Македонски форум за електроника
Дигитална електроника => Сè останато => Topic started by: MarkoMK on 26.12.2010, Sunday, 22:54:24
-
Вака сега. Сакам да направам големи сјалици (40 W) што се во боја да трепкаат за украсување, а како автоматика да ја искористам електрониката од сјаличките за елка. Го отворив тоа автоматчето има на излез најверојатно тријак PCR 406 J (2 ком. - по еден за секој канал). Го мерев напонот на каналите - се движи од 0 па до околу 130 волти кога максимално светат сјаличките, а струјата е 200 mA кога светат сите сјалички максимум (100 mA max. по канал). Сакам да ставам појаки тиристори на излез, па дали да ги поврзам на постоечките, или да ги извадам постоечките и да ставам нови. Како би го извел тоа?
Уствари, прво дали би функционирало сакам да знам што мислите? ???
-
А да ставиш некои по јаки тријаци?Например БТ139...
-
Mислам дека поарно е постоечките да ги користиш како побудни за некои појаки.
-
Mислам дека поарно е постоечките да ги користиш како побудни за некои појаки.
Да ама како??
Дали може преку напонски делител излезниот напон да го донесам на гејтот на појак тријак?
-
како мислис преку напонски делите... еден отпорник на гате еден на маса? така некако би требало да оди. отпорите ќе ги преслемташ према постоечките и новите тиристори...
Прво види на гоогле напиши ги постоечките тиристори после нив scheme ili circuit мозда ек излезе нешто.
-
Mислам дека поарно е постоечките да ги користиш како побудни за некои појаки.
Да ама како??
Дали може преку напонски делител излезниот напон да го донесам на гејтот на појак тријак?
Па би требало да може,со напонски делител.Да ставиш некој тример и да го наштеловаш на средина,да го подели напонот...
-
земи некој помоќен транзистор што ке издржи повеке сијалички. Еден транзистор на 1 ред сијалички.
На колекторот стави плус од напојувањето а од емитерот ке извадиш напон за во јаките сијалички.. а пак на база ке го приклучиш напонот кој доаѓа од автоматчето. Мислам дека вака е најдобро.

Јас мислам дека обратно ќе треба,на базата ќе иде тоа контролата,емитерот ќе иде на минус,а на колекторот на ги врзе сијаличките од едниот крај,па до другиот,се до плус...Ама па треба некој транзистор што ќе издржи некои 200-300 волти.
-
А Марко зашто ги користиш тие електроника односно од новогодишни сијалички?
Поубаво имаше еден број во Емитер(последниот) исто такво светло.Направи го тоа ќе ти се исплати ;) ;D
Вака ти е ризик,ем од струен удар(недај боже) ем од финансирање.Може да ти отиде во пропаст ако згрешиш.
-
земи некој помоќен транзистор што ке издржи повеке сијалички. Еден транзистор на 1 ред сијалички.
На колекторот стави плус од напојувањето а од емитерот ке извадиш напон за во јаките сијалички.. а пак на база ке го приклучиш напонот кој доаѓа од автоматчето. Мислам дека вака е најдобро.
Ама ова PCR 406 J е ТИРИСТОР, незнам дали ќе може со транзистор да се замени.
Споено мислење: 27.12.2010, Monday, 15:29:51
А Марко зашто ги користиш тие електроника односно од новогодишни сијалички?
Поубаво имаше еден број во Емитер(последниот) исто такво светло.Направи го тоа ќе ти се исплати ;) ;D
Вака ти е ризик,ем од струен удар(недај боже) ем од финансирање. Може да ти отиде во пропаст ако згрешиш.
Па најискрено не сум ја видел таа шема. Ај ќе ја видам ако не е нешто комплицирано може да ја направам.
-
ок,провери.Тоа мислам ќе издржи сијалици од 40вати(по 8 канали) без ладилници,а со ладилници до 1000 вати(сите 8 канали вклучени да се)
-
Е да добра е идеата за "plivackoto" светло од емитер, најарно решение. ако можам после 1-ви ке ја постирам шемана.
-
A „само“ да пробаш,на едно место да ставиш друг тријак,од овие појакиве BT139-136 и да поврзеш неколку сијалички,да видиш дали ќе светнат?
-
Е да добра е идеата за "plivackoto" светло од емитер, најарно решение. ако можам после 1-ви ке ја постирам шемана.
Ќе ја постираш ли?
-
Епа прво да појда дома ќе ја постира овде немам скенер. Е требаше денес да одам, арно ама ми го загинаа клучот, па ако зане некој како може да се хакне кодот од опел сцорса б од 94та ке ми помогне многу :) :) :)
-
Е да добра е идеата за "plivackoto" светло од емитер, најарно решение. ако можам после 1-ви ке ја постирам шемана.
Забрането е овде да се ставаат шеми од емитер, такви работи само преку ПП... ;)
-
Епа ќе се снајме некако :)
-
Да не отварам нова тема, да ја искористам оваа.
Имам сијалички за нова гоидна ( Rice Lights) со 4 бои, но сите со зелена не ми работат :( Па ме интересира до што може да биде? Дали некоја од нив прегорела, или пак нешто до контролерот/програматорчето е ?
Бидејќи гледам и од зелените сијалички кабелот продолжува во некоја пример црвена или жолта а тие работат, па си велам доколку некоја зелена цркнала тогаш немаше да работат другите ?!
Ако може да ми кажете што да направам?
Благодарам однапред
-
Бидејќи гледам и од зелените сијалички кабелот продолжува во некоја пример црвена или жолта а тие работат, па си велам доколку некоја зелена цркнала тогаш немаше да работат другите ?!
не е така или ти е прегорена некоја од сиаличките или ти е скината некаде некоја од жиците на таја боја оти може иако имаш 4 бои да ти свети само една

А како да проверам која ? Оти се толку ситни и темни. А баш би сакал да си ги направам
Еве како изгледаат:
(http://www.batteryoperatedcandles.net/mm5/graphics/00000001/warm-white-black-dark.jpg)
-
Не сакам да те обесхрабрувам, но не се исплати ова да го поправаш, подобро купи си нови.
-
Не сакам да те обесхрабрувам, но не се исплати ова да го поправаш, подобро купи си нови.
Имаш право :) За 150 ден имам нови.
Ја мислев ако е нешто лесно и едноставно да напраам, ако не ондак нови :)