Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: Devil on 29.01.2010, Friday, 14:18:40
-
Потребна ми е шема како што пишува во насловот, значи се работи за склоп дали со пик или со интегрална техника не е важно, кој ќе има сл. карактеристики
да брои импулси
да може да се програмира, намести на колку импулси да вклучи/ исклучи реле
да прикажува на дисплеј лед/ лцд
Имам еден степ мотор на кој има давач на импулси како додаток е, потребен ми е склоп кој ќе ги брои импулсите и ќе ги прикажува на некој дисплеј, да може да се наштелова на колку импулси сакам да го исклучи моторот. Поточно речено се работи за машина за мотање на трансформатори, ова ќе биде контролниот дел ;D
Откако ќе биде готова машината ќе добиете нешто плус информации ;)
-
Да се ослободам малче со работа ке ти помогнам и јас околу проектов да направиме некој таков бројач со пик што ке покашува на LCD ако не ти се брза ке го напишам цел код и ке ти ја пратам шемата како јас ја замислувам поздрав.
-
Не се брзам :D, фала за помошта
некој друг да не има да сака да помогне
-
Најдов малче време денес го напишав кодот за некој ден ке следува и шемата и видео како работи само ако можеш да ми кажеш колку ке трае имплусот за еден круг од давачот на моторот и каков давач има на него
-
треба да проверам па ќе ти пишам не сум сигурен точно колку е
-
Кодот е готов само сакам да прашам дали да го прикачам тука или да се отвори нова тема во VIP просторот.
-
Отвори тема во VIP за да ги натераме членовите на активност (треба да имаат над 100 поста за да пристапат во VIP делот нормално).
-
Во ред дизајнот на колото и кодот за пикот ке бидат во VIP простор па ајде колеги поголема активност има интересни проекти и теми во VIP просторот
-
аааама луѓе....како да направам 100 поста кога нема теми за пишување??? дајте сега за почеток намалете малце бројот на потребни постови...at least for me.... ;D
-
за еден ден се прават
пиши во секоја тема по нешто
ама да не се ок аха да ова она
-
аааама луѓе....како да направам 100 поста кога нема теми за пишување??? дајте сега за почеток намалете малце бројот на потребни постови...at least for me.... ;D
има точно 557 Теми на форумот од сите области на електрониката. Гледам ти имаш 31 пост што не е малце, еве кај и да е ке имаш 2 по толку и ете си ВИП
-
значи...што ке ти се импулсите да ги броиш, кога на степ мотор му се потребни многу импулси за да направи еден круг. На пример ако за еден импулс степ моторот се движи за 8,2 поточно 7,2 степени(толку мислам дека беше, ама различно е за секој мотор) и сега за еден круг да сврти моторот потребни ти се 360/7,2=50 импулси...тебе ти треба да броиш колку круга има направено...бидејќи не верувам дека за плус пола круг од жица ке ти прави некој проблем...Затоа види си како ке реагира системот со нив
-
Бројачот не ги број импулсите од контролата за степ моторот туку Devil користи степ мотор со вграден сензор си мислам дека беше оптички кој што за еден круг прај еден импулс.
-
значи убаво кажа Гоце не ги бројам јас импулсите на степ моторот
јас има мотор од фотокопир ( односно цела машина е од фотокопир составена ) и тој моторот има давач на импулси е ама тој за 1 круг дава 100-150 импулси па после има конвертор кој на одреден број импулси дава 1 импулс и после тој импулс го чита колото
после ова колото брое колку има и на одреден број ( зададен на почетокот ) активира реле кое ја исклучува машината односно запира со работа
а за степ моторите си има посебен дел кој се регулира во зависност од брзината на главниот мотор и како што врти моторот така се движи степ мотор кој ја држи жицата која треба да се намота, ова е погодно за да може да се контролира секаков вид на дебелина на жица пошто ако е фиксно нема да работи правилно
-
аааах...значи сум се зафркнал јас нешто....оки...
-
Денеска најдов малце слободно време и направиви едно кратко видео како работи бројачот има мала промена во кодот околу броењето сега не е битен импулсот колку трае во ВИП делок ке го закачам новио хех фаил и во ВИП делот има пооширно објаснување а ако сака некој од Администраторите може да го закачи на интернет видеото и шемата бес хех фаилот за промочија на форумот
Видео:
програмибилен бројач.AVI (http://www.youtube.com/watch?v=LwINxfKWHUU#)
-
ЈАУ...од кај ти е ова жити се....ти го имаш правено???
-
Да јас го имам изработено по барање на Devil
-
Денеска најдов малце слободно време и направиви едно кратко видео како работи бројачот има мала промена во кодот околу броењето сега не е битен импулсот колку трае во ВИП делок ке го закачам новио хех фаил и во ВИП делот има пооширно објаснување а ако сака некој од Администраторите може да го закачи на интернет видеото и шемата бес хех фаилот за промочија на форумот
Видео:
http://www.youtube.com/watch?v=LwINxfKWHUU
Секоја чест. Што е ова на што го пробуваш, приклучено екранот, копчињата негови ги користиш...???
-
easy-PIC само која верзија е оваа ?
инаку фала многу за помошта
-
Плочата е easy-PIC6
-
Од каде ја купи/нарача и колку те чинеше?
-
Јас на нарачав преку електро инвест само се договорив со газдата од бугарија а вработените што работат не се баш озбилни а ја има и во логин само незнам цена таму а во електро инвест ја платив со некој попуст што имам 9000 и несто не ми текнува на тачната цена само оваа цена е без GLCD дисплеот 126x64 без LCD дисплеот 12x16 и без touch Screen фолијата за GLCD дисплеот а платив превоз од бугари до тука 600 ден за да не ја чекам подолго време
И во видеото имам заборавено да покажам дека може процесот да се стопира при заплеткување на жица или некој друк проблем
-
Па не била баш ефтина, во логин којзнае колку е... Но секако многу корисна... :-\
-
Доста е корисна за пробување тестирање,пред оваа имав Eazypic 2 само ми се зезна на неа ми падна фаза 220 баш на ICD програматорот и кумур се стори
-
браво гоце одлично изгледа а со кој тип на микроконтролер го имаш изработено
-
PIC16f628A
-
одлично е а си има и добра намена а со колкава брзина може да ги чита инпулсите
-
не зависи од брзината на импулсите, зависи од сензорот кој ќе се користи, ако е некој тром ќе оди споро, ама ако имате некој брз сензор ќе оди брзо
мислам дека ме свати што сакам да ти кажам ;D