Author Topic: ROM (Read Only Memory)  (Read 1300 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ROM (Read Only Memory)
« Opened on 07.07.2010, Wednesday, 22:29:13 (Edited 07.07.2010, Wednesday, 22:49:28) »
ROM ( Read Only Memory ) меморијата е посебен тип на перманентна меморија која се користи за перманентно зачувување на податоци.
Микроконтролерите кој можат денес да се најдат се користат со 16 битно адресирањ, што во превод би значело дека тие можат да адресираат до 64кB меморија.

Исто во категоријата на ROM мемориите спаѓа и MROM ( Masked ROM).
Овај е еден тип на РОМ меморија која производителите на микроконтролери ја користата за да можат да зададат некој параметри уште во производството, терминот „Masked“ или како што би се преведил „скриено“ доаѓа од постапката што производителите пред да почнат со фотолитографија ја затскриваат ова меморија...

Уште еден тип на ROM меморија е и OTP ROM (One Time Programmable ROM) меморијата
Како што кажува самото име ова е меморија која може да се програмира само еднаш, засекогаш, па затоа ако користите вакви мемории бидете претпазливи, бидејќи ако згрешите нешто и програмирате/внесите нешто погрешно, решение за поправка е само да си купите нова меморија  :)

Исто така во оваа категорија на мемории припаѓа и EPROM ( Erasable Programmable ROM ) меморијата.
Оваа меморија уште попозната е и како UV EPROM меморија, производството и некој карактеристики се идентични со градбата на OTP ROM меморијата. Оваа меморија се препознава што има едно мало прозорче на горниот дел на кој се гледаат една/две плочи. Овај прозорец се користи за да може да се бриашт податоците кој се вметнати во меморијата, бришењето се извршува со доведување на ултравиолетова светлина над прозорот ( може да се остави и на сонце ама процесот трае многу подолго). Откако ќе се заврши со ова „сончање“ може повтороно да се вметнуваат податоци во меморијата се до наредното лето  ::) ;D

Како под тип на UV EPROM меморијата и како нејзин напредок е EEPROM меморијата.
EEPROM ( Electrically Erasable Programmable ROM), е идентичен при градба и карактеристики со UV EPROM-от но начинот на впишување и бришење на податоците е различен, исто така може да се каже дека овај тип на меморија е нешто слично на RAM меморијата само што при исклучување на напојувањето, меморираните податоци остануваат засекогаш зачувани, односно до следното
пре-програмирање. Кај овај тип на меморија програмирањето и бришењето на податоците се врши со помош на електрична енергија, изоставен е делот со УВ бришење  :)

Под тип на EEPROM меморијата е и Флеш мемориајта ( Flash Memory ),
сите знаеме за што најмногу се користи, тоа се прочуените усб флеш стикчиња, кај кој на многу мало место се сместуваат многу податоци. Оваа меморија е како што напоменав под тип и идентична со ЕEPROM меморијата.
Малкумина знаат дека првата флеш меморија беше изработена 80-те години од Intel, во нивните лаборатории и беше голем напредок према UM EPROM меморијата.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline r00t

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
Одг: ROM (Read Only Memory)
« Reply #1 on 07.07.2010, Wednesday, 22:36:13 »
Потоа имаме PROM (Programmable Read Only Memory) па EPROM (Erasable Programmable Read Only Memory) па имаме EEPROM (Electronically Erasable Programmable Read Only Memory).

Во EPROM спаќаат UV-EPROM (Ultra Violet light Erasable Programmable Read Only Memory)  :)

За овој тип мемории програмерите се малку на висока нога, затоа во ХакЛаб КИКА се прави програмер баш за UV/E - EPROM-ите со помош на Arduino контролер :)

Наредната сабота ваљда ќе се повторно собираме за овој проект, ќе напишам подетално за тоа доколку се случува нешто па кој сака може да намине :)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: ROM (Read Only Memory)
« Reply #2 on 07.07.2010, Wednesday, 22:50:36 »
Напишав погоре, на грешка манав да се испрати темата пред да допишам ;D
се случуваат грешки
ете сега имате по опширно за ним
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!