Да, не мора да ставаш си има на плоча се што му е потребно, напонот за релињата доколку е истиот со онај од ардуиното можно е да прави проблем, посебно ако го напојуваш цел склоп преку USB без надворешно напојување, јас имав вакви релиња од ebay тргаа по 100mA, ми правеа пад на напонот и се губеше контролерот, пушти ја програмата во празен од, на излез стави само лед диоди со некое отпорниче и види дали ќе работи како што треба, набљудувај ги лед диодите како реагираат.
Поради тоа што IDE-то на Arduino-то нема дебагер можеш да си ја дебагираш програмата со помош на праќање пораки на сериски порт, кога ќе се случи некое дејство да ти испринта на сериски што се случило. (ок малку покомплицирано е, ама ја гледаш поентата)