Јас колку што успеав да видам од осцилограмите, овој флипфлоп си работи како што му е кажано. Значи оние триаголници што се јавуваат се од самоосцилации на некој дел од колото (затворена индуктивно капацитивна јамка) и тие имаат мала амплитуда и нема да прачат во работата доколку нивоата на двата влеза се на дефинирани сигурни ТТL високо или ниско.
И јас го мислав истото, максималните и минималните нивоа на триаголнит сигнал се премали (премногу е мало Upp) за да може да префрлува flip-flop-от од една позција во друга, ама не бев сигурен, па викам ај да се консултирам
.
Незнам со што се оптоварени излезите ама тие пикови дефинитивно се шумови уфрлени најверијатно по индуктивна спрега и би ги снемало доколку на излезите на флипфлопот се стават кондезатори од 100p или се зголеми теретот (pull-down 10k или помалку во зависност од брзината што е потребна).
Нема индуктивна спрега на излезот, само RC комбинација. Можеби требаше при мерењето да го извадам кондензаторот, електролитски е и можно е да е сув па да го внесува тоа изобличување. Ќе ја нацртам шемата со која се тригерува flip-flop-от, целиот flip-flop и излезниот степен на flip-flop-от
.
Осцилоскопот најверојатно ти е во auto режим на работа па тој си го фака секој детал особено незнам зошто ги гледаме осцилограмите со толку мала временска база (2uS).
Не, не е на auto ставен, рачно го подеував да има толку мала временска база за да може убаво да се види формата на триаголниот сигнал, сепак станува збор за фреквенција од 200KHz, па ако го ставев на помала временска база, немаше убаво да може да се види триаголнит сигнал
. Со временска база од 2us може „асално“ да се гледа фреквенција до 500KHz
.
Ако на D и на CLK се вакви осцилограмите и на временска база 1mS тогаш што ли треба да работи D-FF, си работи ОК. Ако е така тогаш грешката е во другиот дел од колото а не во флипфлопот.
Тоа ми беше и мене сомнежот, затоа сакав да се консултирам
.
И патем и двата влеза се наоѓаат на предното подрачје на флипфлопот, па ова може да го натера да се оснесува лудо, и на излез не само триаголници туку и да почне и мајмуни да црта .
хахахаха
. Не сум знаел дека може така да реагира flip-flop ако на сигналите се блиску до преодното подрачје... уствари кога ќе размислам имаш право, flip-flop-овите немаат додатна логика што им кажува „однесувај се вака и вака“ или „дај на излез тоа и тоа“ кога на влез имаш „нелогичен“ сигнал
.
Според мене грешката е во изворот на D и CLK сигналите (колото што ги генерира нив). Во било која стабилна состојба на било кое дигитално коло несмее сигналот на влез да му биде блиску до преодното подрачје.
Како што реков претходно, и јас истото го мислев. Затоа еве ја и шемата за целото коло, па ако можеш разгледај ја (ако имаш време се разбира, ако не сам ќе си ексериментирам), па ако може што може да направам за да го сменам режимот на работа (за да почне колото да функционира, да почне да префрлува flip-flop-от
).
http://a.imageshack.us/img192/4331/20100714131254.jpg