои елементи).
Бидејќи шемата е стара, замена за транзисторите со малку помодерни се:
BC219 = BC141
BC107 = BC547
Отпорникот од 1 ом е 5W жичан (керамички)!
Доколку ви треба за поголема максимална струја (2 до 3А) заменете го транзисторот 2N3055 со 2N3773 и заменете го отпорникот од 1 ом со отпорник од 0.47 оми 5W исто така жичан (керамички).
Трансформаторот кои може да го употребите треба да има од 15 до 18 (2х9) волти на секундар и да има снага над 10W а не повеќе од 30W (со 2N3055) и 60W (со 2N3773).
Транзисторот 2N3055 (или 2N3773) треба да биде монтиран на ладилник од барем 6х6см.